Од машините со горно полнење се двоумам меѓу Indesit и Elextrolux,и двете имаат по 7 кг,само што втората е малку поскапа.. Која би ми ја препорачале?
Да се случило да се собере дел од облеката, ама најчесто на нив ма етикетата стои знак дека не треба да се става во машина за сушење,а ние сме го ставиле Ја имам 2 месеци до сега боите се во ред. Не искинала ништо,единствено на едно ќебенце конецот беше отпаран. Нас ни стои во соба(кондензациска), за на балкон мислам не се препорачува заради ладното, така нешто пишуваше во упатството. Бучна е и испушта топлина,па прозорот ми е на кипање кога работи. Имаме Б класа Индесит, ја пуштаме само на ефтина струја,неделно 4-5 машини и имаме плус 300-400ден на сметка. Ако ги извадиш и здиплиш алиштата веднаш по сушење дури не треба ни да ги пеглаш. Само што е маана долго работи,зависи од килажата и колку се мокри алиштата ама најмалце 120мин. 60мин ми пере машината за перење и 120мин се сушат ,за 3 саати имаш чисти алишта здиплени во плакар
Мојата е Аристон( под бренд на Индесит) , кондензациона. 4та година ја користам на балкон. Само од едната страна отворен, ама сепак отворен. Не сум имала проблеми ни во најстуденото. Освен еднаш , кога ја прекинав на пола, па ми се имаше заледено водата низ цревцата. За неколку дена попушти. Се си беше во ред.
јас па сакав да прашам нешто околу патиките ама да не ми се смее некој. Перам патики во машина на 30 степени. И читави се а Богами и чисти. Само јас ли перам или има уште некој?
и перам и сушам патики еве препорака за машина за перење 9кг А+++ инвертер мотор збира дупла кебинја и пере перфекно бели алишта марката е мидеа а цената е 15,000 од сетек исто старата машина ми беше со малце вртежи и коа се сушеа по 2,5саати до 3саати ги вртеше Сега оваа има до 1400 вртежи и за неполн саат се суви
И јас перам патики во машина. Еднаш свекрва ми на маж му ги уништи кожните патики ставајќи омекнувач за алишта. Не размислила во моментот дека пушта патики, по дифолт ко во сите машини, си ставила и омекнувач. Затоа перете патики само со прашкаст детергент.
Јас имам Gorenje (сушара) и ја исчукав со патиките (а ставав внатре и крпи за да олеснам)... внатре цел тој лим што го има е точки вдлабнати. Не е некој проблем како и да ама што знам Шубе ми е пак да сушам да не и направам нешто...
И јас така ги сушев со крпи а и мојата е горење ... не проверив има ли дупки Зорт ми беше за патиките ама веќе не сушам.
нема дупки кај мене беко е сушарата и внатре нема лим како кај пералните него дебел слој некакво железо еве денеска ке суше два пара патики ,една црни иедна шарени нека си а брка нејзината работа она