Машината за перење ми е Bosch и многу сум задоволна затоа што има програма од 15 мин за купачите од плажа, маички кои не се прљави, или нови алишта. Најчесто перам до 50 мин и со голема заштеда на вода (се сеќавам порано машината на мама полна вода беше сега не ја ни гледам водата). Сушарата кога ја купив се ошурив ама и нема рамна марката е Miele и е ѕвер стварно без неа незнам како ќе живеев. Се на се задоволна сум уште да можеа сами да се испеглаат топ ќе беше.
Кога веднаш ќе ги извадиш од сушарата не им треба пеглање на некои алишта. Само убаво ги здипли и ги нареди
Немам искуство со сушари па ме интересира како сте задоволни од нив.. некои велат дека се најпаметното нешто во што вложиле пари, а други дека ги гужва и кине алиштата. Ме интересира и временски колку работат
Мојата од Горенје белите ги пере за 2:20 мин, со предперење 3 часа но понекогаш не ги пере исто време зависи од алиштата,обоените 40 за 2 часа,црните{delicatnite} за 1 час, има освежувачка програма за 20 минути. Но автоматски го определува времето зависи од алиштата.
Фала ти за одговорот, но мене ме интересираше времето на сушење на алиштата во сушарите, а не перењето. Имате такви информации?
гЕрманаската марка МИЕЛЕ е и во скопје има продавница миеле ама точно незнам каде се наога таа е добра марка..имам слушнато
Мојата ги суши под сензор, значи почнува секогаш од 18 минути ама колку повеќе алишта толку време ќе си додаде сама. Малку е досадно, оти тамам си мислиш, фала богу за минута е готова , бап гледаш уште 10 минути. Ама се на се до 30-40 минути најмногу трае, и тоа со достаааааааааааа алишта или некој тешки прекривачи.
^^ Miele продавницата во Скопје се наоѓа на раскрсницата пред Ремедика кога се оди од Автокоманда, каде што се дели патот кон фабриката железара. Од десна страна во зградите е дуќанот, има голем натпис. Живееме во голем стан но во купатилото нема место за две машини. Двете машини се Gorenje, купени 2002 година. Сушарата ни стоеше во остава во која се влегува преку кујната. Пред минатата година ни се појави влага, минатата година и мувла, бидејки сушарата беше кондензирачка. Имаше и доста прашина.... Сушарата се квари веке неколку пати па решивме да ја замениме, односно да купиме една комбинирана машина и да престанеме со шетање на алишта по станот. Читав и читав по интернет искуства и размислувања, од лично искусво и од пријателки, и сите се различни, едноставно кому како ке му се погодат апаратите. Бидејки со години користам две одвоени машинини, не ми се допаѓа моментот што навечер (на поефтина тарифа) ги уклучувам алиштата да се перат, па следниот ден на пладне или следната вечер ги ставам да се сушат. Дека се квареле, се квареле и одделно. Не ми се допаѓа кај комбинираните машини што сушат половина од исперените алишта па барав машина со поголем капацитет за перење, која би ги сушела сите алишта одеднаш, бидејки јас никогаш немам повеке од 4-5 килограми за перење. И ја пронајдов Gorenje, модел WD95140, пере 9 килограми, суши 7 http://www.gorenje.com.mk/washing_machines?c=305435 Има многу опции и подесувања. Претходната машина переше алишта без претперење на 40 степени за 2.5 часа, исто толку време и сушарата сушеше. Сега за 3.5 часа имам исперени и суви алишта. Сета вода и прашина од сушарата оди директно во канал, чиста работа. Ја уклучувам три вечери по ред и сум презадоволна. Ке видиме како ке се покаже со текот на времето околу истрајноста
Ја купивме во понеделникот и до сега, 9-10 вклучувања сум задоволна. Бидејки е со голем капацитет, сите алишта кои ги пере и ги суши со тоа што не сум ја наполнила 9кг Прочитај ги карактеристиките од вебсајтот, има многу опции. Што се однесува до истрајноста, како што кажав, најнов модел е на пазарот па времето ке покаже....
Многу сакам машини со голем капацитет знам имам ја разгледано мене ме интересира многу оваа машина колку пари ја купивте а на центрифуга како е тивка ли е алиштата кога ги суши добри ли се суви,меки,миризливи поззз
Тивка е, не се слуша кога работи воопшто. Прекрасно пере бидејки е голем барабанот, ги шлака алиштата за мерак Има опција и за перење со пареа. Малку се загрижив со сушењето бидејки првите неколку перења не го чуствував мирисот на омекнувачот (што мене МНОГУ ми значи), како што ми беше со претходната машина за сушење. Ги контактирав во Горење и од сервисот ме советуваа да ја уклучам празна со пола литар алкохолен оцет за да се извади мирисот на нов апарат. Последниве две вклучувања веке почнува да се чуствува омекнувачот па мислам дека уште неколку перења ке се среди. Има повеке варијанти за сушење, влажни, за пеглање, за во плакар и екстра суви. Јас ја бирам варијантата за во плакар и до сега само дуплиот ластик од дебели тренерки ми остана валжен, друго се беше суво. А за меки, помеки се отколку кога сушев во претходната машина. Цена, уффф, повели поглени http://www.gorenje.com.mk/washing_machines?c=305435 Само да те предупредам околку димензиите, малку е поголема: широка е 60цм ама длабочината е 64.5цм. Кај нас обично се проектира во модул од 60цм па премерете си го просторот за да нема проблем со сместување на машината.
Хаха цената е малку висока ама парем знаеш дека ке имаш исушеини алишта а не да ги сушиш надвор да собират прашина и неподнеслив зимен мирис многу сакам такви машни компинирани а да бидат со голем капацитет горенје е добра марка и мојата е горенје сега гледав некои машини bosh,simenens,miele... имаат опција со пареа да перат./ сега ми е мака можејки таква машина да си купиме :/ е да те прашам нешто а кога суши пареата од алиштата каде оди ?!?!
Пареата кондензира и заедно со правот се исфрла во каналот. Нема филтер - чиста работа. Буквално стави алишта, притисни копче, извади чисти алишта. За сега и давам оценка 8/10 и тоа само поради омекнувачот, но се надевам дека со наредните неколку вклучувања и тоа ке се среди.