Дечки што мислите за ST машините за перење што ги има во Сетек? Колку ми прави разлика дали е 800 или 1000 вртежи?
Првпат слушам дека постојат...набрзина прогуглав, швајцарска компанија, или грешка сум? Јас не би зела од проста причина што енергетска класа се A+, а и 800 вртежи не дека се премалце, ама во случајов разлика помеѓу 1000 и 800 вртежи е тоа што со 1000 вртежи алиштата ќе ги вади посуви отколку што би ги вадела со 800 вртежи во минута. И ние ќе купуваме машина деновиве, за Беко сме најмногу.
Уште не сум зела. Од беко најмалку задоволни има, никој не ми ги препорачува. Сега во игра се фаворит и горење, најверојатно за горење ќе се одлучам.
земав скорото мидеа презадоволна 1400 вретежи 9 кг инвертер мотор и не се скапи а ст не е фирма не постое тоа ти е збир од се и сешто и си го нарекле ст по нивната продавница си направиле бренд што не постое тоа и без пари д ами го дадат не го сакам не да го купам и пари да дадам за тоа ѓубре
Јас пак, кој и да прашав ми викаше дека бил презадоволен од Беко. Бидна, ја купивме пред некој ден оваа, ни ја доставија, ја пуштив, па засега задоволна сум ептен.
Ако имаш малку повеќе пари земи Самсунг. Дефинитивно најдобри. Инаку, вртежите играат улога колку ќе ти ги исцеди алиштата. За обични алишта не значи многу, но за пешкири, чаршави, прекривачи, јакни значи зашто на 800 ќе ти ги вади многу водени, па е тешко за сушење. Беко не се лоши, но не се ни нешто посебно. ЛГ ти се исто добри.
Па не знам, гледав дека има Indesit, Hotpoint, Candy до кај 30 000. Која е разликата меѓу поевтините и поскапите?
по некоја логика ове оефтините ке ги фрлиш поскоро за самсунг знам дека нема промашај а за индсит у никој случај да не си земала исто и од канди се жалат немаш ли опција да земиш поединечни?
Веќе имам нова машина за перење од беко, ама не ни текна дека немам кај да ги сушам и излезе проблем со сушењето внатре. Просторот е многу мал и не дозволува две поединечни, па затоа сакавме две во едно.
а една врз друга да ги ставиш имаш ли место? многу е подобро поединецни о овие комбинираните сите се жалат или не перат баво или не сушат уаво или алиштата на пластика гума им мирисат сушарата може било кај да ја ставиш немора во вц секаде кај што има штекер
Не треба да е поврзана со довод, одвод? И дали има такви како пералните шо се отвараат од горе? Мош малце глупи се овие прашања ама ич не сум информирана, немам досегашно искуство со бела техника.
за сушара не ти треба одвод и довод ти треба само штекер затоа и ти реков може да стое било каде а при перална имајки ти сеа да купуваш пак комбинирана е ,,,,, а што нема да бидеш задоволна од комбинираната тоа па е друг муабет оди земи си сушара беко 7112 стави си ја у кујна спална ходник тераса било каде и уживај
Има и сушари кои потребно е само штекер, во долниот дел има како фиоче и водата се истура. Зедов таква скоро од Беко, ама уште не ми е монтирана
Јас имам Индесит, Б класа ја купивме 12 500, задоволна сум. Ми стои во соба,кога работи отварам прозор зошто прави топлина, водата се собира во канистер,кај оваа во горниот дел.