Јас па знам дека Candy важат за едни од подобрите комбинирани машини? Познавам неколкумина кои ги имаат и сите се задоволни. Мене LG ми се на пик. Само се мислам дали комбинирана да земам. Ми треба сушара, а место за посебна немам, ќе треба цело цевки да преместувам во купатило, а искрено не ми се исплати.
Девојки како да ја исчистам фиоката за прашак/детергент/омекнувач што е. Ја извадив исперив со топла вода и сапун не помогна многу. Ја изрибав со четка и оцет. Пробав паста од оцет и сода и тоа не помогна. Има некакви остатоци од течен детергент и капсули(не знам како се викаат) не ги имам јас користено. Е сега проблемот е што мириса на влага од тоа. Во внатрешноста од кога ќе ја извадиш фиоката за прашак имаше влага и мувла ама тоа се исчисти со оцет и четка за заби. Барабанот го исчистив исто така во главно не беше ни прљав и филтерот исто така имаше малце бигор а водата што излезе не мирисаше непријатно. И ја пуштив машината со оцет и сода на 95. Прашувам затоа што алиштата уште мирисаат на влага. Кога ќе ги ставиш до нос или мене така ми се чини. 100% сум сигурна дека е од фиоката. Буквално го има истиот мирис. Дајте некој совет.
ст не е фирма не постое таква фирма тоа е нова фирма на сетек значи ен е фирма у никој случај како панасоник беко вирпул горење ст е срање у боја без пари да ми го дадат не го сакам
Јас имам тостер, цедалка и бокал за топлење вода од СТ, и тоа најефтиниот модел и ок се. Ама колку пари толку музика. Бела техника никогаш не се зема од такви фирми. Ниту котел на пелети.
Би ве замолила доколку некој знае или веќе има ваква сушара на Беко да ми помогне, ја монтиравме но немаше проспект, прееска ја пуштив онака на 100ка но не ми е јасно поеднинечно што значи
Pomos! Drugarka mi zaminaa da ziveat pod kirija kade sto ima vakva masina za perenje. Nemozat nikako da ja priklucat. Biras programa i temperatura, no masinata ne startuva. Koj ima vakva masina ako moze da pomogne
Дали некој има искуство со ваква машина за перење алишта ? Алиштата воопшто не мирисаат на омекнувач и кога ќе ги извадиш се како камен...Почнав да ставам повеќе мислам ајде малку е меѓутоа пак исто и плус тоа на крајот во делот за омекнувач има вода ? На кој програм ги перете шарените алишта ?
Една од подобрите машини за перење. На секоја програма го зема омекнувачот и немам проблем. Да не е до него? Каков користиш?
Исчисти го полето за омекнувач, извади го тоа како капаче и внатре исчисти го, останува како талог. И пробај со Орнел или Ленор, од Дуелот јас не сум задоволна, ниту прашакот ниту омекнувачот.
Здраво Има ли голема разлика во машина со макс 90 степени и машина со макс 95 степени? Дали исто добро се перат алиштата и со 90? Поздрав
Најверојатно ќе треба да купуваме нова машина за перење. Старата баш сега ни откажа љубов Пошто сега ситуацијава за никаде е, не планирам да шетам по продавници, туку да пратам маж да пазари и да ја купи. Се мислам помеѓу ЛГ, Самсунг и АЕГ. Искуства? Мене ЛГ ми е љубов одамна, АЕГ скоро ги открив, имаат некои попусти, а Самсунгов ги фалат (иако јас кога ги гледав претходно не ми оставија впечаток) ЛГ и АЕК имаат дигитал инвертер мотор, Самсунгот мислам нема. Конкретно овие модели: AEG https://tehnomarket.com.mk/product/3446133/aeg-l6-fbg48s-mashina-za-perenje LG https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_PERENE1/LG-F2-J5-QN3W Samsung http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10090_10091&product_id=72553&mfp=manufacturers[207]
@An-na за мене Самсунгот е врв, нема промаш и таа би ти ја препорачала. ЛГ исто е ок машина, издржливи и добро перат. За АЕГ немам искуство, но ги произведува Electrolux што се едни од подобрите производители на машини, веројатно би била добра перална. За кој модел и да се одлучиш од овие нема да згрешиш.
Дали некој знае како се вклучува предперење односно како се исклучува при работа на 90 степени. На пералната не пишува нигде prewash. Инаку марка Индесит. Сакаме да ја исчистиме со сода и оцет па нели треба да се пушти на 90 без предперење (ние не знаеме како да го направиме тоа) и ако змае некој нека каже каде да го бараме филтерот да го исчистиме. Однапред ви благодарам