Женички,домаќинки, дали некоја од вас ги има користено таблетите од Calgon за прочистување на машината за перење. Денес зедов за проба неколку, меѓутоа на нив нема упатство за употреба, што,како. Ако има некој да сподели искуство, би била благодарна
Стави ја во бубањот и уклучи ја машината на 90-95 степени да пере. Горе во полињата за прашак можеш да ставиш бела киселина, сода бикарбона, варикина, таква работа за да се прочисти внатрешно.
Јас досега така ја чистев,со алкохолен оцет и сода. Ама баш не сум најзадоволна, па велам да ги пробам тсблетите, белким се поефикасни. Благодарам за одговорот
Зошто некогаш облеката што се пере мириса на омекнувач откако ќе се исушат, а некогаш не? Користам ариел + ленор.
Треба да купиме нова машина периодов. До сега користевме Горење и сме задоволни.Да ми препорачате некоја добра марка на машина?
Машина за перење Беко или Самсунг? И двете се А+++, до сега имав Горење воопшто не сум задоволна. Ме интересира искуство помеѓу овие две.
Беко е со инвертер мотор, Самсунг не тоа е разликата на овие две што ми се свиѓаат. Би било голем минус тоа или не? До сега рецензии читав, као подобро да е со инвертер.
Да, подобро е со инвертер, но не значи дека другиот е лош. Јас меѓу нив две секогаш би пдбрала самсунг иако и бекото не е лошо. И онака, ако дојде до степен да се расипе моторот, тури и пепел веќе, џабе и гаранција и сѐ...
Бевме решени дома да земеме Беко или Горење, но во последен момент дојдоа пријатели на моите и ги убедија да земат Фаворит. Некако ми е сомнителна таа, дали некој од вас може да каже нешто за марката?
Здраво девојки. Имам еден проблем т.е не знам дали е проблем пошто сум нова домаќинка Пред 2 месеци купивме машина за перење алишта Beko wtv 9744 xwat. https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_PERENE1/BEKO-WTV-9744-XWAT Машината си пере супер, вади флеки, супер мирисаат алиштата, но кога ќе ги извадам алиштата,посебно црните памучни ми се како покрути и кога ќе се исушат имаат мали ситни влакненца на нив. Имам чувство како да ги оштетува алиштата. Маж ми вика дека претерувам, ама и дома мајка ми кога переше не сум приметувала такви ситни влакненца. Пробав со сода бикарбона во барабанот, првото перење беше пуштено без алишта, на празно како по упатство. Дури и бев во Култ Куманово каде ја купивме и тие ми кажаа да го исчистам филтерот што е доле за вода, ама никако да го отвориме. Ми е страв да не го оштетиме па да не ми важи гаранцијата после. И ми кажаа ако сеуште постои проблемот да пријавиме во сервисот на Beko. И не знам сега што да правам. Немам никој од познати луѓе што имаат ваков модел на машина. Има ли некој ваква машина, да сподели искуство како е задоволен .... не знам веќе, се нервирам а ја купивме 500 евра и не се малку пари. Ви благодарам многу
Здраво, разгледувам машини за перење алишта, ми се допаднаа неколку модели но сакам да ве прашам дали има некој искуство конкретно со оваа машина?
од индесит да бегаш како од ѓавол и ид новите фаворит (старите се супер новите не чинат) мидеа земав јас со инвертер мотор презадоволна сум