Ее може поради тоа кај мене мирисаат чудно зошто сушам одвечер и ми стојат и утрето диплам. Ќе пробам одма баш да видам разлика дали ќе има Инаку дека е спас потврдувам, посебно зимно време. Чисти, суви немора ни да се пеглаат
Колку време ви врти на сушење за да бидат баш суви алиштата? Имам комбинирана LG 9/5кг, задоволна сум ептен од нејзе, има неколку опции за сушење, претпоставувам ги имаат повеќето: сам да одредиш време, опција спремни за пеглање (малку влажни), јака температура и уште една. Јас обично ги ставам на саат ипол, не е преполнета машината но пак се некои ко влажни и ги оставам уште 30 мин да се досушат. Колку време е нормално? Не ми се ризикува да ги пуштам на опцијата со појака температура, да не се оштетат Да се дополнам, уште мирисаат на пластика и гума после сушење, после перење убаво на омекнувач Како да ја отстранам миризбата?
Ми се скрши едната перка (или како и да се вика) од машината за перење алишта. Има ли шанса да се поправи? Маж вели ќе ја лепел со силикон. Има многу јак силикон од на работа. Ама мене некако не ми се верува. Нова ми е само неколку месеци е користена
Паааа, јас не би, работи на висока температура, може да го стопи, после алиштата може да ви се уништат. Не дај боже да влезе низ порозностите, може да ја расипе машината. Подобро викнете сервис, не на своја рака.
Викни сервис, сигурно ти е под гаранција. Иако ова мислам дека нема да ти го признаваат, сепак викни ги. Како ти се скрши?
Под гаранција ми е да. Ама треба јас да ја носам и сигурно месец два ќе фати дури ја направат. А јас неможам ни неколку дена без машина. Ставив внатре стаза да се пери. Беше тврда ептен. И не една ами 5 исправ Ја залепи мажот ми со силикон вчера. Сега ќе ја пуштиме вечер ќе видиме. Или ќе ја биди или не Маж гарантира дека ќе ја биди. Има многу јак силикон што и од жешко не се топи. Памет за друг пат
Здраво девојки Има ли некоја од вас ваква машина за перење и сушење? Немаме простор да ставиме две одделни машини, па затоа се одлучивме за комбинирана. Какво е вашето искуство со комбинираните машини?
Се е убаво со машиниве што се комбинирани освен тоа кога нешто ке зафркне без разлика дали е поголем или помал дефект или потрошен материјал ти едноставно губиш 2 апарати истовремено!
Гледај го само делот 4.5 кг за перење. Ќе треба да ја преполниш и може да ти ги кине. Нема поента. Башка ако ти се расипе, а ќе ти се расипе, ќе неможеш воопшто да ја користиш, ни за перење, ни за сушење. Кај мене сушарата е во посебна просторија, и јас немам место. Подобро инвестирај во добра сушара, зборам 600 еу+ да го видиш лезетот. И секако да е А+++. Ниту загрева, ниту пушта влага, а сметката е иста. Ако земеш поефтина, особено тие од 20000 ден што се, Б категорија, ќе осетиш на сметката за струја на долг рок. И кога ќе видиш, си ја преплатила. Алиштата суви, меки и пеглани ги вади. Башка Скопјево смрди и е полно прашина, нема поента веќе да се суши на тераса.
Исти се двете. Многу брзо се расипуваат и рачунај дека кога ќе се расипе немаш ни перална, ни сушара. Земи ја која било.
Имам сушара на Беко, задоволна сум. Е сега, оние сушари кои се со ознака А+ и повеќе, се поскапи, мислам дека одат над 20000, мојава е Б+, ја купивме пред три и пол години, некаде околу 16-17000. Не сум гледала сушари во последно време, не знам како одат цените. Оние кои се со ознака А+ се поекономични, поштедливи, па и затоа се поскапи. Има соодветни програми за разни материјали и видови облека, па си ја прилагодуваш како ти одговара. На пример, постелнина не сушам до крај, туку ја оставам полувлажна, и ја пеглам, па таман се суши, во спротивно, ако оставам да се исуши до крај на појака програма, ми ја вади многу изгужвана. Што од друга страна не е проблем со алиштата, не се гужваат, ако ги извадиш топли и ги диплиш одма, нема потреба од пеглање. За кошули тоа не важи, за нив на мојата има програма што ги припрема за пеглање, па како што вадиш, пеглаш и одма на закачалка. Многу олеснува во секој случај. Минатата недела изгоре грејачот, баш тие денови кога врнеше многу, сфатив колку работа ми врши оти немав каде да ги сушам алиштата. Не дека пред машината имав каде да ги сушам, ама си ги распоредував со перењето да има време да се исушат, вака имав три машини влажни алишта, што одвај ги исушив. За жал, не можев да ја најдам гаранцијата, мислам дека беше пет години, па си ја платив замената.
@Annath фала ти многу за споделено искуство. Јас решив да купам затоа што надвор почнува веќе да смрди на чад и неможам да ги оставам преку ноќ ,дома зимно време на парно ми се прави влага и мислам дека ќе ми е добра инвестиција плус е нешто неопходно за зимно време. Немам појма каква и што затоа сакам да слушнам,прочитам повеќе за да одлучам.До кај 20.000 повеќе не ... Нептун имаат некои акции нон стоп па ќе видам таму највероватно.
Samsung najdobri ti se i najmalku kvarovi imaat daliku podobri od whirpooll i hotpoint Moze se poskapi ama pokvalitetni se
Исто од Нептун ја зедовме, на промоција. А гледавме различни, и во други продавници за бела техника, некако Нептун ни беа најпристапни со цените.
Мој предлог е да погледнеш од Техномаркет. Имаат машини за перење Фаворит кои се на акција по 200е.Исто така и сушарите им се на попуст по 200е.Значи да си ги земеш оделно би било 400е и сум слушнала дека добра марка се. Кај комбинираните е лошо што кога ќе се расипе ги губиш и машината и сушарата. Размисли ако имаш доволно простор и за мојот предлог.
сушара на фаворит па и перална о ноу право лајно сите се жалат ѕирните само у здм колку се жалат од фаворит