Здраво домаќинки Веќе подолго време разгледувам машини за сушење и никако не можам да се одлучам. Се двоумам помеѓу Beko DH844RXM (која на изглед е бомбонче ама да не е само за гледање) и Samsung DV80M5010QW. Не знам која е подобра, па ќе ве замолам за помош како тазе домаќинка https://setec.mk/index.php?route=pr...10094&product_id=72123&mfp=manufacturers[207] https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_SUSENE/BEKO-DH-8444-RXM Доколку некоја од вас има искуство или информација за некоја од овие би ми било добредојдено.
Немам искуство со ниедна од овие две, ама јас кога би бирала меѓу самсунг и беко, би одлучила за самсунг.
Ќе се обидам да го најдам упатството за мојава, искрено знам дека е Беко само, други - постручни ми ја бираа. Јас сум пре-презадоволна. Има ептен опции и програми, јас користам само 3 од сите, а подолго од пола саат не суши До душа таа за перење ми е 4-5кг, од тие тесните, а оваа 7 мислам, па цело време пола полна ја пуштам. Нема споредба алишта сушени на жица и во сушара. ---- Најдов. Beko DCU 7430 B класа е, значи не е баш штедач. 20 000 денари е. Сега за сега, немам замерки, побрзо не сум видела некоја да суши, има некој сличен програм како Quickdrive на Самсунг. Мејд ин Џермани, не е Турција Следно перална ќе земам од оваа линија, исто брза, пошто моменталнава Горење 3 и кусур саати пере ако ставам на 95 степени.
Не можам да едитирам - машината е 6,5 кг, сушарата 7кг. Ни една не преполнувам. И поима немам како знаете кога што повлекува Престанав да користам течен детергент, само капсули + омекнувач, да го дотрошам прашаков за бели што ми е Ариел, веројатно и нив само со капсули ќе ги перам, на крај најубаво ми мирисаат така. Јас користам машина така што бирам температура, бирам тип на ткаенина што перам, бирам вртежи, за вриење секогаш предперење+екстра плакнење. Сега со капсуливе нели нема да можам предперење за белите. Ама како знаете до кој дел е? Јас се' ставам одма, и чекам да свирне за да ја исклучам
Јас овие неколку дена ја пратам машината, која минута го зима омекнувачот. Се надевам ќе откријам нешто поедноставно и ефикасно Кога перам со течен или капсули, никогаш не пуштам пред перење Нема потреба,доволно се јаки и не се препорачува пред перење
Знам, затоа белите ги перам со прашак за бели, ама кога ќе го дотрошам ќе перам само со капсули, значи без предперење. Од кој течен си задоволна? Мене Первол и Вулајт ми смрдат... остана Ариел течен да земам, ама капсулите секако се Ариел, не знам зашто и течен би зимала?
Нека си испере регулар до крај. Кога ќе заврши стави во фиоката омекнувач и пушти на програма само за плакнење, кратка е. Ќе видиш разлика ептен
Ако користиш капсули за се, не ти треба течен. Тоа е тоа. Перволот корне. Персил сум задоволна течен а сега земав од дм нивниот бренд и супер е исто
Истава ја имам, топ е. Ние 16000 ја зедовме, ептен некој акција имаше, пред три години. Мака ми е што брзо цркна грејачот, а гаранцијата е пет години. Нема врска, фала Богу, се менува делот, не е проблематичен. Поновите перални подолго перат, да знаеш... колку поекономична (повеќе плусеви), подолго трае перењето. Јас навечер пуштам перална, и не ја чекам, сабајлето пружам или ставам во сушара, зависи што. За прашоците, Первол и Вулајт ги усмрдуваат алиштата. Дури и машината мириса после нив, на скапано, на влага... одамна ги откажав. Место течен, знам капсули да земам, ако не тоа, течен Персил (виолетов или плав). Пред некое време свеки со Савекс переше, убаво ми замирисаа алиштата (надвор на жица) и зедов и таков, црниот. Искрено, не очекував да сум задоволна од него, супер е. И за таа цена топ, а погуст е од другиве течни детергенти, и помалку треба, и алиштата мирисаат како да се перени со омекнувач.
Знам ти не користиш омекнувач нели? Меки се после сушара без него? Јас сум џанки за мирисот, а знам дека не чини. Иначе јас се' живо во сушара пикам, ништо не ми е изгужвано, ама не ја полнам многу. И се на 3ка програмот екстра суво Пеглам само што се мора, друго топло диплам и нема гајле. За перална кога ќе менувам, поважно ми е да е брза него економична. Јас сакам одма да ги ставам на сушење, да не стојат така. А стојат, пошто од вечер ги пуштам, па тек сабајле во сушара ги ставам...
Меки се, со или без омекнувач. Самата сушара ги омекнува, а не ги пресушува. Инаку, во упатствата на сушарите пишува да не се сушат внатре алишта перени со омекнувач. Поим немам зошто, ама наведено е во упатството. Мене секако не ми менува.
Ќе пробам една тура, да видам што ќе биде Се надевам барем на прашакот ќе мирисаат, ептен сакам миризливи алишта/постелнина.
Мирисаат, ама не многу. Јас не сакам јаки мириси, пошто ми се лоши и повраќам ако го вдишувам подолго, не само за омекнувачи, за се важи. Мене ми е таман.
А и да прашам - со што ја чистите гумата на пералната? Јас и' ставам алкохолен оцет и сода, или оние што се за бигор од Кам, зависи што имам дома, и стварно барабанот свети, си има самата машина селф клин програма, ама гумата не ми се чисти. Со влажни малце од малце се оправа, ама сакам убаво да ја исчистам.
После секое перење ја пребришувам со сува крпа, ако има нечистотија со влажна крпа ја вадам. Не знам што би можело да се користи од средствата за чистење, а да не ја нагризе.
Со алкохолен оцет, гумата и долниот дел од вратичката каде што фаќа бигор. А внатре во барабанот два три пати годишно ставам по една капсула за машинско перење тањири и пуштам долга програма 60 или 90 степени. Негде прочитав дека комбинација на оцет и сода при чистење е погрешно. Киселина и база не дејствувале во пар, и освен визуелен шуштав пена ефект, друго ништо фајде. Оцетот ми е сеуште број еден кога сакам нешто да светнам.
Земи си или течен или капсули, немаш потреба дупло пари да фрлаш. Од дм на денк мит, се надевам го погодив името, тој ми е добар, втор пат зимам од него,а најчесто со первол. Има многу улога дозирањето на прашакот, не ставај многу, тогаш има контра ефект и за тоа мирисаат неубаво