има ли некој BOSH машина за перење или сушење ? Ај те молам ако сакаш погледни го моделот како е ме интересира босх
Devojki cisto informativno-na kolku stepeni gi perite belite,crnite i sarenite alista i za kolku vreme gi pere peralnata?
Белите или на 90 или на 60 со 2 пред перења - некаде околу 2 часа пере Црните и шарените зависи од материјалот. Обично на 40 (1-1,30 часа)или ако имам некои ептен прљави знам и да 60 (1-1.30 часа) да ги ставам ако знам дека материјалите не се собираат. Оние што се осетливи алишта во боја на 30 ги ставам. Завеси еве на пример ги перам на 15 - за да не ми се исгужваат. Најбитен дел е што делам бели од шарени алишта а исто така во зависност од материјалот - ткаенината решавам на колку степени ќе ги перам. А баш точно колку време пере не сум баш приметила и зависи колку предперења ќе пуштиш, па дали сакаш со центрифуга или без неа....
Кога ги перам црните и шарените алишта на 40, не ми се раствара добро прашокот. Имено кога ги извадам алиштата има чат пат понекоја гранула од прашокот.
може со две различни прашоци да перам во машина? сакам да го ставам миризливиот прашок зошто овој новиот што го купив не ми мириса слаб мирис има.
Da se nadovrzam na temava so edno prasanje, dali nekoj ima Ariston sto peri i susi, imam 7 so 5, nova i na susenje voopsto ne se oseka mirisot na omeknuvac, mirisa ko na hemisko da mi bile alistata, dali e do masinata ili i jas treba ednas so ocet da ja pustam, i na sto obicno gi susite alistata? Blagodaram i Pozdrav
мајка ми си купи машина за сушење индесит ја зема некаде16,000 денари и ја пустивме да суши со половина од испраните алишта околу 2,5кила алиша замислете ги сушеше 3 пати по 60 минути и на крај пак беа влажни значи јас дојдов до заклучок колку пари толку музика ако си земете поскапа ке и видите лезет ако не ке ви стои како на мајка ми како украс
Ние денес гледавме машина за алишта. Прво маж ми се запна за индесит 22,000ден , имаше и опција за ако сакаш на сушење да не ги гужва, но на крај сепак одлучивме да биде само обична машина за перење. Се изнаслушавме и изначитавме искуства дека не се најпрактични оние 2во1 , па конечната одлука падна на Беко 5л(или кг, што знам како е), 1000вртежи(со можност за регулирање по желба), кошта 13,500ден. Мислам дека ќе биде конечен избор, освен ако не смениме нешто до четврток кога ќе ја зимаме
Е ова е баш точно кажано јас имам горење машина ја добив на поклон,но воопшто не сум задоволна од првин не переше како што треба.Алиштата може и со флека да си излезат,а еве веке после 7 години целата лупа траска па еј ко ке замислам мајка ми има горење и ја користи до ден денес цели 20 години е покрај цената им замина и квалитетот сега нема ништо како треба се е фушерски.
Скоро да не познавам човек кој купил горење последниве неколку години , а да е задоволен. Нема сомнение дека квалитетот им е расипан, затоа луѓето сега се ориентираат на другите марки. Дури и нео, кинески демек, ама имаат така добри апарати за ефтини пари, кои траат со години(од искуство). Би сакала да прашам за совет, дали некој ја има оваа машина http://www.blomberginternational.com/ur ... lang=en-US искуство???
Спојлер Јас докторе имам Бош посебни машини за перење и сушење, затоа што никогаш не бев присталица за 2 во 1. Премногу негативни коментари слушнав за тие комбинирани машини да од старт ги отпишав. Ми нема логика машината да ми прима 7кгр за перење, а само 5 за сушење (???), па да морам да вадам дел од нив, додека другиот дел се суши и се` така во круг Ти во секој случај мораше првиот пат да ја пуштиш машината на 90 степени, со сода во просторот за прашак и бел оцет во местото за омекнувач, па после да ја пуштиш во официјална употреба. Не дека ти е касно и сега да го направиш тоа