мешаш фармерки со пешкири? А пешкирите на 40? А за во сушарата како испаѓа да сушиш во исто време фармерки и постелнина? Нели фармерките земаат повеќе време?
Пешкирите и бањарките на 40 степени ако се во боја. Мене повеќето ми се бели,нив ги пуштам на 90. Да, мешам фармерки со пешкири, буквално се што е шарено ставам на 40, освен ако материјалот е многу нежен (волна, свиленкаст материјал, ако има многу светки). А за сушење исто сушам заедно. Се десило на фармерките џебовите да се мокри малку, тогаш ги пружувам на онаа рачната сушара.
Треба да купувам машина за перење. Е сега се мислам меѓу Беко, Горење и Индесит. Ваше искуство? Или да ми препорачате некоја?
https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_PERENE_I_SUSENE/BEKO-HTE-7616-XO Девојки искуство со машината ? И ме буни како за перење 7 кг за сушење 4 ?
Баш вчера ова се дебатираше во 40ка мислам.. Еве @LadyC @CameliaMiller мислам коментираа,како што разбрав дека сушарата не треба да е скроз полна,како кога переме. Ама нека ти кажат подетално
конкретно за оваа што ја ставив зборам значи комбинирана е и пишува перење 7 а сушење 4 затоа и ме буни. Како може комбинирана а да треба да вадиш....со технологија сум малце така глупичка
И ради тоа, и ради што реално боље е две. Јас оти немам место во купатило за двете, сушарата во кујна/дневна ми е
И јас немам место ама за тоа ај ќе се снајдам работата е што таа за перење ми е стара 5 кг. Со 500 вртежи ,и предолго пере. Некој ми спомна ако пералната е под 800 вртежи немало сушарата да суши. Не знам сега колку е точно тоа ама ме загрижи. А две сега да купам некако не сум финансиски во можност
Па не знам искрено, јас и не ги перам на мн. вртежи, 700-800 макс, не гледам потреба за повеќе. Не знам со 500 дали ќе суши, ќе треба ептен малце количински да ставаш.
Комбинираните машини имаат брзи програми за перење, но сушењето трае подолго, споредено со машина што само суши. Секогаш количината на испрани алишта е поголема од таа за сушење. (пр. 9кг со 7, 8кг со 6кг...). Ако имате место, подобра опција е две машини. Јас имам комбинирана, поради недостаток на простор. Задоволна сум од тоа како функционира, ама сушењето некогаш трае предолго, во зависност од количината на алишта. Добра работа е што има сензор, па кога ќе процени машината дека алиштата се суви, се гаси порано од предвидено од време.
Е таман бавно ќе се переме бавно ќе се сушиме ,поарно надвор.... Вака се премислувам. Највеќе ми е за бебето алиштата нашите како и да е