Dali ima nekoj od vas mashina na sushenje od Rade Koncar.Koi operacii gi koristite primer za beli shareni i onaka delikatni raboti koi se perat na 30 stepeni.
Ме буни има и канистер и црево... Дали мора да се поврзе церевото или е како опција плус ? Имаше ли кај тебе така ? Па реално и поефтино можев да поминам ама Беко сакав ,дома скоро се ми е на Беко од техника.
Не знам да ти објаснам стручно, сушарата што ја имам јас се поврзува само на струја, нема копање, поврзување со вода, одводи, доводи, туку во долниот дел има како тубица која се полни со вода дури се сушат алиштата и по завршување ја празнам тубата и тоа е тоа. Доста практична работа
Епа исто ,само цревото што го има ме чуди за што е ,мм се зафркава вика вишак делови хаха ,а може и стварно е плус. Ај утре ќе ја пуштам па ќе видиме дали ќе тече од негде
А ти веќе си ја зела Со здравје да ја користиш Не ти кажаа во салонот? Цревото ако е вишак можеш да го користиш за вадење в двор
Ние дома имаме сушара на Беко, малку подруг модел е. Задоволни сме, има многу програми, прилагодување на температурата (1,2,3 црти). За чистење има сад во кој се собира водата (исто фиока како за перење каде се става прашок и омекнувач), потоа има како мрежа кога ќе се отвори вратата, на неа се собираат влакненца од алиштата и има трет филтер најздола тој се чисти 1 месечно или зависи колку ја пушташ машината. На моделот што го имам има дисплеј и светнува кога е за чистење. Ама садот со вода и тој за влакненца го чистам после секое сушење.
Хахаха ме изнасмеааа. Да ја земав ,друг модел сакав ама распродаден беше и ај ова како најсличен ,завчера стигна. @tinka-mace Да ,тоа се ми објаснија во Алфи,ама за цревцето не ми објаснија. Во упатството го има и пишува дека е црево за одвод - толку. А ги има сите овие фиоки ти што ги наброја... Затоа ми е чудно.
Ау, јас мислев уште не си ја купила сеуште. Инаку, се сеќавам кога ја купувавме продавачот ми рече некои машини можело директно водата во одвод да им оди, да не се собира во ова фиокава па да ја истураш по секое сушење. Да не е тоа? така е многу позгодно. Ама како и да е, сега ќе видиш каква добра работа е машинава за сушење, нема веќе дремење на алиштата по 3 дена надвор на магла или да мирисаат на чад.
Можно е да ги има двете опции... Па морав да ја земам ,како што кажав тој модел што го сакав беше потрошен и морав да најдам замена ,не можев пак да одам со бебе сум немам на кој да го оставам. Ќе видиме утре дали ќе тече вода. Подобро да е така зошто немам место во купатило во ходник ми е ,ќе треба ѕид да бушам. Баш затоа и ја земав ,ај нашите ок ама на беба алиштата ,за нигде . Надвор на чад , внатре за бебето не е убаво и никако освен машината.
@elimkd @tinka-mace ја пуштив без цревото ,нигде не пушти вода ,алиштата топ . Супер е како за прв пат. Стварно било вишок делови
Не е вишок дел. Ако имаш одвод, може и цревото да го користиш. И кај мојата има црево, си стои на задната страа од машината, не е извадено воопшто.
Jas sum daleku od temava , ama da prasam dali nekoj ima iskustvo so elektricna susarka, za masina za susenje nemam prostor, pa baram nekoe care vaka.
Разгледував и јас таква ,па може и ќе се залетав ама во ждм на фв една праша баш тогаш , одговорот беше дека ги сушат само кај што е жицата ( грејачот) и дека треба постојано да ги разместуваш погоре подолу. Плус брзо се расипувале. А сепак не се малку пари. А околу простор ,доста пријателки ги имаат ставено една врз друга пералната и сушарата ако имаш место за така можеш.
Сакам да купам сушара за алишта, од кои сте задоволни според ваше искуство да не ги туткаат алиштата и да ги оштетуваат