Јас за бигор користам таблети на Денк мит од ДМ и ставам скоро во секое перење заедно со детергентот. А за чистење на машина исто средство на Денк мит и ја пуштам на програм Tube clean има опција машината. Ако немаш таква опција пушти ја на вриење празна и во дозерот за прашак стави варикина и сода можеш и во бубањот се чисти.Практикувам чистење на 2 недели а коцкиве секојдневно за заштита.Средтвово во ДМ сигурно го има ти што го бараш
Мојата исто е candy види сијаличкире дали светат за долниот филтер тој што треба да се мие. Мене така ме загркацаше когса не беше добро исчистен додека сфатам што е работата откако го измив темелно одлично си работи без приблем.
Сушарите колку ви собираат остатоци од облека во тој горниот филтер??? Јас на секое сушење вадам по цела рака... Зар на секое по толку ќе вадам алиштава дупка ќе ги направи ко така...
Види ги на Беко. Одат од 10000 нагоре . 15 ти е средна варијанта за нив и може да се најде многу ок машина. Јас од Беко сум презадоволна. Сум пишувала на темата. Што е најважно имаат гаранција, делови и сервисери на секој чекор.
Дали некој ја има оваа машина за сушење? На колку минути ги сушите алиштата никако неможам да погодам,многу ми ги гужва и стеснува?
Имаш во зависност од материјалот на алиштата колку минути за кој степен на сувост и според тоа колку си ставила да се сушат. Ја има свекрва ми ја имам користено и јас супер е не се случило до сега да се пожали.
Некој да не има машина за перење Gorenje WP703 да ми пиши во порака како треба да се работи или линк од јутјуб не можам да најдам? Благодарам однапред
Има упатство долу https://rs.gorenje.com/proizvodi/pr...HER-PS15-13100-WP703-GOR/p/000000000000729290
Зависи од материјалите на алиштата. Не можеш и памук и синтетика и волна на исто на сушиш. Грешка правите што се базирате на други како сушеле. Секој со своите алишта. Плус не треба преполнување. По правило пола бубањ треба да е празен за да ги исуши убаво и да не ги гужва. Најдобро е да сортирате, памук една тура, фармерки друга, пешкири трета итн. зависи шо имате.
Пред еден месец се подновив со машина за сушење АЕГ. Првите денови испробував и експериментирав со програмите, и нема нешто што не ставив на сушење. Можам да кажам дека сум воодушевена, се излегува меко, суво и пеглањето го сведов на минимум. Пеглам само памучни маички (за надвор што ни се) и кошули. Фармерки, дуксери, блузони, блузички, џемперчиња само ги промазнувам со рака и ставам во плакар. Милина една. Машинава иако има еден куп програми, најчесто ја користам таа за памук:за бели алишта плакар +, и за шарени само плакар. Првин пробував на микс програма да ги терам шарените, ама горниот дел од фармерките и ластиците на тренерките ми остануваа малку недосушени. Сушев и ќебиња, постелнини и зимска јакна, си има посебни програми за нив, одлично си ја завршија работата. Омекнувач не им ставам, нема потреба од додатни хемии, алиштата си имаат убав дискретен мирис од самиот прашок за перење, плус се меки како душа. Бидејќи е со топлотна пумпа, а тие штеделе дупло повеќе струја од оние што се без, не очекувам некоја разлика во сметката. Од мене секоја препорака за машина за сушење, многу олеснуваат и спасуваат од тегнење и сушење алишта по соби во зимскиве денови.
Машината од горење wp703 Колку време се пери за шарените на 40с и на 800вртежи? Нема на интернет ниту на упаство па ако знае некој