Сакам две посебни машини за перење и сушење, си имаме испланирано место. Се мислам меѓу AEG и MIELE, никако да се одлучам а немам многу време на располагање.
ах обична машина само за перење најпрактично нешто а за сушење никогаш не би купила кога ќе имам свој дом бидејќи имам лошо искуство дете како дете ја чував братучетка ми и машината им переше јас додека и правев јадење таа да ја уклучи на сушене плус 30 минути и после кошулите со саати пеглање и затоа не би купила
moze masinata ne bilaga gi guzv vo red imace ne bi trebalo da gi guzva naprotiv skoro nekoi i ne se peglaat mislam nema potreba
зборам за кошулите од што беа пресушени неможеа да се испеглаат тие веќе беа исушени и малава повторно ги уклучи и затоа а кошула како кошула мора да се испегла
Ми треба итно помош !!! Земавме што земавме нова машина и сега сакам да ја пуштам. Арно ама во упатството пишува првиот пат да се пушти на 90 без детергент Е сеа, без детергент и без алишта или??? Не ми е ништо јасно, млада домакинка што да се прави Ај ве молам за помош како да го извршам првото пуштање.
Мене кога ми ја приклучуваа дома, одма ми ја пуштија да пере празна на 90 степени ама мислам дека ставија малку прашок. Треба цел програм да го изврти празна да се исчистел бубањот.
Феминки, има ли некоја од вас искуство со ваков вид на машина за перење алишта ? Многу ми се симпатични, а особено ме привлекува тоа што зафаќаат помалку простор. Ама пак се мислам, затоа што никој околу мене не знае да ми каже, пофалби или критики за овој вид на машини...
Од машините со горно полнење ретко да има некој да се пофали. Најверојатно поради тоа што не работат на ист принцип како оние со фронтално полнење. Другарка ми земаа Аристон ваква со горно полнење, ама постојано се жали, не и прима прашок добро, омеекнувачот не и мириса убаво...и вика дека ако не ги извадиш алиштата одма после завршувањето на програмите, алиштата почнуваат да мирисаат на мувла. Искрено немам мислење за овие машини, но еве јас пред некој ден си купив нормална, со предно полнење и сум пре пре задоволна.
^ Мене не ми се допаѓаа од аспект на тоа што се многу мали. Ај алишта ќе сортирам и пуштам повеќе пати ама ќебиња како да перам, на рака во када со пирајка
Ви благодарам на одговорите. Мене ми се многу симпатични, дека се мали. Бендисав една на Горење, со капацитет од 6 килограми. Не знам што да правам, особено ова кога го прочитав дека алиштата мирисале на мувла
и јас се мислам за ваква машина со горно полнење, само заради просторот кој ми е мнооогу голем проблем во новиот стан. мора машината да биде ваква правев секакви калкулации но...........едноставно мора да биде со горно полнење или да ја ставам у кујна што не сакам. тоа дека алиштата мирисаат на мувла не дрзи место, но тоа за прашокот и омекнувачот да...мноогу им е чиден начинот на ставање одозгора на вратата , и кога ке ја затворич некоја феминка ако има искуства нека каже ....да купувам или да се помирам со фактот машина во кујна
Да се помириш со фактот на машина во кујна Затоа за овие машини со горно полнење има слушнато само неубави работи повеќе мои пријатели ги имаа и секогаш се жалеа од нив........а пак кај една другарка во Ск во станот кога го реновираа двете машини и за сушење и за перење беа во кујна,воопшто не се гледаа и мене многу ме бендиса.......и двете секако ќе бидат секогаш заштитени од пареа а и сега новите машини секако работат како бешумни така да нема ни да ти пречи
Имав таква машина со горно полнење во стариот стан и бев задоволна. Секако се зависи од марката и моделот кој ќе го земете. А мене алишта перење и сушење во кујна не ми оди. Види, разгледај ќе си најдеш нешто по твој вкус.
Денес забележав дека пералната ми ги кине алиштата. Конкретно едно боди на малата кое и е ново втор пат го перам и видов мало дупче на него. Центрифугата ми е на 800вртежи, дали е можно да е од тоа? Дали треба да ја намалам?? Само на нејзините алишта имам приметено, дали и дека почесто се перат А и овие апликациите што се на алиштата како цветчиња, машнички и сл, кои се залепени со силикон излегуваат. Некои ги наоѓам, некои ги нема(веројатно треба да побарам во филтерот). Мислам дека не е висока температурата, на 60степени перам, па да излегуваат од тоа
Е тука морам да кажам, т.е да се пофалам Веќе некој период перам по советот на Моира, покрај прашокот, во соодветната преграда ставам сода бикарбона, а во делот за омекнувач алкохолен оцет. И - алиштата никогаш не ми биле помеки, ниту побели (а со оглед на тоа дека поради перењево со скопската вода, алиштата имаат сива нијанса). Боите на шарените алишта се некако посвежи, а што е најважно машината е заштитена од бигорот (комбинацијата сода бикарбона - алкохолен оцет го отстранува бигорот). И алиштата не мирисаат на оцет, си мирисаат свежо и испрано