@MissChievous Немам Кенди, Беко тим сум, ама да си кажам тоа што мислам . Тоа најгоре мислам дека е за малку алишта ако имаш ставено да ги исуши. Ако не е полна. Розевото - За спортска облека, деликатни работи. Црвеното - за ако се испрекршени некако, да ги "исправи". Зеленотот - За луфтирање (отстранување лоши мириси). Синото, жолтото и портокаловото - да не е преполнета и толку време да ги суши. ( Пример прееска 2-3 блузи ставив да ми ги исуши за пола саат мојата). Тоа доле убаво си кажа за волна. После за кошули, а тоа знакчето со ерленмаер за синтетика. Па за шарени/темни, па фармерки, па за бели алишта. Тоа со памукчето на мојата обично за крпи/бањарки го користам јер најдолго суши и за памук е. Ова за комбинација колку да се суви, тоа со закачалката е директно на закачалка да ги редиш, пеглата - малку влажни ги вади за да ги испеглаш као полесно, сонцето - суви ако ти е ептен полна и шкафот исто. И се извињавам пола обоив пола ме примрзе.
Здраво на сите. Сакам да купам комбинирана машина за перење и сушење бидејки немам простор за одделни. Би ве замолила тие што користат да ми дадат информација дали машината кога ги суши алиштата испушта пареа во просторијата каде што е поставена? Читав за одделените дека има со црево (кои испуштаат пареа) и кондензаторски но не сретнав нигде конкретно за комбинираниот тип на кој принцип работат. ИСто така дали некоја има комбинирана машина што има опција за Steam care програм за пареа? За што се користи оваа програма и дали истата испушта пареа надвор од машината? Ви благодарам
Beko имаат Steam care и тоа само ја поминува облеката низ пареа, ја освежува и спаѓа во програми за перење. Не испушта пареа надвор од машината, и не треба ниедна машина да испушта пареа во простпријата.
Здраво, ги гледавме: 1. https://www.candy.se/en_GB/appliances/wash-dry/tumble-dryers/-/catalog/31101831/cso-h8a2de-s# 2. https://setec.mk/index.php?route=pr..._10094&product_id=72955&mfp=manufacturers[40] 3. https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_SUSENE/BEKO-DF-7412-PA Искуства некои, или мислења?
Јас ја имам првата сушара candy еве 1 месец,сега за сега сум задоволна,навистина алиштата ги вади суви,меки и преубаво мирисаат.
Јас сушам на Time Program Cold и такви работи (дури и кесите за пазарење) и досега сум немала проблеми.
Ја имам третата , предобра е. Освен тоа што се меки алиштата , досега ништо ми се нема смалено а се пуштам. Би ти ја препорачала.
Dali nekoj ima Favorit MP 7102 masina od novite so display?i dali dobro gi pere alistata i dali dobro gree voda na 60 i 90 stepeni?
од новите фаворити многу се жалаат многу не плавела добро и не мирисале на омекнувач старите беа врв ја имав јас 17 години
na majka mi prijatel sto raboti vo salon za bela tehnika i rekol deka od favorit mnogu se falele site musterii i rodnini negovi sto ja zemale taa masina
Не знам дали си купила во меѓувреме, ја имам број 3 и е предобра! Ја купив пред 2 месеца и веќе душа и вадам. И димензиите и се одлични. Сушам само на памук, и покрај тоа што стои дека ќе суши 3 и пол саата, секогаш е се суво за 2 часа преку сила, често и пократко. Топла препорака!
штом има толку негативни критики шо си се запнала за неа ја земав мидеа инвертер мотор 9кг 1400 вртежи за некои 20.000 илјади екстра пере