Објаснуваше, ама искрено многу не се разбирам повеќе со мм тоа оти он разбира, нешто во врска со опциите беше ама искрено незнам, оти јас не разбирам многу во тоа, да не те излажам, знам само дека кога копувавме јас сакав самсунг за перење еко бабл и затоа земавме и за сушење самсунг, јас сум презадоволна и од двете
Ја купив сушарата на Candy Zerowatt. Тие што ја имате на која програма најчесто ја пуштате, колку мах може да се полни а да не гужва, кои програми да ги избегнувам, дали смалува на одреден програм..? Thanks
Ми треба предлог за машина за перење да биде околу 15/16 000д.. И на што да обрнам внимание бидејќи ич не се разбирам..
Сакам таа да ја купам, ама што гледам само во Охрид и Ресен ја има, па ако може да се порача и тука во близина да ја донесат во некои продажни центри не знам дали може. Значи ти ја имаш, ако ја земам ќе те прашам за програми што како.
Сигурно може да се порача прашај си. Ти само земи ја без проблем се ќе ти објаснам воопшто не е комплицирано
Гледај да собира повеќе алишта, да има повеќе вртежи (посуви да ги вади алиштата) и да биде минимум енергетска класа А, се останато - програми и слично не е толку важно, во принцип и ние што имаме по 12+ програми на машините, реално, редовно користиме најмногу 3-4 ...
Во становите имате кондензациска сушара или со топлотна пумпа?Косата ми обеле додека најдам идеално решение. Шанси за влечење одвод до сушарата нема. Информациите за сушариите со топлотна пумпа се многу збунувачки. Ниска категорија се, повеќето се А, ама суши на ниска температура со саати. Едни тврдат дека се со казанче што ја собира кондензацијата, други дека се со црево за вадење на пареата. Бонус има кондензациски сушари со heat pump technology?!?! Друго, прочитав дека топлотната пумпа користи плин и дека дефект е еднаков на фрлање. Крајно, сушара, 7кг, било која цена (без Кенди, Фуего, Мидеа и слични) препорака за стан?
Мислам дека сите сушари имаат и казанче и црево се зависи како сакаш да ја поврзеш јас имам Самсунг, не ми е поврзана со црево во казанчето ја собира водата па си ја исфрлам после, а да инаку и мојата е А категорија, да има програма што суши со ладен воздух 3 саата и има програма што суши и за 1 саат се зависи од програмата и се зависи од тоа што сушиш, не можеш се на иста температура да сушиш така да најубаво размисли си каква ти одговара а за расипување сите се расипуваат сега квалитетот кај нас е рамен на 0..
Здраво Ако може некој да ми помогне имам машина фаворит и не ми го повлекува омекнувачот, преградата ја полни со вода и така си стои. Да напоменам прашокот е повлечен само омекнувачот не. Се е исчистено извадена е цела фиока и пак неможам да видам каде е проблемот. Фала
Да не се олабавени ногарките или пак ако малку празна ја пушташ можеби од тоа да оди. Јас мора ептен да ја напунам за да не мрда онака ќе почне да шета веднаш.
Ако е нивелирана точно нема врска празна полна, нема да шета. Можда вц-то не ви е рамно. Проверете со васервага. @NPN
Имам проблем со машината за перење која е сеуште под гаранција, јавено во сервисот на Агротехна уште на 15 ти, немаат абер да дојдат, вртам на тел број госпоѓата вика неможел да постигне. Зар само 1 е на реон на Скопје