Секој со своето искуство..... Една колешка од работа денес ми кажа дека имала таква машина со горно полнење веќе неколку години и дека била задоволна... Јас имам простор во бањата, ама сакам помалечка за да имам место и за корпа за алишта..... Не знам, имам уште малку време за разислување, па можеби до тогаш и некоја друга феминка ќе напише искуство.
Машината со горно полнење зафаќа помалце волумен, но од друга страна крати на "работна површина" - не знам каде инаку би ги ставила работтите што сега стојат врз неа
И јас мислам дека се работи за квалитетот на облеката. И доколку не се флекави пробај да ги переш на пониска температура на пример на 50? Барем апликациите помалку ќе паѓаат.
До квалитетот на облеката ќе да е. Јас имам иста машина како твојата нели? До сега ваков проблем сум немала. А такви апликации кои биле неадекватно ставени на облеката обавезно ќе паднат бидејќи не се квалитетно зашиени. Ако се шарени доволно е да ги переш на 40 а бели на 60. И онака се пеглаат па дезинфекција секако има.
Повеќе се работи за апликации, оние со силикон лепени, а сликички такви работи досега пу пу пу се немаат оштетено. Но, затоа сите цветчиња, машнички ни испопаднаа, па сум на план од женски пазар да барам и да сошијам (не како што ги лепеле со силикон). Па и мене ми е мерак кога се украсени, по цакани се А за кинење искрено многу се изненадив, на бодито имаше ситно дупченце, за кое сум сигурна дека го немаше кога ни го донесоа на поклон. А памук е и не толку тенок материјал, што уште повеќе ме чуди . Јас перам се на една температура на 60, ни повеќе ни помалку + дополнително плавење.
Да, можно е и ова. Затоа јас поделикатни работи перам во мрежички, но секако боди не би перела во мрежичка, но друг пат пази ако имаш патент или нешто такво пери го во мрежичка да ги заштитиш останатите работи.
Мислам дека може и да е до прашокот, ама не можам со сигурност да тврдам. Мислам дека поагресивните прашоци ја кинат облеката.
Хммм, ова само со алиштата на малата ми се има десено, со нашите не. А на малата алиштата ништо нема патент(освен јакничка, скефандер и сл, но тие посебно ги перам). Така да ова отпаѓа. Како и да е, мака ми е, зошто нормално јас многу повеќе им се радувам на алиштата , но ете ништо не е вечно.
E denes stvarno se mi trgna naopaku mi zamrzna celoto wc,potocno masinata za perenje i kazanceto na wc soljata.Dajte sovet kako da gi odmrzmam! Mi e strav da ne ostane defekt nesto masinata,epten nova mi e
Мораш прво да го стоплиш купатилото со некое грејно тело.После ќе видиш дали има некој дефект-пукната цевка на пример.Машината не ја вклучувај се додека не видиш дека не е во исправна состојба.На пример да нема вода под неа и слично...
Девојки, ми треба помош околу избор за машина за перење. Јас многу сакам candy, 1000 - 1200 вртежи 5 или 6 кг фронтално полнење. Си бендисав 2-3, ама ми треба мислење од некој што ги користел машиниве. Како се покажале, перат ли убаво, трајност, итн. Исто така, би ми било од помош доколку знаете некои продавници каде што има поголем избор од овие машини. Втора опција ми е samsung со оваа новава технологија што им е "ecobubble". Користел ли некој? Импресии? Ви благодарам
SAMSUNG да не си помислила да купиш една моја пријателка имаше samsung ECOBUBBLE не беше задоволна на центрифугата премногу тропаше и мораше да ја смени и од други сум слишала дека не се добра марка а како што знам корејска марка е ги фалат ови новите GORENJE so eco МОТОТ еве линк разгледај: http://www.gorenje.com.mk/washing_machines OVIE NOVITE STO SE
Што бидна се одлучи ли која да ја купиш инаку и двете се супер марки кој што се поскапи но спагаат мегу најквалитетните гермаснки марки кажи ми искуство ако си купила машина за перење и марка
Јас имам машина за перење Самсунг - дигитална. Поклон ми е за свадбата. Ја имам скоро 2 години и задоволна сум. Убаво ги пере алиштата.
Да ве замолам за совет! Имаме БЕКО машина за перење стара 2 години, која почна да ги меша програмите, да зима прво омекнувач па прашок, да пишува дека има уште 3 минути перење па одеднаш да напише END и да заврши со перење, омекнувачот го зима прво, па прашокот и ако дотурам на крај омекнувач пак ќе си го собере и само на еден дел на една маичка ќе го прсне како флека (не го раствара и сл). Бидејќи е под гаранција се јавив во Видео Дата уште во јули месец и дојде човек, рече дека посудата за прашок била во прашање и ќе порачале нова. МИслам дека не е до тоа туку дека е до компјутерот на машината, но ајде нели се они постручни па оставив. Поминаа 2 месеци, чекаме бебе за некоја недела, збудалувам и им се јавувам ама цело време ме откачуваат демек им каснела пратката со посуда за прашок. Не знам веќе што да правам, не можам да имам новороденче дома и фалична машина за перење! Се мислам дали за ова можам да ги пријавам во агенција за заштита на потрошувачи! После колку време од денот на пријава на дефект на уред под гаранција се должни да поправат или дадат нова машина? Нели нешто имаше со 30 дена?
^ Мислам дека е 30 или 45 дена. Во секој случај кај тебе е поминат рокот. Јавувај се во агенција за заштита на потрошувачи обавезно, би требало да ти помогнат.
Јави им се утре и кажи им дека машината итно ти треба, а они ги поминале сите зададени рокови дај им последна шанса до Петок и нагласи дека во спротивно понеделнички ќе се јавиш во Агенција за заштита на потрошувачи. Биди дрска и арогантна пошто со финоќа само ќе те маткаат, ако им касни нарачката нивен проблем, нека ти дадат нова на користење додека ја поправат твојата, затоа е гаранција а не 2 месеци да си играат кур ташак, незнам како до сега си ги чекала.