А ништо ново сите сервиси се такви има да ги изначекаш.. Биди упорна и секој ден ѕвони им инаку нема ни да дојдат, поминав низ тоа они чекаат да помине гаранција па да дојдат за да наплатат инаку не им се иде без пари.. Мене со старата машина така ми беше, дојдоа после 100 јавувања и карања и дерења и ја чеонаа ништо 3 пати ги викав се ме заебаа никако да ја направат на крај си викнав др мајстор за 10 мин ја направи, и после тоа ми се јавија за да дошле... Луда работа е...
Девојки, дали на некој машините за сушење и перење му се една врз друга? Ме интересира од каде се купува тоа како инсталација што треба да се постави за да може една врз друга да се стават? Гледав сега има и како со фиока да повлечеш кога ке си ги збираш алиштата на неа да ги диплиш.
Најчесто за нас ја користам Cotton и Mix програмата. Првата за белите (кога имам углавном пешкири и крпи) а втората баш кога е мешано. Приметив дека ако пуштам пешкири и постелнини на Mix не ми ги досушува. За бебуш ја пуштам Small load пошто ептен малку простор и тежина фаќаат неговите алишта, а и брза е програмата, саат ипол ми се чини. Е на почетокот зголемував / намалував времетраење на програмите и не ми ги досушуваше алиштата, па баталив. А и модовите (шифоњерче, закачалка, сонце итн) не се поднесуваат рачно, туку се специфични за секоја програма поединечно (да знаеш да не пробуваш да ги местиш па да се изнервираш кога нема да успееш на Cotton пример закачалка да наместиш, фиксно е шифоњерчето таму). Тие имаа врска со степен на сувост на алиштата, затоа секоја програма поединечно функционира. До сега не ми се случило да ми смали алишта, било мои, на бебето или крпи итн. Не ми се свиѓа само што мирисот од омекнувачот целосно го вади, скроз ги дезинфицира алиштата и не мирисаат ни на прашок, ни на омекнувач. Прашав во темата Очајни домаќинки дали има чаре за тоа, иако читав дека може да се стави омекнувач директно во бубањот на сушарата.
Од која машина за сушење алишта сте задоволни а да не ги собира алиштата? Гледав koncar, дали имате искуство со неа ?
Машината не ги собира алиштата. Соберени алишта се резултат на несоодветна програма и ставање текстил кој не треба да се суши во сушара. Која и да ја земеш ќе ти ги собира алиштата ако сушиш на несоодветна програма или ставаш алишта со волна во составот на пример. 12год користам сушара имам смалено само еден џемпер случајно протнат со другите ствари. Ќе читаш етикети на алишта и ќе научиш која програма за што е. Старата ни е Беко, сега пак купивме од истата марка, задоволна сум.
Јас имам Самсунг пали вози е, не ми собира ни ништо, ама како што кажа и членката има алишта кои не се сушат во сушара или се ставени погрешно на погрешна програма е тогаш мпже да ги смали
Здраво што мислите за сместување на машини за сушење и перење во кујна,нешто слично како на сликата ?
Зошто да не може. Само треба да ти се добро нивелирани, за да не ти шета машината за перење. Имај предвид дека сушарата многу загрева кога суши, па дали тоа би ти одговарало во тој простор.
Почна да ми се умирисува машината за алишта на стоено/мувла. Ставив и оцет и сода и на 90 ја пуштив и гумата ја подзачистив исто е. Чаре има ли?
исчисти го и филтерот и фиоката за детергент, и после секоја употреба вратичката оставај ја отворена да стои да се луфтира
Имам сушара Кенди CSOE, ја купивме пред неколку месеци ама сеуште ја немам уклучено, па ме интересира сега при првото вклучување треба ли празна да ја уклучам како и другите машини или нема врска?
Прочитај во упатсвото ама мислам нема врска јас мојата сушара фул ја наполнив па ја пуштив. кај мене во упатсвото не стоеше дека треба празна да ја пуштам па си ја пѕштив полна и онака ќе суши барем џабе да не е
Не пишува ништо во упатството затоа прашав тука, за пералната пишуваше празна и за машината за садови за оваа се зачудив што не пишува ништо.
Па ако имаш пократка програма пуштија празна мада нема потреба јас одма фул полна ја пуштив мислам дека нема потреба од пуштање на празна
Ми треба помош, имам машина за перење Беко 7кг, меѓутоа не ја исфрла водата и центрифугата не уклучува. Освен филтерот да го исчистам што можам друго да сторам? Фала однапред