Облеката ми мириса на влага кога ќе ја извадам од машината. Ја уклучив празна на 90 степени ама пак исто. Некој совет како да ја исчистам. Сум слушнала за сода и оцет ама не знам во која преграда што да ставам.
Прво препорачувам да го отвориш/исчистиш филтерот и да ја испуштиш водата. Во еден сад помешај оцет, сода, мааалку сјај за садови и топла вода - со тоа убаво и одвнатре истриј ја гумата од барабанот (таму секогаш останува водичка и замирисува) , извади го пределот кај што се ставаат прашоци и омекнувач и измиј го. Потоа во барабанот стави сода и оцет (ако имаш таблета за машина и садови, стави една) и уклучи ја машината празна на 90. Практикувај го ова барем 1 на два месеца и СЕКОГАШ после перење оставај ја вратата отворена да се суши машината.
Јас ја имам и сум презадоволна. Суши полна машина за макс 1.5ч (1200 вртежи центрифуга од машината за перење). Се случи да ми се скине каиш во период на гаранција и ми го сменија, но беше моја вина зашто не пазам многу дали е полна или не
VOX или Горење? https://maximum.com.mk/product/машина-за-перење-инвертер-vox-wm-1270-t2/ https://maximum.com.mk/product/машина-за-перење-gorenje-whp-62-es/ Оваа VOX e со инвертер мотор, а Горење со колекторски мотор и на двата модели енергетската класа им е А+++ Која е поквалитетна?
Ниту една За Vox прв пат слушам, а Горењево одамна не се тоа што беа. За тие пари подобро гледај ги Беко.
Јас имам машина за садови вирпул, марка што не знаев дека постои. Инвертер мотор и ме изненади колку е добра. Ја задовме по препорака. По логика, инвертер мотор треба да е подобар.
Здраво.. Дали некоја од вас има искуство со оваа машина..на кој програм да ја ставам дали секогаш пере речиси по 3-4часа или нешто грешно правам.. Фала ви многу
Според ознаката на класата А треба да биде енергетски ефикасна, а дали е така, не знам. Не плаќам високи сметки за струја, на што влијаат и други околности.
Горење има свекрвата. Не е задоволна. Алиштата ги пере со многу малку вода. На некои програми сама си додава вода во таа фиоката. Сервисери 3 пати доаѓаа. Салонот кај што ја купиле им рекле дека често има проблеми со горење пералните. Јас сум задоволна од Беко. И перална и сушара земавме. Не беа нешто многу скапи. Пералната беше околу 18 илјади, сушарата 16 илјади. Кога гледав Самсунг перални од по 40-50 илјади не ми беше јасно што е толку посебно во нив. Мојата е Беко steam cure. Има опција за пареа, алиштата ги вадам жешки, ги протресувам и некои нема потреба да се пеглаат. Едит: Има и нешто за влакна од миленичиња да собира, да не останат залепени на облеката. Сушарата не ја користев многу, зимава ја купивме, ама ми се чини добра.
Дали сте задоволни од електролукс? имам сушара и задоволна сум па нарачав и машина за перење, овој модел е ELECTROLUX EW7-F249S
Zdravo drustvo, dali ima nekoj susara marka quadro i kako ste zadovolni? Prv pat slusnav za markava..
Не знаев каде да го поставам прашањево.. Што ставате на вриење т.е на 90 во машина и дали е тоа препорачливо освен ако ептен се прљави алиштата? Црни перам на 30 со течен, шарени ( сите можни бои мешам ) на 40 со обичен прашок и до сега океј ми биле. Постелнини исто 30/40 зависи каква боја се. Пешкири имам во сите бои и шарените ги ставам на 40 со другите алишта шарени, белите на 60 со други бели. Дали е ова правилно? Прашањето ми е за бели, имам опција 60 и 40. Дали можам бели пешкири, веш и обични маички по кратки ( памучни) да пуштам на 60 без да им бидне нешто?
Да, белите можеш на 60. За на 90 исто можеш постелнини, пешкири, долна облека, бели работи и ако дозволува материјалот, ако пишува на етикетата.
Пробав да исчистам филтерот на пералната за перење. Одвртев малку, истече вода, меѓутоа не успеав да го одвртам до крај, си се вртеше во круг, никако не можев да го извадам. Што би било проблем :/
Јас никогаш не сум пуштила машина на 90°. Имам читано дека 60° се доволни за да се уништат сите бактерии. Долен веш и крпи перам исклучиво на 60° без разлика на бојата. Се друго на 40°, освен патики, зимски палта, јакни понежни на 30° на краток програм. Имам перено и маички памучни на 60°, бели, светли, ако се темни може бојата да избледи.