Па кај мене не пушта,јас имам канди и тоа црево не беше прикачено кога ми стигна машината,во упатството пишуваше дека како опција е да се приклучи на одвод.
Прашај од каде што ти е купена кај треба да се стави ова црево,кај мене е прикачено ама е поинаку од твојата.
Здраво Scorpion91 Малку доцнам со одговорот, но дури сега го видов прашањето, се извинувам Имам комбинирана на Горење, ја земав поради тоа што немам простор за посебна, ја користам веќе 10 месеци и до сега сум екста задоволна убаво пере и суши и до сега ми нема смалено алишта
Здраво купивме кобинирана машина за перење и сушење.Алиштата кога ги извадам не мирисаат убаво.Дали е поради што е нова или што е работата до сега сум немала сушара
Многу сопственици на комбинирани се жалат дека дури и да стават омекнувач, алиштата не им мирисаат на него. Не знам зошто е тоа така, ама да не те буни, веројатно така е нормално кај овие машини.
Во темава прочитав дека не се употребува омекнувач ако алиштата се сушат во сушара, дека тоа го пишувало и во упатството дека не смее да се става.
Зошто на машина за перење наеднаш додека работи се уклучува црвено светло и прекинува да работи? После кога ќе се стисне да продолжи си продолжува со работење и после некое време пак ќе прекине.
Дали на некој му рипа и тропа машината? Имам комбинирана машина ииндесит и кога суши е како маче да преде глас не и се слуша, ама кога пере независно дали има многу или малце алишта скока буквално од место, доаѓа до пола тоалет и тропа гласно како некој со чекан да ја мава, до тој степен што маската што е доле кај филтерот се вади. Ја имам 10 год и сум супер задоволна ама ова почна да се случува пред неколку месеци, викнат е и мајстор наводно се е ок
Може ли во пералната вода да доставам? Некако многу слабо вода ми прима, како полусуви да ги перијас и доставувам вода и сега како уште помалку да прима вода.
Ако е нова машината направена е да троши помалку вода. Едноставно е програмирана да торши помалчку вода по циклус перење. Ако и ставиш вода плус нема да прими преку нејзиното црево зашто така е програмирана. Исто така има појака центрифуга и алиштата се како полусуви. Нормално е ова како појава. Ако самата машина не дава знак дека има проблем не знам зошто би сметало.
А ако не и доставувам вода пак ли ќе си зима како порано? Не знам јас мислам сега како помалку зима од порано без вода јас да и ставам или така ми се чини не знам.
И мојата така прави. Мислам дека е до сензорот, мери дали се мокри алиштата и во зависност од тоа ја продолжува програмата. Некогаш и кога е преполн канистерот со вода така прави, го празнам и продолжува.
Здраво, ве молам да споделите искуства со овие два модели на перална и сушара, 2 во 1. Ви благодарам.
Здраво. Искуства со машина за сушење Беко? Веќе ја кандисавме. Знам дека еднаш @BellaBibi кажуваше за тој модел. Дали си задоволна, дали ти ги стеснува?