Презадоволна. На прво место ми е за работи кои сум среќна што ги имам. Само да сушиш на микс опција и ако не ти се исушени ќе уклучиш на ајрон драј ( кај мене е прво десно). Ништо до сега не ми има собрано, а сите алишта се сигурно минимум 15 пати сушени.
Јас до петок се надевам ќе ја имам дома, ќе ја сликнам. Го користиш и она што пишува mix/daily? На тоа мислиш така? Среќа најдовме слим сушара, бидејќи и таква ми е пералната. Една врз друга ти се?
Дали ја полниш скроз на Микс или пола? Мене денес ми ја донесоа и прв пат ќе ја пробам ама во упатството за микс вика пола полна да е.
Како вадам од машина за перење , така пикам во сушара. Е сега ако има чаршави или навлаки големи, ги вадам понекогаш, зашто ми се пикаат другите алишта во нив. Или кога ке заврши го вадам чаршавот и досушувам другите.
Здраво, ме интересира дали некој ја има машина пери суши CANDY CSOW 4855 TWE/1-S, 8/5kg, 1400 врт./min, А. Пере супер но кога е на сушење алиштата мирисаат како на гума, а пуштена е повеќе пати. Прво мислев дека е поради тоа што е нова но дефинитивно не е така, па ме интересира мислење што би можело да е?
Здраво девојки. Сакам да земам машина за сушење, но во вцто каде што ми е планирано да стои нема природна вентилација, само вентилаторче. Ме интересира од ваше искуство, каков тип на машина ствара најмалку пареа во просторијата? Дали оние што се со црево за одвод прават пареа? На моите машината ја собира во сад водата, но е доста спурено вцто кога работи, па се плашам со таква да не си направам влага. Од друга страна па нивната е над 15 години стара, нз како функционираат поновиве машини.
Поновите сушари сите ја собираат водата во сад. За спурено, нормално е до некој степен, ние немаме ниту прозор во купатило, ама има одлична автоматска вентилација.
Здраво Има ли некој искуство со оваа машина за перење и сушење? https://m.tehnomarket.com.mk/product/29385914/indesit-bde-861483x-ws
Убав ден лепотици ми треба помош мала од вас. Може ли да ми каже некоја од вас како ја користите машината за сушење алишта на БЕКО? Дали има некоја од програмите на која ќе ја уклучите а сама порано да си заврши зошто е готова. На пример да ја пуштите на програмата 120 а да заврши порано? Мојата машина за перење е исто Беко и обично ја ставам да пере на 800 вртежи и ги вади скоро па суви алиштата, и искрено не сум сигурна дали е добра идеа да се сушат на 120. Некој совет или искуство за тоа како да ја користам најдобро а да не ми собира алишта?
Ја немам истата имам сличен модел. Сушам на extra dry, iron dry...по потреба. Ако се суви, се гаси сама, пред да заврши циклусот.
Јас не би ти препорачала од Сетек, а и Телефункен не. Кога имав прашувано во Сетек за машина за перење, иако е ова сушара ти што прашуваш, ама според цените ги гледавме марките Телефункен, Индесит, Мидеа. И ги прашав од нив која марка е најдобра, двајцата вработени ми рекоа на прво место Индесит, на второ место Мидеа, а како најлоша Телефункен од тие марки за кои ги прашав. А за производите од Сетек имам читано лоши коментари и затоа на крај се решивме за од Нептун Беко да си земеме. А баба ми си купи VOX пред неколку месеци. Таа марка била склопувана во истата фабрика како Беко во Турција.
Сетек се ужас. Вработени со култура 0, шефови влезени во најјак филм каде ги вреѓаат и понижуваат вработените, тие па на телефон исто ужас. А инаку што спомна дека vox била пакувана во иста фабрика е точно. Да не почнаѓ да ти набројувам на пример се што е од Кина ( производство) а колку пари даваме , душа ќе ти се распадне.
Дефинитивно Сетек најлоши од сите, купив лап топ лани од кај нив и као ај сама ќе си го инсталирам да не давам плус 1000че за да ми стаат виндоус, другар ми ви вика абе ова стар лап топ е, коа во кутијата најдувам уште една гаранција продаден во Охрид во 2015 меѓутоа вратен поради квар некој.. да не должам ми продадоа стар продукт по цена за нов Сетек се ДНО.
Здраво, Дали може ако не ти е проблем налепничката да ја сликнеш да го видам моделот поточно, или пак ако го знаеш уште поубаво Поздрав
Еве мила, незнам колку се гледа, после од дома да ти сликнам поубаво ако сакаш. Ова ми е некоја слика што сум праќала.