Последен пат кога зборев со нив демек, немаат машини за замена. Викам извини јас чекам бебе, не ме интересира од кај чекате да се достават, мене ми треба решение веднаш, доста ве чекав. Сега пак зборев со нив, рекоа другата недела. Ако до петок не направат нешто ќе ги пријавам жими се, преку такво ми е македонштинава. Фала ви девојки!
од која фирма ти е купена машината. Нас ни се случи така со телевизорот од техномаркет. Од самото купување имаше некоја темна сенка на екранот. И аха сервис, дел, денес, утре, немаме ист таков да ви смениме и два месеци не маткаа. И на крај отиде татко ми во продавницата, се испокара, и му дадоа нов телевизор друг модел.
Се извинувам што двете мои мислења ќе бидат едно под друго, но неможе поинаку. Значи после долго анализирање и споредување конечно купивме машина за перење и сушење. Candy evow 4853 D •Полнење: фронтално •Електронска контрола •LED дисплеј •Вртежи: 1400 врт./min •Програми: 13 •Одложен почеток 24х •Капацитет: 8kg перење, 5kg сушење •Регулација на центрифуга •Регулација на температурата •Потрошувачка на енергија по циклус: 1,36kWh •Потрошувачка на вода по циклус: 115L •Енергетска класа А++ •Боја: Бела Некој ми ја испофалија, и продавачот ја испофали, демек лесна била за ракување. И веќе моравме да пресечеме. Па да видиме како ќе се покаже, ќе пишам искуство.
И ние неделава ја купивме Другарка моја многу се фали, се надевам добро ќе се покаже. Засега само еднаш ја имам употребено, рано е за суд...
Здраво на сите. Ги разгледав мислењата, ама не сретнав некој да споменува нешто за сервисирање на машините за перење. Мојата машина за перење е Neo, не знам точно кој модел. Досега немав никакви проблеми, освен тоа што е автоматска и мора да пазиш како ја уклучуваш и исклучуваш зашто може да се блокира. Е сега, вчера престана да ја загрева водата. Мислам дека се расипа грејачот, ама не знам кај да барам резервни делови или сервисер. На една пријателка и ја поправаа, исто и го менуваа грејачот, ама нешто ја зезнаа работата и не проработе повеќе, а плати 3000 денари. Да не знаете каде можам да најдам грејач или некој сервис со разумна цена (за 10 000 можам нова машина да купам - кога ќе имам повеќе пари )
Ме интересира дали знаете кај се продаваат мини машини за перење алишта (околу 3 кг собира) а изгледа вака? http://www.weltbild.pl/pub/mm/img/220/11755915.jpg благодарам однапред
Спојлер Јас докторе имам Бош посебни машини за перење и сушење, затоа што никогаш не бев присталица за 2 во 1. Премногу негативни коментари слушнав за тие комбинирани машини да од старт ги отпишав. Ми нема логика машината да ми прима 7кгр за перење, а само 5 за сушење (???), па да морам да вадам дел од нив, додека другиот дел се суши и се` така во круг Ти во секој случај мораше првиот пат да ја пуштиш машината на 90 степени, со сода во просторот за прашак и бел оцет во местото за омекнувач, па после да ја пуштиш во официјална употреба. Не дека ти е касно и сега да го направиш тоа [/quЈ Имаме нова машина за сушење и перење аристон ме интересира на кој број ги перете белите алишта на 90 степени дали имате опција за со две води бидејќи кога ја вклучувам на 90 пушта една вода пробав и повеќе опции но пере само со една вода до машината е или до вклучувањето поздрав
Очигледно, ова не е машина, но не најдов посоодветна тема. Дали сеуште се продаваат вакви за сушење алишта и каде можам да купам?
Денес купивме нова машина за перење алишта и затоа што мајка ми не е навикната на нова туку на старата и мисли дека треба да работи како старата. Е сега си имаме проблем се го прочитавме упатството и ја уклучивме како што треба на 90степени но не ни беше јасно зошто програмерот не се врти па сами го...
Ќе ве молам за искуство и препорака на комбинирана машина, немам простор за поединечни машини. @irena.1 како си задоволна од твојата машина?
Bajaderka И јас немав место за две, затоа комбинирана. Искрено за сушење многу ретко ја користам. Ја имам испробано за постелнина, пешкири и облека. Постелнината и пешкирите ок ми ги искуши. И облеката, само едно блузиче имам зезнато се смали за пет броја. Значи за перење ми е супер. Има опции варијанти за се. За секој програм си има три опции за степен на валканост. Самата машина си има сензор, па ако не е многу полна си го скратува програмот. А за сушење велам ја користа ретко затоа што процесот на сушење трае 2-3 саати, и сега и петходно перење, треба да работи 4-5 саати. А јас пуштам машина исклучиво на ефтина струја па треба цела ноќ да работи. Така да сега за сега сушењето е само за зорт.
Здраво девојќи Денес прв пат ја уклучив машината за перење алишта (на 30 степени и со 1000 вртежи) ама при плавењето многу почна да ми се тресе и да бучи, ме исплаши дури Не знам дали е до вртежите ... да ги намалам следен пат. Дали на некој му се случило исто!? Инаку машината ми е Беко од Нептун ја зедовме (иста како на сликава). Инаку не е комбинирана.
При плавењето или при центрифугирањето? Не ти е убаво поставена, треба да е добро нивелирана на рамна подлога. Ако подот е нерамен, пробај да ги наштелуваш ногарките на машината долниот раб да биде хоризонтален, користи и либела/васервага (како ја викате не знам). И намали го бројот на вртежите, повеќето машини ја имаат таа опција.
@irena.1 Како си задоволна од машинава? Планирам заради недостаток на простор да купам комбинирана, а Candy многу ми ги фалеа. Како се покажа машинава после 2 години користење?
Мојата си работи исто како првиот ден. За перење скоро секој ден ја пуштам, а за сушење поретко. Летово скоро и да не ја користам за сушење, во зима да. Е сега ме нервира што сушењето трае релативно долго (можеби затоа и избегавам кога неморам) но си има сензор па програмот си го скратува ако не е многу полна. Исто скратува и за перење ако не е многу полна. Всушност кај сите машини за сушење клучно е да не се преполнуваат.