Да, ја пуштам на 90 со сода и оцет и башка со лимон тријам бубањ. И долу филтерот е чистен исто така.. не знам, чудно.
Да се надоврзам - мене од Первол и Мерикс капсули исто вака ми мирисаа алиштата, ко мувлосани. А никогаш не ги оставам да стојат, веднаш ги вадам. Не се ни разградуваа убаво кесичките во бубањот. Никогаш повеќе не би купила такви, не знам што ме натера и се зезнав јако ама ајде.
Јас генерално користам течен дуел и омекнувач дуел.. ама, ете ги денес пак одредени работи мирисаат на застоена вода..
Ни треба машина за перење, сите продавници се прошетаја и сите продавачи различно кажуваат. На едно место многу ги фалеа Кончар, дали некој ги има и дали сте задоволни?
Зависи од буџетот. Сепак не купувај некој екстремно скап уред на почеток ќе се воодушевиш се додека не се расипе не се спремни сервисите кај нас бидејќи не се продаваат многу па ќе чекаш 2 месеца делови. Купи си некоја средна класа whirpoool или bosch ако ти е буџетот подобар. Ако сакаш нешто по приступачно Favorit, Gorenje или indesit. Bosch имаш во Вуделго одличен увозник и сервис. Работат со Bosch 100 години и немаш гајле со нив. По соленки се ама можеш да се прошеташ до дуќан може да има некоја понуда на постар модел па може ќе начекаш нешто. Gorenje исто не се лоши имаат ок сервис. Favorit просечни се но имаат брз и добар сервис. Whirlpool доктори за машини за перење само незнам каков е сервисот кај нас. Lg убавите се скапички и со сервис малку кубурат. Одлични машини инаку. Ако имаш место најдобро две машини една за перење и друга за сушење. Е сега треба да бидеш дома кога ќе заврши едната па да префрлиш во другата, што мене не ми одговара.
Фала за деталниот одговор. Моментално имаме LG и сум ептен задоволна, ама ќе се селиме и ќе остане тука па ќе ни треба нова. Овој модел што го имаме сеуште држи цена. Секако ќе бидат две, со тоа што сушара би користела интензивно само во зима.
I'ma problem so masinata nikako me mi morosaat na omeksuvace alistata Ili Kako stoeni na neubav Ili na prasok.Crnit egi pream so tecen I stavam na ponecistite kapsula Ariel a belit so savex white.A omeknuvaci site gi probav.Sto da napravam dajte sovet ?
Hahaha..da ama krivo mi e oti stavam mnogua na kraj nisto ..sea go isciatvi filtirot I najdov paricka dali e my zno od toa da e taka?
Одговоров и мене ми послужи, ептен детално фала т... Само да прашам (бидејќки во новиот стан ќе немам шанси за две посебно машини) која е негативната страна на комбинирана машина освен тоа што перат 7 кг а сушат 5 кг.. нешто друго да не има?
Ако се расипе, автоматски си без машина. Кога имаш одвоени, едната можеш да ја користиш додека другата се сервисира. Исто така, не можеш во исто време да переш и сушиш ( што би можела со одвоени) Ако не користиш често перални, ова нема да ти биде проблем, ама ако користиш, богами е проблем. Најважното (со кое што мене ме убедија) е дека почесто се расипувале комбинирани, отколку одвоени. И ние немавме место, преправавме купатило, стававме проточен бојлер, само за да можам да ги ставам една врз друга. И раат сум од тогаш. Јас имам перална Самсунг и сушара Беко. Што и да купуваш, гледај пералната да е со поголем број вртежи, оти така ти се скратува времето за сушење. А тоа знае да биде долго, ако облеката не е добро изцентрифугирана.
Негативна нема само што ќе ја полниш 70%. Или малку повеќе од пола бубањ. И да се надоврзам бидејќи секогаш си ја ставам комоцијата и времето на прво место. Си купив комбинирана за да можам да ја пуштам кога не сум дома и кога ќе се вратам испрани и осушени, мирна глава. Или ја пуштам пред да си легнам и сабајле само ќе ги извадам и чао. Посебно за бел веш ми е практично бидејќи се пере и суши сигурно околу 7 саати.
@Dudo Да не имаш некоја информација за сервисот Риверсофт за VOX машините? На баба ми и се расипа машината VOX купена пред нецела година. Прво го чекаше сервисерот додека да дојде, па ајде некако дојде, па рекол дека е расипана бравицата, нешто дека треба да нарача магнетна брава, па ќе дошол да го смени тој дел. И вујко ми се јавува неколку пати и кај сервисерот и кај таа операторката во сервисот и уште ништо. Дефектот во сервисот беше пријавен на 08.05, сервисер дошол дури на 19.05 кога кажал дека е проблемот во бравицата и дека ќе порача дел и еве од 19.05 до денес 17.06. не е дојден да го смени делот...