Здраво, знае ли некој да ми каже зошто сушарата покажува дека има уште 2 минути додека да заврши со сушење а тие две минути некогаш траат и 40-60мин. а цело време на дисплејот пишува уште 2? Сушатата е candy zerowatt
Затоа шо е со сензори Сензорот за влажност си додава и одзема минутажа според тоа колку се мокри алиштата
истиот проблем го прочитав овде и има еден одговор што би можело да е проблемот, се надевам ќе ви помогне. https://forum.kajgana.com/threads/Проблем-со-машина-за-сушење-алишта.112443/
Здраво Феминки, купив машина за перење алишта на самсунг и ми кажаа дека требало да се регистрирам на официјална страна на самсунг за мк, е сега гледам ми бараат да направам профил, слики од фискална модели, коментари и сл,... како точна оди цела процедура... јас веќе оставив рецензија но изгледа не ми одобрена уште бидејќи не ми ни стаса на меил, за да се зачленам моделот на машинава не ми го пронаоѓа ,,, хелп
Најдобро да им се јавиш и да им го објасниш проблемот. Мислам дека има телефон за контакт на страната.
Пиши на официјалниот меил Ке ти побарат фискална и ке ти пратат повратен меил ама за некое време не одма
Девојки помош. Пред неколку дена ја купив Машина пери/суши CANDY CSOW 4855 TWE/1-S, 8/5kg, 1400 врт./min, А, и сега не знам како да ја управувам. Со упатството и не се снајдов баш. Пуштив неколку машини за перење, пери долго од 3 дп 4 часа. Не е нормално нели? И сакам да ја пуштам само на сушење, не успеав. Последно ја пуштив на програмата перење и сушење, вклучена е 7 часа веќе, не е нормално јас мислам. Од 19:00 часот е вклучена сега е 01:30 уште не е завршена. Ја има ли некој да ми помогни? Почнувам сериозно да се загрижувам
Машината за сушење алишта ја користам околу 4 години. Еве веќе четири машини што оклучувам да се сушат крпи, бањарки не ми ги суши. Ги оклучувам на 1:45 минути и кога ќе заврши отварам и сеуште се мокри. Делот кај што се собира водата е полн до пола. Потоа пак ги оклучувам на 1:45 и тогаш веќе се суви. Значи за да бидат суви им треба 3:30 што е премногу. Претходно си ги сушеше за1:45 Што мислите дека е проблемот?
Девојки имам машина за сушење фаворит MSU7002. Првпат ја пуштам за проба на 10 минити. Не сум сигурна која програма да ја вклучам. Има внатре бањарка, пешкири, маици и долен веш и прекривач на ластик. Машината убаво ми ги изврти само малку мислам им треба да се суви. Овие програми ги има.
Кога ќе переш пушти на повеќе обртаи,не е ок да ти бидат многу мокри,а чим се полни тоа доста можеби се премногу мокри.
Не знам за другите машини, но мојата има два греачи. Се случило еден да прегори и да не ги досушува алиштата.
Дури сега викнав мајстор. 2 марамици за фаќање бои се заглавиле мајсторот кажа од тоа било сеуште не сум ја пуштила да пере ама најверојатно е од тоа како ги е лапнало којзнае.
Јас од скоро имам на фаворит сушара, врши работа. Е сега не знам многу оти првпат користам сушара и користена е претходно. Ама за неколку пати шо ја пуштив ок е.
Дали некој има искуство со сушара Беко? Размислувам да земам од оваа марка, па ако некој користи веќе да ми каже дали се задоволни..