Ги гледав јас тие на Вирпул, само тие имаат А класа, плус тоа ми се свиѓа, 6th sense опцијата... ако самата знае што суши и колку треба да суши, да не се замарам јас прозор не мора, така? Црево за одвод има?
Не треба прозор, а црево за одвод нема. Има едно контејнерче и таму се собира водата. На крај кога завршува ја фрлаш водата и тоа е тоа. Самата си регулира колку време и треба - некогаш повеќе, некогаш помалку од стандардната програма. Кога суши, цел влез мириса на омекшивач
@Annath сум мислела на одвод дирекно на прозор, како што е кај мајка ми или црево како на аспираторите. Сакам кажам незнам речам Инаку и јас уште ја думам , а зимата помина. Па кажи ми за која ќе одлучиш. Мене во Нептун ми ја фалеа на Candy мислам беше. Веќе сум заборавила.
Jas imam napisano predhodno ja imam Beko db7101 i sum zadovolna B klasa e,trose za trosenje i znae da suse i po 3h,nekogas i za 1h zavisnost od materijalot na alistata.Do sega ne mi gi ostetila,ima programa za da bidat isto kako peglani.Kondenzaciska e po susenjeto ima kazance i se istura voda.Ako sakas da ne ti trosi mnogu struja ke si kupes od A klasa no tie se nad 32000.Poevtina nemam videno.
Вчера почнав да гледам... демек на работа ќе гледам, ама немам време да седнам, да видам убаво што и како. Ама мора шетање и по маркети за техника, само се мислам кога... Техномаркет има солидни попусти... може од кај нив да земам. @MilaP поскапи се што е право... ама вака или така парите ќе ги дадеш... дали за сметки за струја, дали за машина.
Која е таа програма при која ви ги вади како пеглани? Мене сите гужвани ми ги вадеше и престанав одреден период да ги сушам во неа?
Jas se vodam po upatstvoto sto e so susalnata ima tamu poveke programi : podgotveni za nosenje,podgotveni za peglanje,protiv guzvanje..tie gi pamtam zasto samo niv gi koristam ima i drugi.
Ако не се лажам повеќето имаат одделно перални и сушара. Нашата нема такво копче за жал. А е демек поскапа
Ич не сум задоволна.Или незнам да ја користам или не чини стварно.Омекшивачот цел ми го голта наеднаш,штом го истурам. Ми има упропастено неколку алишта
Ако алиштата не ги извадиш веднаш, те.се изладат внатре, тогаш и ќе бидат гужвани. Ако ги извадиш топли тогаш само ги протресеш и ко пеглани
Може и во право си,не сум заприметила кога какви се. Некогаш одма ги вадам,некогаш не(кога пере до 2 наутро). Ке внимавам од сега и на ова.
И мене ми го голта омекшивачот одма и не мирисаат кога ги сушам. А вчера пуштив без да ги сушам на малата, алиштата преубаво мирисаат. Мене ми има упропастено многу работи. Затоа пуштам перење, потоа тоа што е понежно го вадам, па пуштам сушење :/. Имам пробано и топли и ладни да извадам, по гужвани се ладни но и топли не се баш како пеглани како што кажа @Sky-butterfly . Дали имаме иста машина?
И јас мислев да земам машина за перење и сушење ама сега читам и се премислувам. Што е тоа толку нежно што ви уништила машината?
Ми уништи буквално се. Фаркерки нови ми ги намали за 2 конфекциски броја, пижами памучни ми ги скрати 5 сантима, за џемпери да не зборам. Се е изгужвано освен на бебе алиштата ваља дека се мали парчиња и не ги гужва. Постелнината единствено не ми ја намали но никогаш не е целосно сува па морам да ја досушувам во соба. Повеќето алишта, нови ми се избледени и немаат свежина како да се користени со години. Не мирисат на омекшивач итн.. Ако имаш можност купи си оделни.
Можеш ли да ми кажеш за која точно станува збор? Не е дека немам можност да купам одделни ама не сакам толкав простор да дадам на машини за перење и сушење. А не ми се ни суши надвор со целото ова загдување... Стварно ме ставивте во недоумица сега
samsung wd80j6410aw ваква е мојата мислам барем Незнам оти ми излегоа вакви буквиве незнам да ги сменам од телефонов.Задоволна сум од машината ништо посебно не ми е.Сушењето сама си го одредувам на пократко да не се досушат до крај или пресушат,од пусти страв да не ми ги уништи алиштата или собере,после во соба на сушара ако треба уште некој саат се досушуваат на сушара закачени.Ми врши работа во секој случај.