Јас зависи каков вид на алишта. Ако перам прслучиња, купачи со корпа или нешто понежно ставам на центрифуга од 400 до 600 најмногу. Секојдневни алишта на 800 и крпи, постелнини, прекривки на 1000 или 1200.
Препорачајте ми машина за сушење од која сте задоволни. Сакам да купам веќе и со мало бебе не се стигнува и не се сушат сега зимава. Кои карактеристики треба да ги погледнам,на што да обрнам внимание.
Беко 7112 моделот Фирма ко фирма не ти вреди нешто многу И ос беко имаш добти лоши и од самсунг имаш добри лоши
Постов малку не е за тука но понудете ми сушара за сушење на алишта....слушам ги смалувале алиштата...па ефна комшовка ми вила треба да погодиш фирмата ...па понудете што имате и која
Јас имам Candy сушара и супер е долго време и ги сушам алиштенцата и до сега не е имало проблем. Хулахопки не сушам и новата облека штотуку купена не е ја сушам. Оставам неколку пати да ги носи и ги перам само си се сушат онака па подоцна ги ставам во сушара.
Сега ги прочитав спецификациите. Добра ми изгледа само што оваа е со носивост до 7 кг алишта, а ние сме 4ца. Не мислиш дека треба поголема носивост да има? Од тоа што прочитав требало 9кг носивост да има за 4ца. Не знам, еве од искуство, брка работа оваа за 4ца? Доаѓа во предвид оваа ..
Нема врска колку души сте, има врска колку килограми ти е пералната. Сушарата треба да е барем кило плус од пералната. Да речеме 7кг ти е пералната барај сушара од 8кг па нагоре. На Беко се добри јас сум задоволна имаат А+ класи, економични се.
На сушарата има само едно правило Бубањот да е макс до пола полн со алишта Ја имав перална и 6кг и 9кг сеа имам 7кг Не сум приметила разлика 10 год користам сушара
Не ти препорачувам да сушиш со полн капацитет, бидејќи доколку е преполна ги суши подолго и ги вади изгужвани. Барем кај мене е таков случај. Исто така, доколку сушиш облека со различна дебелина, некои работи ќе се пресушат, а некои ќе останат влажни. Јас на пример некогаш, ако имам преполна машина со перени алишта, кога ги сушам, ги делам на два дела. Особено кога сушам постелнини. Еве другите феминки нека споделат искуства. Дали кога сушите постелнини, доколку е премногу полна сушалната, ви ги вади изгужвани?
@Romina Фала ти за советот. Ќе ги делам по дебелина. Добро е да се знае, јас сум нова во ова. @ALISA0000 па да има логика помалку алушта да се внатре за да ги исуши побрзо. Кога ми кажа една другарка дека вртела 5 саати сушарата на два дена се чудев. Си реков во себе којзнае колкава сметка им иде ако врти вака стално.
Сакам да ставам машина за сушење над машината за перење алишта. Дали директно се става машината за сушење над машината за перење или се става нешто измеѓу?
И јас немам премногу искуство, но ми се случуваше на почетокот да ја преполнам, на пример постелнини и крпи за туширање заедно, па кога ќе се исушеа, беа толку изгужвани постелнините што не можев ни да ги испеглам после, иако внатре ставав и гумени топчиња за сушална за да не се гужваат. Потоа почнав да ги делам и сега постелнините ми излегуваат прилично прави што најчесто немам потреба ни да ги пеглам. Исто така, кога ја преполнував со алишта за носење, маиците ми ги вадеше ептен изгужвани. Ние сме двајца, па во последно време уклучувам машина на пократки програми со помалку алишта и скоро никогаш не сушам повеќе од 4 кг заедно, со исклучок на кога сушам само крпи, тогаш ја полнам прилично. Единствено никогаш не сушам понежна облека, фустани, кошули, сакоа и сл. Најверојатно ништо не би се случило, но сепак не ризикувам. Секако, на таква облека стои знак дека не се суши во сушална.
Секогаш ми ги вади изгужвани, и полна и празна и средно полна, и на различни програми, па не сушам веќе постелнини во сушара.
Треба да ставиш сепаратор. Се продава во продавници за бела техника. Доаѓа со каиш со кој што се врзуваат машините. Има упатство.
Здраво, имам машина за сушење алишта Кончар и не беше подолг период пуштена. Денес кога ја пуштив, почна да прави некој необичен звук и веднаш ја исклучив. Да не знае некој во што може да е проблемот?