Не би требало да собира, ама штом е таква работата, јас ги препорачувам Беко, таква имам веќе 7-8 години, ништо досега ми нема смалено.
извини што упаѓам, беко комбинирана или само сушара? Јас сум во потрага по засебна сушара па истражувам
Само сушара. Моделот не знам да го кажам, со @ALISA0000 мислам иста имаме. 7 кг собира, ама никогаш толку не ја полнам.
фала ти, и да ми го кажиш моделот многу е веројатно дека го нема истиот, а дали знаеш каква технологија на сушење има? гледам има 2 типа на сушари кондензациска и со топлотна пумпа. јас некаде читав тие со топлотна пумпа не ги собирале алиштата но не сум сигурна..
Кондензациска е. Не ги собира алиштата, ама и не ги користам сите програми, најчесто таа за осетливи алишта, за синтетика и за фармерки (на оваа сушам само чорапи). Ништо досега не ми собрала. Само ме нервира што многу ја гужва постелнината, без разлика на програма и колку е полна машината. Ама ја вадам полувлажна, ја диплам и се досушува на парно. Машината за перење не ми ја гужва колку сушарата, оти нема многу вртежи на центрифугата, 600 е максимум, па по двапати некогаш центрифугирам, иако нема потреба.
Не знам која е, нема ништо вака на машината напишано, назад да барам не можам. Упатство исто немам..небитно, дури тера, нека тера. Не можам да се пожалам. Edit: баш проверив, таа е.
Абе слушај каа ти кажувам Ако некој те праша сеа е под име 7112 слободно нека ја зимат Маме и ебавме 10 години
На микс брате. Шала на страна, јас откако ги купив, пералната и сушарата ги немам пуштено ни 2-3 пати на различна програма освен микс. До сега апсолутно никаков проблем не сум имал со било какви алишта со микс програма. Е сега, сушарата секако ги стеснува минимално, ама тоа зависи од материјалот на облеката. Плус, ако одредена облека не е наменета за сушара, ќе бидат оштетени на било која програма која ги суши до крај.
Девојки, ве читам некои користите кондензациска сушара. Видов дека не зависи од одвод и дека може било каде да се стави, ама ме интересира дали вади пареа надворешно како другите машини?
Препорачајте добра сушара, што не собира, бидејќи маж ми е 2м одвај наоѓаме да му е точно па уште да му се соберат во сушара.
Немаат врска овие, да не се излажеш. Ако ти рипа машината, провери дали ти е нивелирана ко што треба. Ако тоа не е проблем, сменете амортизери, барем тоа е лесно.