Синтетика или микс. Другите по потреба. Сама ќе си видиш каде што ќе сушиш, јас на пример чорапи сушам на jeans, оти побрзо ми ги суши. Досега не ми е смалено ништо од алиштата, недостатокот е што ги лити, не ги смалува воопшто.
Ако може некој да ми помогне Ја имам оваа машина на Горење(слика). Вчера нешто ме зезаше.На било која програма бубањот не сака да врти,мислам врти ама така се клате лево десно,како да се мачи,а не е преоптеретена со кг, само на центрафуга сака и тоа не секогаш. А на празно си врти без проблем.Црева,филтри ок е се' Две недели ја имам,не ми правеше вака. Ги следам упатствата на програмите како што треба,не знам зошто вака ми прави сега,до што може да е?
Имам проблем со машинава, времетраењето на петењто го враќа од 25мин на 29 мин, секогаш. Не знам што е проблемот, ако некоја имала ваков проблем нека пише. Ја вклучив на мешано, бели алишта, можеби повеќе алишта ставив, ама не е полна... Не знам што да правам, да ја исклучам ли или?
За перење или за сушење? Ако збориме за сушарата, нормално е да го коригира времето на сушење, можеби не се суви алиштата, и треба уште малку за да ги досуши. Си има сензори и сама си го прилагодува времето на сушење. Е сега, ако машината за перење ти е со послаб број вртежи, како мојата, подолго време и треба да ги исуши алиштата.
Може каишот да е откачен или скинат, со рака можеш ти да го вртиш бубањот, и дали лесно се врти или дава отпор?
За сушарата зборам, над 10 пати, го враќаше времето од 25 мин на 29 мин... Ја исклучивме, алиштата се ептен малку влажни, на рабовите само.... Вклучив и друга програма, на 10мин, исуши за тој период и сама се исклучи.... Ги перев алиштата на 400вртежи,бајаги беа влажни, можеби и затоа повеќе време ѝ требаше за да ги исуши....
Зависи и од материјалите, нешто побрзо суши, нешто побавно. Мене не ми смета кога го продолжува времето, оти јас облеката ја сушам на пониски температури и треба повеќе време да се исуши. Максималниот број вртежи на мојата машина за перење е 600, на поновите е поголем тој број, па побрзо се сушат и алиштата. @DELFINA81 треба бубањот да дава мал отпор кога го вртиш со рака, а ептен лесно ако се врти каишот е отиден најверојатно.
Знам тоа да,сакав да кажам можам да го завртам без проблем,малку отпор има. На програмата за центрафуга само што е сака. Ќе повикаме утре мајстор,под гаранција уште,две недели е стара.
Здраво И јас имам комбинирана Вирпул но проблем ми е што кога ќе уклучам да суши ги врти на 1600 вртежи и не можам да сушам блузи фармерки зошто ги уништува. Има ли некако опција да се намалат вртежите? Значи завршува со перење уклучувам програм да суши и таа самата си уклучува центрифуга.. Не знам дали некаде грешам