Сите нови машини се со долги програми и 1-2 кратки, убаво разгледај читај им ги упатствата таму пишува колку траат. И внимавај дали има програма со 90Ц, ( мојата комбинирана Whirlpool има само една програма на 90 и таа е само со предпрање)
Јас ја имам првата и сум задоволна. За програмите не е точно, имаш пократки. Најкратката е 30 мин, тоа е во принцип кога пуштам нешто како крпи, пешкири и слично. Имаш програма за шарени алишта 1ч и 10 мин, за бели алишта и слично.... Имаш исто така опција во случај ако пушташ со пареа, на вриење... да го скратиш времето, на пример, ако ти дава 2ч и 30 мин, исто да ги испере за 1ч. Имаш опција колку пати да ги врти, дали со двојно перење или не, да го скратиш времето за побрзо да ги испере. Јас искрено сум задоволна. Веќе три години ја користам никаков проблем не сум имала. Има и експрес брзо перење..
А зошто перете на 90 не ми е јасно? И што перете на 90? Сега прашоците се толку јаки, што и 60 супер врши работа. На 90 ја уништувате облеката.
Долната облека ми е 100% памук и перам на 90Ц исто и кујнските крпи и некој чаршафи што се 100% памук само на 90Ц перам.
Здраво. Да ве прашам дали ви се случило алиштата да ви се направат со флеки од самата машина? Сигурна сум дека не ми се обоени од други алишта зашто многу внимавам. Конкретно и на белите алишта, освен бели гаќи маици и постелнина бела друго ништо не ставам во машина. Ми се дешава да ми излезат маиците со флеки, флеката изгледа како со зејтин да е флекосана . Викнав и сервисер ама џабе, викаат се е во ред
Дали ја има некој оваа машина за перење и дали е задоволе? https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_PERENE1/FUEGO-WMFGTC81233B
Се надевам не ја промашив темата Дали некој има искуство со ваква "машина"? https://www.google.com/url?sa=t&sou...CGcQAQ&sqi=2&usg=AOvVaw1lGrUCbjNlQiKHrNGBdggD
Здраво, дали некој има сушара на Беко, ако може да ми каже како правилно да ја употребам опцијата одложен старт? На упатството не е баш прецизно напишано, а кога ја ставам пример да почне за 3h, таа си врти повремено и во тој период. Дали така треба или јас нешто погрешно правам?
Да, ги врте повремено колку да ги преметне да не се гужваат многу Не се секирај нема тогаш топол воздух само со ладен ги врте Истото го праве и од кога ке заврше со сушење ги врте на некое одредено време да не се згужваат
Ти благодарам,јас па цела збунета да не ја зезнам нешто, а дали ти се случува откако ќе заврши да го продолжи времето на пр за 15, 20 мин ? Претпоставувам дека е некој индикатор дека се уште има влага па затоа продолжува
Јас бели алишта: чаршафи, пешкири некои работи што ги користам за лице, обавезно ги вријам на 90. Колку сака нека е добар прашокот нека отстојат во жешка вода.
Вие си знаете Перев и јас порано на 90 и се чудев зошто ми се ко картон пешкирите. Сега пешкири и бањарки перам на 60, крпи некои. Се останато на 40. Особено што користиме еднаш и фрламе, не гледам потреба да уништувам облека.
Зависи што перам и јас не перам бањарка на 90, обично на 30 и 60 перам, ама постелнина/ навлаки за перници и пешкири обавезно на 90, да имав 95 на таа ќе уклучев. На 30 ми е најбрзо, затоа најмногу ја користам.
На 90 оде се шо дозволува вриење Чаршави, огртачи,бањарки,крпи за очи,бели чорапи ,кујнски крпи,долен веш ,мајци Не за џабе е таа програма 90 А за да не ти се како картони пешкирите стави ги у сушарата Јас зимо лето белите ги сушам у сушара
Препораки за машина за перење? Сакам со поголем капацитет (9-10кг), А класа, инвертер мотор. Што да барам? Беко, Горење, Самсунг, Вирпул...или нешто сосема друго? Ми откажа љубов машината, Горење беше, 15 години ја користев до максимум, дефекти сериозни немала воопшто, освен амортизери што менувавме, лани матичната плоча ја сменивме, ама сега веќе откажа моторот, не работи. Не знам дали се исплати да менувам само мотор, на машината за садови сменивме лани, и тера, ама со пералнава не знам дали вреди, оти сепак е постар модел. Гледав во Нептун, Техномаркет, Алфи. Сетек не ми е опција.
Купив веќе. Тоа што имаше одма да се земе, да не чекам, оти ми треба. На Беко зедов, со инвертер мотор, па да видиме, може ќе се покаже.