1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машини за садови

Дискусија во 'Дом' започната од Love.love, 22 јануари 2012.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.192
    Допаѓања:
    56.717
    Пол:
    Женски
    Фала ти. А исто е со инокс? :$ Не смејте ми се, не се разбирам во овие работи. :$
     
  2. LadyNN

    LadyNN Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    17
    Здраво девојки :hai:
    Во процес сме на реновирање на кујната, па тука следува нели и машина за садови (претходно немавме). Во меѓувреме се потрошивме доста за другите елементи, па затоа битна ми е и цената. Ми се допадна овој модел на Beko, па ме интересира дали некоја од вас можеби ја има? Совети се добредојдени :)https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&product_id=216068
     
  3. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.629
    Допаѓања:
    8.537
    Пол:
    Женски
    Девојки веке година ја користам машината редовно, сега сакам да ја исчистам. Се мислам за финиш тоа за чистење на машина што е, па нека ме просветли некоја на која програма да го пуштам [​IMG]
     
  4. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    На програмата со највисоката температура што ја има твојата машина. Кај мене е 65º. Следи ги упатствата на пакувањето. Капачето не се отстранува, го ставаш во празна машина и пушташ програма. Но, морам да ти нагласам дека ова нема да ти помогне ако филтерот ти е запушен, а ако тоа не е случај, тогаш супер е за мала дезинфекција на машината. И прави го поредовно од еднаш годишно. Не мора секогаш со вакви сретства. Сода бикарбона и алкохолен оцет се сe` што ти треба. Содата ја ставаш во кутивчето каде што се става пилулата или прашокот за миење садови, а оцетот стави го во делот каде што се става сјајот. Се разбира, празна треба да биде машината и во овој случај.
     
    На joy1, TheSecret, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  5. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.629
    Допаѓања:
    8.537
    Пол:
    Женски
    Највисоката темп е 75C ама трае 180 мин, има и 65 која трае 1 саат. Обично садовите на таа ги пуштам.
     
  6. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Голема разлика во времетраење:). Тогаш пушти ја на 65º, сосема доволно е. Кај мене приближно исто траат програмите. Еко програмата е 75’ (колку е еко ова, не знам:)), а другава 80’, па затоа и се држам до упатството на Finish. Друга варијанта ти е да ја пуштиш на ефтина струја, но сепак мислам е непотребно. Редовната програма што си ја користиш ќе ти заврши работа.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marija.bitola

    marija.bitola Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    0
    Најевтина, најмала машина за садови? Ве молам за брз одговор
     
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    75’ - 75 мин. 75'' - 75 сек.
    http://setec.mk/White-Goods/Diswasher-machines/ST-DWF45W67155
    http://www.technomarket.com.mk/products/09141060/favorit-ms-3000
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marija.bitola

    marija.bitola Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    0
    Благодарам. А нема ли на пример за 4 или за 6 особи и како се движат цените?
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.736
    Допаѓања:
    323.835
    Пол:
    Женски
    image.jpeg Го има ли некој користено?
    Мм го купил но пишува дека цело шише се става во машината во делот за прибор за јадење.Малце ми е чуден начинот на користење и дозирање.Едно цело шише за една употреба? :?:
     
  11. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.791
    Допаѓања:
    108.371
    Пол:
    Женски
    Го имам користено тоа е против масти и наслаги да се дезинфицира машината и се става еднаш месечно, на празна машина, јас обично го купувам и она за бигор па се чисти машината наеднаш. Дозирање да за два пати или три пати кога како ми дошло :)
     
    На galapce и joy1 им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Не знам кои се цените,ама реално во машина за 4 лица можеш само 4 тањира и 4 шољи да ставиш.
    Во поголема и шерпа можеш да ставиш и тепсија...така да размисли за колку и како ќе се служиш.
     
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Да Џој, за една употреба е. Го ставаш во празна машина, одвреме навреме, да ја исчистиш.
    Има таму сигурно пишува да се одлепи едно стикерче, ама не целосно, се превртува надолу шишето и се пушта машина.
     
    На galapce и joy1 им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.736
    Допаѓања:
    323.835
    Пол:
    Женски
    Фала ви женски мн :)
     
  15. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Женски на мене ми треба помош. Купивме машина за ссадови ама неако многу сложено ми изгледа :) Вчера прв пат ја пуштив еднаш на празно да изврти е сега ме интересира сол дали пред секое ново пуштање се става и по колку количински? Какви таблети користите и по која цена и ме интерисира какво средство за измивање ( така го пишува во упатството) да користам. Прв пат кога ја пуптив отворот за сол го наполнивме со вода и таму додадов сол произволно, со машината си идеше и мало пакување на средство и две таблети, а за понатаму незнам што би било најдобро за да користам.
     
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    257.716
    Пол:
    Женски
    Просторот за сол ми е полн а сијаличката сигнализира дека нема. Да не знаете што би можело да е?!
     
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.946
    Допаѓања:
    134.537
    Пол:
    Женски
    Ako ти свети црврно индикаторот за сол значи треба уште да ставиш, ако не ти се вклучува црвена сијаличка коа ке ја вклучиш значи доволно си ставила. (kaj мојата е така)
    Таблети јас користам тие од КАМ маркет што се, 40 за 225 ден и супер ми се, задоволна сум од нив, немаш потреба за некои од поскапите марки како Finish или Calgonite. Сјајот исто тој од кам, океј си е и тој.
     
    На Kaffe му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ssweety

    ssweety Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    1.494
    Пол:
    Женски
    сол не се става пред секое пуштање ...кога ќе треба сол самата машина ќе ти покажи дека треба сол да се стави... иначе јас користам calgon таблети и сум презадоволна некни си купив 20 таблети за 230 ден. иначе освен таблетите друго ништо не користам никакво средство . а за солта и јас произволно имав турено и штом не свети значи таман е ;)
     
    На Kaffe му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Со детергентите некако се средив, но ми се јави друг проблем. Незнам можеби ми е подесена на некоја глупа програма и вчера кога ја пуштив вртеше може повеќе од два саата и садовите ги оставив внатре и сабајле кога сакав да ги наредам имаше некои во кои имаше останато вода и по машината имаше капки како кондезација. Сигурно некаде грешам :)
     
  20. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    @Kaffe откако ќе заврши машината после некои 10 минути подотвори ја вратата на машината и остави ја така. Ќе излезе пареата и нема да кондензира. А за програмот сигурно ти бил ставен за танџериња, види во упатството, обично најкраткиот програм е за чаши и малку прљави тањири и трае не повеќе од еден час, следниот најчесто е еко и трае околу 2 часа, и последниот е за тенџериња и кај мојата машина трае и трае и трае...
    Имам Горење најосновен модел, вградена.
     
    На joy1 и Kaffe им се допаѓа ова.