^ Не се става друго. За таблетката би требало да си има едно посебно место со капаче, каде ќе ја сместиш (кај мене дома е вака)
Вообичаено има место за прашок(или таблета), место за сол(што служи за омекнување на водата од бигор) и место за сјај за плакнење на садовите. Ако користиш таблети, нема потреба од други работи, но сепак, ако си во Скопје задолжително треба да ставаш и сол бидејќи водата е многу бигорлива. Ако пак користиш прашок за садови, тогаш ти треба и сјај за плакнење. Значи: прашок+сол+течност за плакнење или таблета+сол
Ние имаме Bеко полувградна машина за садови за 12 комплети, 60-ка. Супер работа, скоро ништо не перам на рака и во неа ставам се, дури и тенџериња и тавчиња, освен ако не е нешто што веднаш ќе ми треба да го користам. Пере беспрекорно! Не ги плакнам пред да ги ставам во неа, само остатоците ги исфрлам. Користам програм кој трае нецел час и мие на 60 степени. Економичен, брз и практичен програм. Има можност и за перење на повисока температура ако има тврдокорни остатоци, но засега ретко кога да го користам. Во неа ги перам и шишенцата од малата. Машина за садови е права работа за секоја домаќинка, која има знае, а таа што нема треба во најбрз можен рок да си набави. Нема потреба повеќе од губење време покрај мијалникот. Инаки перам со прашакот Finish , купуваме голема кутија и забораваме кога сме ја купиле последно. Обично си ставам датум за ориентационо да знам, но ми трае повеќе од 6 месеци. Дополнително нели исто ставам сјај и сол. Сјајот си го купувам од КАМ, поефтин од Calgonit и исто добро си врши работа.
Јас од каде што ја купив машината ми кажаа дека може и обичен сјај за садови да се стави и таков и ставам да не купувам посебно. Само треба да се стави ептен малце. Инаку ставам прашок+сол+сјај и немам никаков проблем.
не е истиот сјај не не не ...тој сјај е средство со кое се плакнат садовите за да имаат сјај , јас имам ставено и сакам некако да го одтсранам ама незнам како за тоа што ми е некако шубе...мислам дека и не е баш така најдобро да се става средство во последното плакнење а сјајот иде со последната вода ко омекшивач кај алишта има ли некоја од вас искуство со средствата од дм маркетот , братучетка ми во хрватска само такви користи
Мајка ми уште од сега ми спрема машина за садови како свадбен поклон Згоѓа е, ја имаме неколку години и сме презадоволни. Имаме од поголемите, за 12 лица е, ама за два-три дена ја полниме бидејќи сакаме да си готвиме Садовите обично секогаш прво ги поминувам со вода, ги плакнам од остатоците од храна, па потоа ги ставам во машина. Користиме Калгонит прашок, одлично си ја врши работата.
Оваа ја имам. Користиме апчиња и со тие се мијат садовите. Секоја ден ни е пуштена,и презадоволни сме. Два-три пати имаме повикано мајстор ама проблемот беше до нас не до машината.200 евра мислам ја земавме
Еве да споделам искуство, а баш и прашувавте за ДМ средствата за машинско перење на садови. Го купивме прашакот за садови и морам да го пофалам. Веќе никогаш нема повторно да купам Calgonit Finish Кој е многу поскап. Овој е околу 300ден за 2кг а финишот е 2,5кг околу 500ден. Има и таблети кои гледам дека многу ги фалат но не сум ги пробала. Си купив и сјај за машинско перење на садови исто така на ДМ. Мислам околу 100ден е литар. Одлични цени и одличен квалитет.
За бучавоста на Нео не знам... ама овие на Беко се тивки ништо не се слуша. Имаат и индикатор за сол и сјај.
како идат цените на дм производите за машини за садови ??? и производите од кам како се , со цени со квалитет???
Па баш напоменав, прашакот за машинско перење е околу 300ден за 2кг. Одличен е! Сјајот за машина за садови е околу 100ден за 1л. И тие од КАМ се добри но доаѓаат поскапо од овие од ДМ.
Ние ја имаме машината Quadro, неможев да најдам слика на интернет. Инаку порачуваме од Грција прашок, а сјајот понекогаш од Струмица го купуваме, ама почесто дедо ни пушта бидејки таму во Германија се поефтини. Ама да ни се истроши прашокот и сјајот планирам да земам од прашокот и сјајот Грл што го кажа, ептен ефтин е
Јас сум многу задоволна од таблетите од Кам. Претходно со години користев калгонит, овие од Кам се многу подобри и многу поевтини.
И јас ги користан овие од КАМ со години и сум супер задоволна. Но да прашам ставате ли и екстра сол со таблетиве?
Ние се ставаме, ама не знаевме дека може да се одлепи фолијата и дека на чашите златната форма ке им излезе, ама ајде ..
Јас имам мала машина на Бош за 4 лица и богами секојдневно душа и вадам.Од пред некое време и покрај употребата на прашак,сол и сјај ,почна да ми ги бели садовите,особено чашите.Пробав се и сешто ,па дури и сменив 3 вида на прашак.И ставав и сода ,па и лимон и ефект немаше.Од пред една недела почнав да и ставам сјај за рачно миење на садови и тоа по многу малку и конечно си го решив проблемот.Чашите по миењето светат како никогаш до сега