Земи средство за чистење на машината, да ги исчисти прскалките и исчисти го филтерот убаво. Има во ДМ едни таблети за прочистување на машината, идат по три во пакување, и може да се користат и за време на миење на садовите, не мора да е празна машината. Значи си ставаш садови, таблета за миење и долу под фиоките ја фрлаш таблетава за прочистување и си ја пушташ програмата за миење како и вообичаено. Овие се, јас сум презадоволна. Околу стотина денари е пакувањево и не се става на секое миење, може два пати месечно.
Мене машините дома и за садови и за алишта, времето сами го пресметуваат според количината, па некогаш подолго некогаш пократко, никогаш не е тоа драстични продолжување на време, ама ако има помалце садови пократко трае, или може јас така си мислам дека е тоа причината, но и кај мене е така
@Baby-Blue @Star_dust И кај мене прави понекогаш така,го продолжува времетраењето. Јас имам Беко,ама баш периодов приметив дека секогаш прави така ако при работење снемало или сјај или сол.Може има некаква врска и тоа. Исто ми се случи на 2 пати кога место сјај (немав во моментот)ставив оцет и тогаш го продолжи времето.
Какви капсули користете? Од кои сте нај задоволни? Машината ќе ми стигне во четврток, па немам појма кои се добри кои не.
https://setec.mk/index.php?route=pr...roduct_id=72520&mfp=manufacturers[70,104,269] Ја има ли некој машинава за садови? Задоволни ли сте? И генерално од кои марки сте задоволни? Ми треба 45, целосно вградна, по можност до 20 000. тнх
Јас имам горење, и сум многу задоволна од неа. Околу 24 илјади е. Совет, не купувај сомнителни марки.
Фала, јас Горење ги избегнувам (лоши искуства имам) Секако нема да купувам low budget, ама па и не сакам богатство да платам. Разгледуваме сега, ќе видиме на крај што ќе одбереме. Може и Беко ќе биде. Вирпул инаку не е сомнителна марка
Не, мислев општо, не за маркава. Инаку не е поентата да се избрзаш и да фрлеш само пари. Спореди која што вклучува. Да, и Беко се добри. Маркава ја има другарка што ја постави ти како линк, ја користеше долги години.
Да, секако, ќе разгледаме. Како што реков, сега почнувам да барам, па се запознавам со машиниве и функциите. Фала
Ана јас имам Беко, незнам точно кој модел беше, вака на изглед се сите исти. Разликата е што е со два ++, поекономична. А сега имаат и со три.
И од мене препорака за Беко,не знам точно кој модел беше,ама сега скоро ја гледав во Алфи беше 20500 мислам.А++ и доста економична е. @shz јас користам и таблетки и сјај и сол од Кам и задоволна сум како ми ги мие садовите.
Од КАМ се солидни, тие што се по 40 во пакување, другите што се по 60 во пакување не се толку добри. Исто и во ДМ имаше едни добри таблети, 60 во пакување а пристојна цена, одлични беа. Ама сега не можам да ги најдам.
Со оваа немам искуство али имам Беко А+++ инвертер мотор беше 24 000 ама ја земав за 20 000 беше на попуст во сетек али ова е пред 2 години почекај види ако не ти е за брзање можеби пред нова год ќе имаат некој попуст па да го искористиш. Предноста на Беко е што имаш 5 години гаранција и со код што го има самата машина добиваш уште 5 години вкупно 10. Во врска со таблетите од Финиш сум разочарана оставаше бело али гелот е одличен али е прескап реално ако не го начекаш на попуст 500 денари е во Дм со попуст 330 доаѓа (али кога го има нормално) . Таблетите 40 што се од КАМ пристојна цена и сјајот е одличен.