A каква сол се става??? мора ли да се стави соллл за да пуштииш машината да работи што треба да се ставе дали и таблети сол и сјај??? прв пат прашувам
Таблетите содржат во себе и сол и сјај и прашок, а можеш да ги ставаш сите овие посебно. Во мојата, бидејќи е мала, таблетите од Кам ги делам на половина, бидејќи не собира цела таблета, а и нема потреба, една таблета е за голема машина.
Јас ја имам оваа од пред неколку дена е ставена во употреба http://www.gorenje.com.mk/dishwashers?c=321504 Многу е тивка и убаво ги мие садовите ... меѓутоа не се скроз на скроз суви кога ги вадам .. не знам што може да е.. any idea?
Кај мене на вратата до копчињата за уклучување постојат две знакчиња, едно за сол едно за сјај. Кога светкаат црвено значи дека треба да се дополни. Сол и сјај ставам еднаш месечно или на два месеци. Кога светка полнам до крај, и машината ме обавестува кога да се дополни. Инаку јас се почесто си ја уклучувам машината само на пола саат. Секако најчесто е за чаши, шољи, чинии па заштедувам. На појак програм и подолго ставам само кога имам тави.
danichap колку отпрлика сол ти собира кога ја надополнуваш? Таа што ја имаме е исто со индикатор за сол ама некако многу брзо светнува. Се користи секојдневно, најчесто на краток програм ама некако брзо ја троши солта.
300-400 грама сигурно ставам наеднаш, може и повеќе. Паувањата сол ми се по 1кг до 1.2кг и некогаш до пола го празнам, а некогаш третина. Тоа отворот баеѓи е голем и полнам се додека не се наполни целосно. Ние сме двајца само, па не ја уклучувам секој ден, еве преку еден ден да речам.
Според количината претпоставувам дека се работи и за помала машина. Машинава што ја имаме е голема за 12 сета и собира по 2кг. сол одеднаш ама не ја полниме цела . Како и да е ми изгледа дека многу брзо бара надополна, пакување од 2,5кг троши за нецел месец .
Голема е и кај мене, стандардна големина т.с. За 12 исто. Но не дообјаснив ставам сол додека не се наполни отворот што е на дното и не почне интензивно да претекува водата. Тоа ми е знак дека треба да престенам , дека е доволно. Кај мене е Бош, до моделот да не е. Едни повеќе да влечат други помалку
Ќе морам да се консултирам со некој мајстор изгледа. Водата од резерварот за сол секогаш го исполнува отворот до горе. Дури и кога ќе светне дека нема сол и кога ќе се отвори капачето има вишок вода која одма претекува. После при дотурањето на сол исто така си претекува постојано. Инаку вака си нема мана во работењето, одлично мие, суши, перфектно ги светнува садовите..ама ова што јаде толку многу сол ми е чудно.
Ние имаме индесит за мислам дека е за 24 сета. Мајка ми ја полни со сол одеднаш, става околу 2.5кг и не светка месец дена. Не е многу тивка, ама па мие како луда, садовите светат. За прослави дома кога имаме, мајка ми ја полни 2 пати и се е измиено, тогаш најмногу сфаќа колку и се наоѓа. Ја пуштаме речиси секоја вечер, на ефтина струја чаши дневно се собираат колку ти душа сака. Инаку користиме Калгонит сол, сјај од Кам заборавив како се викаше и прашок исто Калгонит.
Чекав да го користам „средствово“ некое време, за да сум сигурна во исходот и да можам да го споделам: Во машината за садови, наместо сјај, почнав да ставам бел алкохолен оцет. Прво беше измешан со сјајот, потоа беше само оцетот. Во делот за прашак најнормално си го ставам прашакот од ДМ со малце сода, и тоа е тоа. Резултат - ПРЕКРАСНО измиени и сјајни садови и чаши, и што е најбитно - воопшто не мирисаат нит на оцет, нит на стоено, нит на нашава смрдена вода! Најтопла препорака од мене
За свадбата од брат му и снаата, добивме беко, си ја чуваме за кога ќе си се одвоиме. Незнам кој модел точно беше треба да проверам на гаранцијата. Знам дека нема дисплеј, и е за 12 сервиси. Ама во Беко не се сомневам, зошто мајка ми има Беко, и знам колку е квалитет.
И мојата машина е БЕКО, ама помалечка е за 10 сета. Деновиве за прв пат ја тестирав и се си е ок. Е само за една работа ми смета. Јас ја купив вградлива, се со цел да ми изгледа кујната поубаво нели (затоа што е поврзана со дневната) НО тоа ми смета, ќе уклучам, затворам и појма немам што се случува. Кај моите имаме обична, не вградлива и навикната сум така , си гледам, на колку сум ја уклучила, светка зелено, светка црвено. Сега да купував ќе си купев обична, а не за вградување иако не е толку лична.
Сакав да ве прашам дали некој има искуство со машина за садови Blomberg, сега се некој нови донесени во Нептун имаат 7 год гаранција, германска марка, ама мене ми се комплетно непознати. Ако некој знае какви се по квалитет супер работа ќе ми заврши
Сакаме да си купиме машина за садови за 10 сета 45ка и да не е многу скапа се мислиме од BEKO,NEO I INDESIT но дали бучавоста зависи од децибелите кога се поголеми како на пр.55 се побучни или ако е 50 и незнам што друго да запазам кога ке ја бирам .Пишете ми ваши искуства или препорачајте нешто друго
Majka mi ima quadro masina mnogu e ubava, tivka I sobira mnogu neznam za kolku seta e no kolku masina za alista e otprilika zdravje za nekoe vreme koga ke ziveeme sami so soprugot ke zememe bidejki mnogu se naoga I odmenuva.
Едно прашање феминки, на чашите ми се познава бигор на дното, до што е проблемот, користам таблети и сол и сјај од кам. Сега баш проверив солта не ми е растворена. И цел пробор ми го ргоса, дали на време не ја отварам машината или до што ќе е незнам. Но ова за чашите ужасно ме нервира. Треба секоја да ја поминам со вода откако ќе ја извадам од машина. Ај ако знае некој кај грешам нека ме просветли