Да Ќе си купиш сол и сјај што се само за машина за садови, во упатството имаш тест за да ја измериш твдроста на водата и се поднесува подоцна, се пишува во упатство што и како да направиш.
Пред да ставиш сол, обавезно стави претходно литро-две вода во тоа контејнерот за сол, пишува и во упатството мислам. Кај мене мајсторите кои ја носеа ми кажаа и прво вода па од солта ставија. Потоа ја вклучија на кратката програма од 15 минути за плакнење, за за се испере внатрешноста. Тврдина на вода не проверував, не знаев како и со што. Си тера со фабричката подесеност.
Освен убавиот мирис, ништо посебно. Дури мислам и дека се скапички... 40 за 380ден. а финиш ги има во пакување од 90 таблети по маркети за околу 500денари. И финишот не ми се нешто ... сакам да пробам сега од ДМ.
Ја имам таа на Беко, тој модел, само помала, 45см, веќе петта година ја користам. Презадоволна сум. Ти ја препорачувам. За Електролукс не знам.
Кои ти се најдобри до сега ? Јас имам зимано од кам, овие од стокомак и финиш и ниедни не ми се бендисаа ептен...
Јас имам капсули, во машината ги имаше уште ги немам почнато. Дали со нив заедно треба и сјај да ставам или се користи само едно? И ве молам каква е таа течност за плакнење или е само лош превод за сјај?
Треба да ставиш сол и сјај за садови ама за во машина, не обичен. Овие како се трошат така ги дополнуваш. Имаш во ДМ, во маркетите. Јас моментално користам сјај од ДМ. И на секое вклучување по една таблетка. Еве го сјајот
Update: машината е вградена и се е како што треба, не се крева веќе сама нагоре вратичката, убаво си стои.
Ве молам споделете кои програми од машината за садови на Беко е најдобро да се користат, дали на 60 степени (мислам дека е програм 4 која трае 58 мин) е доволно да се уништат бактериите? За какви садови ги користите подолгите програми? Исто така ставив течност за плакнење ама не ми покажува уште колку имам, дали при секое пуштање на машината треба да ставам од оваа течност? Нова сум во ова, и малку не ми се јасни работиве.
Зависи колку ти се валкани садовите. Јас често ја користам таа што трае 58 минути, супер си мие. Течноста за плакнење се става кога ќе светне индикаторот дека нема течност.
Секоја машина си има упатство. И на нас не ни било јасно, ама си прочитвме упатството и таму сѐ си пишува. Има посебен сјај за машина, се полни контејнерчето и следно полниш кога ќе ти светне индикаторот. Исто е и со солта, се става сол и вода во делот наменет за тоа и кога ќе треба пак да дополниш ќе ти светне индикаторот. Јас ја вклучувам на 40 степени пола час програмот ако имам не толку валкани садови (чинии и чаши) или на 65 степени околу 3часа ако ставам тенџериња, тави и други мрсни садови.. Кончар е мојата
Јас скоро секогаш ја пуштам на најдолгата програма на 65 степени. Тоа зависи колку се валкани садовите. Ако имам само чаши за миење ја пуштам на 35 степени само со сјај за машина без таблета, макар што поретко ми се случува. За сол , како што ти кажаа другиве членки, ќе светне. Кај мене собира половина од пакетчето. Мојата е Сименс. Понекогаш ја пуштам напразно со средство за чистење.
Далу нњкој ја има машинава за садови Whirlpool WFC 3C26 X ? Другата недела ќе ја земам , читав супер коментари на интернет, ама ме интересираат и др искуства
Вечерва кога ја пуштив машината за садови вода мн долго се полнеше и перките не почнаа ни да вртата ми се јави грешка Е2 проверив во упатството пишукваше црево за довод на вода и како проблем дека има со дводот на вода и од шод нељ истрче вода ја искл и одново ја пуштив почна да си работи најнормално...ж ама водава под неа од што е сега? Да ја пријавам ли во сервис уште е под гаранција.. некој со вакво искуство
Како ја чистите машината за садови? Чистам филтер еднаш неделно, сол не користам е полошо, фери таблети, а пак неподнослива миризба?
Фаворит машина, никако не го избирајте овој бренд за доверба 3 пати ми се расипуваше, и се оштети од чистење надворешно .
Здраво вчера купивме машина ставив сол,сијај се по упатството ама не пишуваше дека треба и вода кај солта да се стави сега тука прочитав само еднаш е пуштена,дали да ставам сега вода и колку отприлика?