Имам вирпул машина, чинии, тави убави ми мие, а чашите од хорна полица ги мие ама остава како прашкасто нешто, вакви се Од што може да биде?
Да не е од капсулата, ако не ја раствара убаво, пробај стави ги пак и во делот за сјај стави малку оцет и види. Или пак стави оцет во делот за сјај и посипи сода бикарбона во машината да не во случај ти е запушена горната прскалка па не ги плакне убаво. Ако ти се вади горната прскалка провери ја да не е запушена. Јас така ја чистам машината и обавезно зашто ми се вадат двете прскалки ги вадам откако ќе заврши да проверам да не се запушени
Ооо не ми текнува која цена беше, не беше многу скапо идат две патрончиња во едно пакување, купено ми е оддамна, се вади заштитната фолија од позади што и има штипче и се закачува на горната решетка на машината да виси, а исто така кога ќе се потроши се отвара и се става другиот дел миризлив што е... Долго трае, едно патронче мирозливо скоро повеќе и од неколку месеци го користам...
Најдобри се Fairy Platinum plus. Навистина се и најскапи, ама стално ги барам каде се на попуст. Минатиот пат земав 90 капсули за 800 ден и 3 месеци бев мирна. Сега ги најдов во Веро за 1300 и нешто денари. Убаво мирисаат садовите после миење и убаво се плакнат:
Ne sme majstori, no na nekoja dali i teknuva sto znaci ova znakce? Dali znaci deka ima problem so odvod/dovod? Inaku si pere normalno, zavrsuva,i namesto da se izgasi, sveti ova znakce sekoj pat, so cesmata i pisuva E:22 (mozebi nekoj Error javuva). Ke vidam so servis ama dodeka dojdat dali da ja pustam. Ne mozam bez nea
Здраво Имам машина Беко скоро 10 гпдини. Додека перев со капсулите од Кам садовите ми беа топ светнати, како ги снема тие капсули пробав со милион други што од кам, што на стокомак, што на ДМ, сега имам и финиш ама садовоте ми се ко немиени. Ставам дури и по 2 капсули одеднаш, сол и сјај има, додавам и оцет во тоа за сјај ама џабе е се. Чашите ги вадам побелени и сега ни на рака неможам убаво да ги измијам, тенџерињата исто. Тањирите ми се бели ама се гледа како мрсно на нив. Некој да има искуство како да се реши проблемов?
Или е до капсулите или има богор машината да пробаш да ја пуштиш празна само со сода и оцет и да видиш на следното миење. Да инаку на Минел капсулите од Кам беа топ среќа што јас имав залиха направено оред да ги извадат од употреба, или пробај со оние гелни што се капсули не тврдите
Истиов случај е кај мене со овие капсули од Кам. Не сум сигурна дека е до капсулите бидејки по првите неколку миења со нив садовите беа измиени добро, проблемот се појави после неколку пати употреба. Одкако видов дека не се убаво измиени ставив оцет во машината и дрги капсули (Минел) и после миењето беа супер.
Мислам дека е до капсулите, да пробате со Фери гелните што се не би требало да има таков проблем, сепак тие побрзо се расрвараат и во ладна и во топла вода, а ако има пак проблем да се проба и со гелот мислам на сомат беше, наместо капсула - таблетка со гелот да се проба па може нема да има проблем, сепак капсулите (тврдите) се раствараат на повисока температура од гелните и од гелот
Не мирисаат на оцет јас на секое пуштање ставам оцет, а кога имам чаши премногу наместо сјај ставам оцет никогаш барем сега за сега не замирисале на оцет
Здраво, во последно време машината ич убаво не ги мие садовите, ставам сјај, капсула и исто нешто миено нешто не миено
Кај мене повалкани ги вади од што ги ставам Сменив сол, ставив од таа на стокомак лудвик ли незнам како се викаше, едно аоче за чистење на машината од ДМ и апче за садови па ги изми. На следното перење без апчето за прочистување на машина пак не ми беа убаво миени, ама не и ко претходно. Сега планирам да пробам со гелни апчиња некој тука ми ги препорача, ама прво пробај со солта да ја смениш