@Tea678 @V.N. сменети ги таблетките за садови, од лудвик знам многу незадоволни, пробајте со финиш или сомат, фери гелните ги немам уште пробано, ама финиш и сомат се одлични, обично тврдата таблетка потешко се раствара па затоа и може не се миени убаво садовите финиш квантум се одлични ако сте во можност да ги купите да ги пробате, или сомат исто гелните, за фери кога ќе ги пробам ќе споделам, а исто така имам пробано и гелот на сомат што се става наместо капсула исто е одличен ако не успеете и тогаш викајте сервис
Исчисти ја машината, филтер, прскалки, се. Има специјални средства за чистење, се продаваат во сите маркети и во ДМ. Иначе Fairy Platinum се убедливо најдобри таблети(капсули) за садови, а солта на Финиш ми е најпогодена. Кажувајте ако се некаде на попуст /акција капсуливе на Фери, ама платинум исклучиво. Другите не.
Последниве две миења,машинава ми ги извади бели садовите,чашите посебно. Ми се случило така кога солта е на крај,ама кога ќе се премијат и светеле. Сега не,доставив и сол,прскалки, филтер се исчистив,ја пуштив со таблетката за чистење од дм и ништо. Пак бели и тоа не сите. Некако чудно,некои чаши бели некои не.Ама забележав од ова кругче(кое искрено не ни знам за што е)како да се слевало нешто бело. До сега сум немала вакво нешто. Како солта да излегува и тоа белото на садовите мислам дека е сол. Некој искуство?
Пишав погоре, ја сменив солта и малце од малце се подобри, ама сега сакам и гелни капсули за перење да најдам да земам или некои од тие што ги пишаа погоре. Искрено се консултиравме и со мајстор за машини и самиот тој рече ако има сол тогаш незнам што е проблемот Ги видов овие сега додека пребарував претпоставувам дека барем дел се со гел Ако има некој искуство да сподели за овие таблети
Zdravo. Edno prasanje. Mi se pojavi kako rgja vo delot kaj shto se stava sol. Koristam st masina za sadovi i ne ja koristam cesto mora da napomenam. Inaku imam staveno sol i sjaj od tie od kam a kapsuli koristam od somat. Sekoj sovet e dobredojden. Blagodaram
zdravo ve molam za pomos, imam Beko masina , staveno i sol i sjaj i uporno sveti ova crveno ne se isklucuva..
Јас си упропастив неколку садови, кога ставав сол ми се истури многу и голем дел од чашите и приборот се бели сега. Ја уклучив два пати празна на висока темп со алхохолен оцет, гледам чиста е вака. Е сега прашањето ми е ако ставам нови садови ќе ги оштети ли и тие?
Фери обични 125 и фери платинум 100 во пакување ви се на акција во Кит го маркети, околу 800-900 денари.
Imam masina bosch i mi sveti sijalicka kako cetka. Vo upatstvoto ne mozam da najdam sto e. Dali mozebi znaes ti?
Не би знаела, немам искуство со Бош. Мора да има во упатството, напиши го бројот на моделот на гугл, сигурно ќе излезе.