Јас до сега сите што ги имам користено се иста големина. И Финиш, и Фери, и оние од Кам. Да не ги ставаш во делот за сјај? Кај мене тој дел е малку поплиток. Сликни го ако можеш тој дел за сјај и таблетки.
Mislam kapsulite se standart ili od kam tie pomalite da probas Ako ne nemora vo mestoto da stavas drugarkami od mrza taka samo pusta stava i zatvara kapak
Најверојатно сум ставила првото перење во делот за сјај, кога испра, не беше ни растворена капсулата, после ги сменив и беше океј. Моја грешка, неинформираност фала ти
Старите беа топ, од ко ги снема тие неможам асално да измијам садови во машина. Единствено со финиш гелните, ама па тие се малце соленки
Сеа на Финиш ми излегоа ок, ама ќе пробам и на Фери и други, дека не можам да знам кои би ми одговарале најмногу кога немам пробано повеќе видиови. Фала ти
Од Кам ужасно ми мирисаа садовите по миењето, а Финиш ми уништија чаши. Од Стокомак тие ги немам пробано.
Пак јас со моето непознавање околу машини за садови, ќе прикачам две слики, прашањето на едната е, дали поголемиот отвор е за капсула а помалиот за сјај, а прашањето на втората слика е зошто ми свети тоа над копчето за вклучување/исклучување? Однапред благодарам )
Ама и ставив 1кг сол, мислам не ни собира повеќе од тоа, баш како што пишува на упатството. Да не треба вода да се стави нешто, немам поим може и прашањата ми се глупи, ама ме нервира што свети
При првата употреба треба да се наполни со вода до горе прво, па после да се стави сол. Веројатно и сега можеш да го направиш тоа, ама и инката да ти стои поставена, да не се излие солта. Сепак, нека каже некој што повеќе се разбира.
Епа вчера беше првата употреба, и ја пуштив без вода. Сега ја наполнив, како што пишува, и престана да свети, се надевам не направив некоја трајна штета на самата машина. И фала ти премногу
Ништо посебно. Ко немиени ми беа. Досега најдобри се покажаа Фери Платинум. Нешто послаби се таблетите од ДМ што се 60 парчиња за 250 денари. А тие во КАМ што ги имаа порано беа супер, ама одамна ги нема, па мора да се бараат нови варијанти. Засега Фери се најдобри според мојава машина.