јас кога ги користев сите „салтанати“ од типот сјај, сол и незнам што уште не,бидејќи во СК водата била „тврда“ чашите ми беа со флеки. Од кога ги исфрлив тие додатоци и купив од оние ефтинине таблети за машина за садови кои ги има во КАМ, моите садови и чаши сијаат. Само еднаш месечно ја перам машината со средство специјално за таа намена од калгон.
моите немаат флеки по целата површина, туку само на дното како што е кругот доле на чашата се прави уште еден круг ( не знам дали ме разбираш) а какво е тоа средство од калгон ?
ми се увртело калгон,а уствари е на Finish http://www.finishdishwashing.ca/en/prod ... rus-scent/ многу добра работа е.Го имаш во сите макрети и ова е задолжително да се користи за машината. имаш вакво со лимон и уште едно плаво без арома.
Не знам која е фреквентноста на неговата употреба, јас го употребувам еднаш месечно. Се става во празна машина, се одлепува налепницата на капачето (капачето не се одвртува) и шишенцето со течноста се става наопаку , со капачето надоле, на некоја од рафтовите од машината. Машината се пушта да работи како и нормално, без онаа програма за „предперење“ ако ја имате. Кога ќе заврши машината, ќе отвориш и ќе осетиш миризба на чисто Добро е ова и за машината внатре да ја измие и за цевките и проодноста на отпадната вода.
Заљубена да не не ги редиш како што е правилно чашите, па во нив да останува вода. И ако не ги извадиш одма водата си стои во нив, па полека испарува и остава трага. Ова само претпоставка. И дали во програмот што го пушташ на крај има сушење? и тоа да не има некаква врска да пробаш.
не, ги редам како што треба, плус не ми е прва машина оваа. и ги ставам на 60 степени си има таа програма се, и предперење и сушење. И не ги вадам веднаш да тоа е точно, но секогаш, освен може еднаш или два пати да сум ја заборавила машината да ја отворам. Ај баш денес сум дома ќе пробам веднаш да ги извадам.
и јас во последно време не бев задоволна со машината за садови, ама еве сега прочитав тука неколку совети, па ја наполнив машината, ставив сјај за вагани обичен, таблетката како и секогаш и ставив сол малку повеќе, бидејќи јас по неколку зрна ставав посдниве неколку пати, можеби тоа беше причината што чашите и ваганите не светеа ама немав искуство, ја добив за свадбата, и мн ретко ја користев, мака ми е да ја полнам па да ја празнам сакам да прашам нешто на 65степени мојава пери 50минути, на 70степени повеќе време ќе пери?
Значи нервите ги искинав со масината за садови,чашите ми цели со флеки и бели.кога ги ставам почисти се него кога ке ги извадам од машина.Користам финиш прашак, не го биваше, купив таблети од 700ден купив сјај нели секако тоа, купив 280ден едно како дијамантче специјално за сјај и од тоа ништо.незнам што е проблем мн се нервирам. Има некој вакво искуство да ми каже што да правам.
како не ви се суви садовите? Нешто да не е во ред со машината? ЈАс има машина за миење садови 20 години и кај моите и еве сега кај мене никогаш водени не останале садовите. Жешки да, ама водени никако. Видете си или не ја работите убаво машината или нешто не ви е во ред.
^ Мислам дека таа вода е уствари од самата пареа што на крај ја пушта машината. Нели и кога ќе ја отвориш машината веднаш откако ќе заврши со миење, излегува пареа од неа. Ама садовите не се мокри како после обично миење под чешма, туку од пареата се јавува како кондензација. Ние ги оставаме 15тина минути да отстојат и после ги собираме. Машинава ја имаме некои 7-8 години, така што не верувам дека нешто не е во ред.
Кога ја купувавме машината имаше со категории ААБ и ААА, последната буква е до кој степен ги суши садовите, некои ги вадат сосема суви, некои не, зависи каква машина имате
Се јавив во нептун, ми рекоа дека нешто не е во ред со машината. Ќе треба да оди на сервис. АнаКаренина не е ова пареа, ова е како под чешма да сум ги миела. Нена 2010 и кај моите беа скорз суви и топли кога ја отваравме машината, па остававме да постои отворена едно 15=20 мин за да се излади и си беа супер после тоа. Фала ви женски
od koja marka masina ste zadovolni u tek na kupuvanje sne pa ako moze sovet i ako moze sto ima razlika izmegu klasa na susenje A I B
Јас имам беко и супер е. А и Б знам дека се ознаки за потрошувачката на енергија на машината па може е нешто слично и за сушењето.
leona za kolku osobi i leona dali e so klasa A na susenje i dali skroz suvi gi vadi zs i nie se mislime za beko nekoj imale pa cekale 15min da se susat