Јас имам Електролукс, околу 10 години ме служи, летово едно црево сменивме сами. Тркалцата од корпите ги сменив - ги нарачав од Алиекспрес и тоа е се.
Извади го филтерот и прскалките (ако се вадат), исчисти ги убаво целосно, после пушти ја празна машината со средство со намена за чистење на машина за садови, има во сите маркети, следи го упатството.
Прв пат користам вакви,читам се става на дното од машината и полна со садови,додатна таблета нема потреба?Само со оваа?
Што значи ова на машината? Од денес нешто ме зафркава, таблетата не ја ни отвара а кога ја отвори нерастворена е. Беко машина е.. Не е за сол, има друг знак кога фали сол, ме пукна денес
Ова свети за сјај. Јас ставам и малку оцет со сјајот. А таблетката може да не ја отвори ако нешто смета, може си ставила нешто таму на тој дел па не се отворила вратичката.
Имам Whirpool машина за садови,стара е околу 20 година ама презадоволна сум од неа. Нема разлика какви таблети ставам,користев Сомат,сега користам од Кам,никогаш флека на садови не сум имала,ниту чаша не била чиста и измиена
Тоа најмногу зависи од тврдоста на водата. Користев едни од ДМ, се покажаа катастрофално, со бигор ми ги оставаше сите чаши. Сега користам само фери и сум презадоволна, кристално чисти се.
Мене па ич не ми се погодија чашите бели ми ги вадеше како со брашно целите,Фери до сега се покажаа најдобри
Да, видов подоцна дека е за сјај, после толку години прв пат ми засвети, изгледа не бев ставила некни доволно, дополнив, ама од вчера пак исто свети. Вчера ставив, свети, дури и повеќе ставив пак свети На крај се изнервирав така ја пуштив, садовите убаво измиени, не знам што може да е Без машина сум како без раце
Добри се. Моментално такви користам. Убаво ги мијат садовите. Еднаш пробав со Сомат, ама не сум задоволна. Чашите беа како неизмиени.