Здраво, дали некој знае каде може да се набави горна фиока за машина за садови Беко? Се излупи пластиката и сеа рѓата се лепи на садовите. Пишав до овластен сервисер Беко ама уште нема одговор.
Јас го имам истиот проблем. Прашував во Нептун и од таму ме пратија да одам во нивниот магацин во Визбегово ама сеуште не сум стигнала да отидам. Ако отидеш случајно те молам пиши ми
Значи и јас да се обратам во Нептун, можно е во магацинот да имаат. Може во сабота да го пратам мм да оди, ќе ти кажам што сме направиле. Фала
Не знам дали темава е соодветна доколку не е, нека ја преместат админите. Имам проблем со машинава за садови, што до сега не сум го имала па може ќе се најде некој со истиот проблем. Значи во средата вечерта дечко ми ставил сол и ја пуштил одма, вчера сабајлето цели садови беа сиви, неизмиени како од солта, читавме дека солта треба да отстои, ставивме вчера да отстои па ја пуштивме пак во 10, и еве сега сабајлево повторно не се измиени и се сиви. Се соочил ли некој друг со проблемов, има ли чаре?
Нема врска дека солта треба да отстои, јас секогаш ставам сол, па пуштам машина. Да не ви се затнати филтрите и прскалките?
И ние така правевме до средата и никогаш ваков проблем не сме имале. Ќе проверам ова што ми пиша, фала ти
Здраво феминки, Дали некој скоро правел тест за тврдина на вода, само што правев и ми покажа 5 и некако многу ми се виде, а не го протресов тестот па се мислам дали лажни резилтати добив? Скопје ова. Или можеби знаете каде би купила тест да го повторам? Фала ви
Dali nekoj znae kade mozham da kupam gorna perka za mashina Beko? Ili majstorot ja ima skrsheno pri montazha vo kujnata, ili e skrshena vo transport. Fala vi Update: za tvrdina na vodata se snajdov
Prashav komshii shto skoro testiraa voda i samo mi potvrdija deka isto nivo (5) dobile ko mene. Inache pred da doznaam od komshiite barav na internet ama ne najdov takov test, samo aparat za merenje mislam vo Elektrometal ama beshe blizu 2000mkd.
Солта служи за омекнување на водата, особено е добро ако имате тврда вода (зависи каде живеете). Колку што знам, за перење во машина за садови има таблети, капсули, прашок - наменски за тоа. Со што сакаш, со тоа переш.
Се сушат автоматски, јас немам такво копче, за секоја програма си има на крајот време за сушење одредено.
Дали би можеле да ми препорачате некој мајстор за машина за садови, доколку познавате некој добар што нема да дојде само да ја ѕирне и да ни земе 50 евра. Мака мачиме со машинава веќе подолго време откако и го пишав погоре проблемот. Кога и да ставиме сол се прават лом садовите, ако не ставиш сол пак исто се прават лом. Употребуваме сјај и капсули наменети нормално за машината за садови но ништо не помага и мислам дека нешто се има зезнато во филтри или шта год оти воопшто не ни ги пере садовите и само ни ги прави како да се неизмиени од солта. Испрочитавме на интернет, се' направивме и пак е иста па сакаме да се консултираме со некој мајстор. Доколку имате препораки ве молам пуштете ми бројче во ЛП.
Беко, само гледај да биде на три делови, многу заштедува простор горната фиока за прибор. Јас ја имам оваа, супер е. https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_SADOVI/BEKO-BDFN-36650-XC