Горење имаат овластен сервис и контакт центар. Јас имав проблем со горење машина за перење алишта, океј беа.
Не е од горење, сега видов. Од хотпоинт е, и изгледа немаат претставништво тука ќе треба да ги барам преку нептун.
Да ве прашам, дали кога ќе ви светне сијаличката за сјај или сол и кога ќе ставите свети сеуште додека не ја испере следниот пат? Мене прееска кога ми заврши ми светна за сјај, ја наполнив ама уште свети, сега не ми треба да ја пуштам за да видам дали ќе се исклучи
Кај мене дефитивно се губи следен пат кога ќе испере. Ја наполнив со сјај светеше уште, ја пуштив испра и се изгуби Само гледам дека некакп не ми пере убаво, како да ја исчитам? Го чистев филтерот ама сакам цела. Во неа да истурам оцет само?
Поарно со кошничка да е приборот него со горна фиока ептен ми е нефункционално вака кошничката вадам и распоредувам прибор по фиока а вака едно по едно вади реди одзема многу време...
Пред некое време пишав во темава дека ни ги направи машината ужасни садовите од солта. Дали може да ми препорачате со што да ги исчистам? Целите се како сиви и одвратно изгледаат, пола од некои садови што пробав да ги исчистам не успеа и ги фрлив. Читав дека е добро со сода бикарбона и оцет па малку да ги оставиш во жешка вода да постојат па да ги премиеш ама доколку знаете од лично искуство би било супер и фала ви.
Кај мене некогаш не се губи веднаш, си продолжува пак да свети. После некое перење се губи. И овде баш за тоа прашував. Штом пере добра е