На која програма ја пуштате за секојдневни садови? И дали ставате и капсули, и сол? Дали некои капсули се помали? Не ми ги собира соте капсули во машинава..
Сол треба да ти пишува дали фали или не , зависи што машина е , јас ставам една таблета, не мора во отворот , може и така да ја оставиш само ,ќе се растопи како и да е и скроз малце сјај ако ставам повеќе како недомиен ми е сјајот, ако не ти покажува за сол на машината ќе ти ги вади немиени, ако фали
Миени ги вади, дури и некад имаат малце сапуница оставено, затоа се мислев да смснам програма, зашо на кратка ги пуштам овие што ми се секојдневни садови, и не се многу прљави, ама страшен бигор има, многу ме нервира тоа. Каков сол ставаш, и каков сјај?
Од многу сјај мене ми ги вади такви , скроз малце се става сјај една капка , многу намалив на сјај и ок ми се .
Неееее , за машина за садови има посебна , можеш било која не значи нешто многу ,битно да има сол за да ги мие
Здраво, имам проблем со машината. Се работи за Беко кога ќе ја уклучам се уклучува програмата еко и таа трае 4часа, меѓутоа не можам да сменам друга програма. Кога бирам друга програма само бипка но програмата еко си стои. Па дали некој е имал исти проблем да ми каже
Првпат користам машина за садови - Electrolux. Според упатството, на почеток ја наполнив со сол, мислам дека ја пуштив и на кратка програма, и ја наполнив и со сјај. Пола шише сјај го турив од што не знаев колку треба да турам, мислев дека треба да турам додека собира, па ко видов пола шише дека турив и уште бери, прекинав . Уште не знам колку сјај се тура . Оттогаш ја имам пуштено 6-7 пати, на тврдост на вода 5 од 10 (стандардно подесување). Арно ама, последните пати видов флеки од вода на чашите, а ја пуштам на најкратката програма со сушење - околу 1.5 час. Последно ја сменив тврдината на 7, па пак исто ја пуштив, ама пак еве има флеки. Не ја преполнив ниеднаш, т.е. не трупав работи едно врз друго. Chat gpt вели нормално било првите 15-тина перења. Не знам што може да е проблемот.
Вака нема проблем ама да прашам ми е чудно многу, значи долго време нема потреба од сјај бавно се троши сјајот,порано често ќе светнеше за сјај сега не се сеќавам последно кога сум дотурила а иначе си мие све супер.. може да е проблем некој? Да не зема сјај можда?
Кажи како ке ти се покаже и јас ја меркам мидеата. Комшиката ја има можеби 20 години и топ е,ама се што е сега ново не е исто. Затоа те молам сподели искуство се мислам помеѓу мидеата и беко ама разликата е 4000.
Не ме чекај за искуство нема јас да ја користам , ја земаме за станот за изнајмување што го спремаме.
Ова 1/2 полнење како го користите? Дали тоа значи да наполниш само долна или горна полица или нема врска каде ставаш , само да е половина од капацитетот?
Новата машина ми е повеќе одалечена од доводот и одводот, одприлика 1 метро, каде има во Скопје да се купат подолги доводни и одводни црева?