Ние имаме слична на оваа, иако сега гледам нашиов модел ја нема. https://www.neptun.mk/categories/mashini-za-sadovi/84115561-BEKO-BDFS26120XQ
Се работи за проблем со whirpool машина за садови. Имено кога ќе ја пуштам, уште во првите 2-3 минути светнува сијаличката за сол, односно целата сол ја исфрла одеднаш и садовите се лом. До капачето не е бидејќи сменив ново. Имал ли некој слично искуство? Што може да е проблемот? П.с. Машината е релативно нова, околу 2 години е стара.
Здраво, купивме нова машина на Мидеа, првиот пат ја пуштивме празна, од тогаш веќе 3 пати како ја пуштам ужасно ги гребе садовите, особено се гледаат гребаници на чашите, уништени се. Во што може да биде проблемот? Претходо имав Беко и никогаш ваков проблем
Здраво, прв пат купувам машина за садови, до сега не сум користела и појма немам што се користи. Кој ќе биде љубезен да ми каже што треба да купам? збунета сум сјај, сол, капсули??? сите овие се посебни или во едно се купуваат Прв пат ќе ја уклучувам и што да употребам за прво миење на празно? И после тоа што да користам за секое наредно миење на садовите? и предлог за конкретен производ што го користите мојата е оваа https://www.neptun.mk/categories/84111653-BEKO-DIS-35023-E
@andrit_1993 Со среќа да си ја користиш. Прво седни прочитај упатсвото, види дали се подесува дали ќе користиш капсули 3 во 1 или башка прашок, сјај и сол. Можно е да има и подесување и за тврдина на водата. Исто прочитај што треба за прво пуштање, најчесто само сол за машини за садови. Јас ги користам производите од Стокомак.
Здраво девојки денес ја купивме машинава...упатство за користење има на сите јазици освен мк..има ли некоја од вас?? Знам оди сол,сјај,таблети (од утре видив во кид го ќе има фери на акција па со нив ќе почнам... Секој совет добредојден што ставивте за прво пуштање? Како да знам кои таблети се отвараат а кои не? И дали фери со лимон имаат мирис на линон садовите? Препорака тврда капсула или од тие комбинираните? Работам во стокомак дали некои од таму имате користено?