1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машини за садови

Дискусија во 'Дом' започната од Love.love, 22 јануари 2012.

  1. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Верувај ми , не си пробала и не знаеш какво е чувството кога ставаш се во машина за 5 мин и наредните 45 мин колку требало минимум да миеш си гледаш серија а она мие а бе милина
    Друго многу битно, од кога имам машина јас се што не е измиено во машина не ми е чисто, си ги пореметив стандардите.
     
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Пробај, па да направиш споредба ;).
    Ајде да не гледаме од аспект дека ти штеди време, ги ставаш за 5 минути и таа после си работи сама, а ти си тераш друга работа.
    Поважно е што во машина се мијат на повисока температура, што со рачно миење нема шанси да ја постигнеш, значи поубаво се измиени. Кога ќе ги извадиш се жешки садовите, значи им прави и дезинфекција.
    Од друга страна машината штеди вода и струја. Значи програмот кој го користам троши 10 литри вода, тоа ти е рамно на капацитетот на бољерчето. А со водата од бољерчето неможеш да измиеш ни третина од садовите кои ќе ги собере во машината. А струјата што ја троши е скоро иста колку да се стопли водата во бољерчето.
    Значи имаш подобар квалитет со помал трошок ;)
     
    На ennaz, do-re-mi, glisa и 2 други им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.272
    Пол:
    Женски
    Машина за садови штеди и на вода и на струја. Доказ: месечно трошиме по еден кубик вода во кујната, со машина пуштена секој ден по барем еднаш, а каде е другата употреба за миење, готвење и сл. Некоја феминка праша дали троши многу струја. Троши многу помалку отколку кујнско бојлерче. Доказ: Во лето, кога не се грееме поубаво може да се види на сметката. Секој ден употреба, а струјата не ни доаѓа повеќе од 1400 ден. А на рака никогаш не се почисти од во машина. Тој сјај што го добиваат, нема шанси. Штеди време плус.
    Јас имам една програма на машината, ЕКО, таа си ја користам често, троши помалку вода и струја, а убаво ги мие.
     
    На ennaz и Annath им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.996
    Допаѓања:
    35.941
    Пол:
    Женски
    И да сакам да пробам, не бива. Кујната ми е мала и ќе нема кај да ја ставам машината. Ако се преселам на друго место, можеби ќе се премислам и ќе купам.

    Ме интересира што е подобро за машината - коцките или течниот детергент?
     
  5. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    дали може да се мијат тенџериња во машина за садови? На пример оние од цептер?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.422
    Допаѓања:
    200.983
    Пол:
    Женски
    Јaс си ги мијaм oние oд Братство штo ги имaм, иaкo вo нивнoтo упaтствo е нaведенo дa не се мијaт вo мaшинa. Ми ги светнувa супер.
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    И јас мијам тенџериња во машина.
     
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.272
    Пол:
    Женски
    @SummerGirl , јас течен детергент не сум користела никогаш, само коцки или прашок. Презадоволна сум!
     
  9. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.850
    Допаѓања:
    28.475
    Конкертно за оние од Цептер не знам (а претпоставувам дека може), но било какви други тенџериња јас ги мијам во машина... се ставам во неа освен дрвен прибор (даска за сечење исл), па дури и пластика ставам и досега не ми се расипално ништо.
    Инаку перам со коцките.
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.747
    Допаѓања:
    324.106
    Пол:
    Женски
    Исто и јас.Тави,тенџериња,чинии ,пластики ,тегли..буквално се.
     
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.272
    Пол:
    Женски
    Јас и дрво ставам. Дрвени лажици, ножеви со дрвени рачки.... нема гајле, ене години ја користам. Исто тави, тенџериња, тегли, пластични кутивчиња, па дури и сунгерчето за садови. Ставете го, ќе видите како ново излегува. :)
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    155
    Masina i to kako...me mozam da se zamislam bez nea raat sum
     
  13. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.643
    Допаѓања:
    8.564
    Пол:
    Женски
    Девојки а дали ставате тефлонски тавчиња, мене ми е страв да не се оштетат па на рака да ги мијам
     
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Јас во машина ставам СЕ. значи чинии, чаши, прибор, пластика (разноразни канчиња и даски), дрвени лажици, тенџериња (братство), тавчиња (сите што ги имама, делимано и обични) Некаде сум читала капаците од тенџерињата не, јас и нив ги ставам, и ич не ми е гајле што сака нека се расипува, на рака да мијам и да стојам на нозе во место, па кичмата да ме боли, нема шанси. Други тавчиња ќе купам, здравје не.
     
    На joy1 и TheSecret им се допаѓа ова.
  15. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Na raka mozat poveke da se ostetat.Ic da ne im se sekiras.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.422
    Допаѓања:
    200.983
    Пол:
    Женски
    И јас тефлонските тавчиња на рака ги мијам. Додуша, само едно имам, за палачинки. Па не ми е мака да го мијам. Друго сè ми е од инокс.
     
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.199
    Допаѓања:
    56.761
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали на сите самостојни машини за садови им се отстранува горниот капак за да може да се вградат?
     
  18. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Да. На сите машини за садови може да се отстрани горниот капак за да може врз машината да си поставиш плотна :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Ме интересира дали машината за садови пред да почне да се употребува треба да се пушти празна еднаш да изврти и што треба да се стави тогаш (сјај, прашок, сол ...) ?
     
  20. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    И мене ова ме интересира.
    Имам не-вградлива машина за садови, дали може неа да ја вградам во новата кујна - ама не само одозгора туку и од страните, т.е. од напред, да не се познава дека има машина? Или ќе треба нова машина да купувам?
    Се надевам дека ме сфативте што сакав да прашам. :^)