Јас ја пуштив еднаш празна (без садови во неа) да изврти. Ставив се што треба во неа, сол, сјај и прашок.
zdravo imam eden problem so masinava stavam tendzerinja gi vadam na dnoto kako bigor da fatile casite gi grebe pepeljarite gi puka cel servis casi mi pukna iam se sjaj sol kalgonit upotrebuvam od poceetokot ubavo perese sega ne pred 3 meseci ja zemavme beko sto da pravam sovet od vasa strana
Во упатството за машините пишува да не се мијат кристални чаши. Ако се такви, веројатно се поосетливи па затоа пукнале. Јас имам Беко машина, веќе петта година тера, фала му на Бога супер ми е. За бигорот, во делот за сол ќе ставиш сода бикарбона, а кај што се става средството за плакнење ќе ставиш алкохолен оцет - садовите ќе светат. Пробај, земи од специјалните средства за чистење на машини за садови (во ДМ има сигурно, за други маркети не знам), пушти ја празна со такво средство, да се исчисти. Особено да се исчистат местата од каде што прска вода, да не се малку затнати од бигорот, па можеби млазот е малку посилен и ти ги пука чашите. Па ќе видиш после како е. Ако не е подобро, рекламирајте ја машината, штом ја имаш три месеци, уште ти е под гаранција. Инаку, јас користам таблети од КАМ, и сол понекогаш. Ама главно место сол, користам сода бикарбона, и оцет место средство за плакнење.
Абе цептер братство иста работа, инокс е и тоа и тоа. Во таблетките има средство за инокс и преубаво ги пере. Јас на плин готвам. Од доле кога ќе ми се исцрнат тенџерињата на рака нема шанси да ги исчистам, а машината како нови ми ги мие. Пробај слободно. Јас моите од братство 3 години ги мијам и немаат гајле. Иноксни Ѓезвиња исто така мијам, не знам што произведувач се, и тие се супер. Инаку јас имам проблем со есцајгот. Често имам флеки на есцајгот. Не сум сигурна дали е недомиено или зарѓавено. Како мали жолти кругчиња. Се одбришуваат со мокра крпа. Ми изгледа како од мало дупче да излегла рѓа. Неколку есцајзи сменивме и кај сите се јавува. И таблетки менував, и сол и сјај додавав, и пак има од време на време.
А оцет ставаш во делот за сјај? И јас беко имам ама 45-ка. Имам само дел за таблетка и за сјај. Во делот за сјај ли да ставам? И јас од кам таблетки користам и супер се. Само пола таблетка ставам. Дека ми е мала машината сум приметила дека цела таблетка е многу, останува нерастворена по вратата растечена само. Машината ја чистав 2 пати со средство за машина, а еднаш месечно ја пуштам празна со 1 кесичка лимонтус во делот за таблетки/прашок. Тоа на Martha Stewart сајтот го прочитав и доста ја освежува.
Да, во делот за сјај. И јас имам Беко 45-ка, мораш да имаш дел за сол, тоа е на дното на машината обично, не оди заедно со делот за таблетка и сјај инаку и јас користам по пола таблета, освен ако ми се многу валкани садовите, ама половина во принцип е доволна. Ако е цела таблета, многу мирисаат садовите на детергентот, и тоа не ми се допаѓа. Со половина таблетка го немам тој проблем.
JA KORISTAM KALGONIT PA SADOVITE NE SE IZMIENI KAKO STO TREBA MN GI GREBE CASITE I TANJIRITE SODA DA STAVAM VO SADOT ZA SOL STOE IAKO IMA SOL VNATRE ILIIIIIII
Може и сол и сода истовремено, а може и само сода. Не знам што да ти кажам, да не е во машината проблемот?
Жени на колку време ви светнува индикаторот за сол? Јас имам Беко 45ка и ја користам веќе 4 месеци, до сега не побарала сол, само првиот пат и ставив, значи пред 4 месеци, да не не е нешто во ред Иначе до сега е супер (пу пу да не ја урочам ). Користам од Кам таблети, сјај и сол.
Јас во три години три или четири пати имам ставано сол (вклучувајки го и првото полнење при купување на машината), зависи и колку често ја пушташ машината и од тврдоста на водата. Кога ќе и треба ќе ти каже самата
Јас ставам сол/сода секој месец. Почесто ми светнува сијаличката за средство за плакнење, па надополнувам со алкохолен оцет секоја втора недела. Обично не чекам да светнат, ама некогаш може и да заборавам.
Досега немав искуство со машина за садови, па ми треба помош. Денес во ДМ земав од таблети, ми се чини дека се поволни, 60 парчиња за околу 350 денари, еве овие: Па сега прашањето ми е дали добри ги земав, и дали добро разбрав; со таблети не треба ништо друго да додавам, ни сјај, а ниту сол, така? И на декларација пишува дека е за машина за 12 особи, тоа значи дека за помала машина може да се стави по пола таблета?
а да пробате притисокот на водата да го намалите може е прејак и ги крши чашите ,или провери ги перките (мислам така се викат)водата што излегува да не се искривени
Се става и сјај и сол и таблета (или прашок за садови). Сјај и сол се ставаат кога ќе ти побара машината (т.е кога ќе светнат сијаличките), а за таблетите јас цела ставам, пола никогаш не сум ставила, ваљда ако имаш помалку садови или ако имаш опција за половично полнење можеш да ставиш пола.
Па на едните пишува дека се 3 во 1, ама тие се finish calgonit, овие не се такви значи? Дека читав по темава со таблети некој не става другово. Баш се збунив
И со финиш ставам и сол и сјај безразлика што се 3 во 1. Солта е за да ја омекне водата за да не се ствара бигор, а сјајот да им даде сјај на садовите. Сепак не се ставаат на секое перење туку само кога ќе ти побара машината, еве јас веќе 4 месеца ја користам и не побарала до сега како и да е не се скапи а траат. Мислам дека бар сол мора да се стави зош кога ја купувавме дечкото ни рече обавезно да ставиме Како и да е твој избор