1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машини за садови

Дискусија во 'Дом' започната од Love.love, 22 јануари 2012.

  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    @Annath те барам на темава да ме просветлиш. :angel:
    Ти ги читав мислењата, ама за почеток те молам посоветувај ме околу стандардна процедура, оцет и сода ќе оставам за покасно кога влезам во шема :)
    Со овие таблети што да ставам уште? Благодарам :D
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.422
    Допаѓања:
    200.983
    Пол:
    Женски
    Сол обавезно ако е тврда водата таму кај вас (не си од Скопје колку што знам). Гледам од ДМ си ги купила таблетите, има и сол на истата фирма. Јас од КАМ ја купувам и солта и таблетите. Од тие од ДМ не сум баш задоволна, што знам. Знам дека еднаш зедов, супер беа (веројатно ќе да беа овие по 60 парчиња што се), после пак си зедов кога ми се потрошија, ама помало пакување со 40 таблети. И ко да не беа истите :?: затоа се вратив на таблетите од КАМ. Без разлика што на таблетите пишува 3во1, јас користам сол/сода бикарбона, оти водата во Скопје е прилично тврда. А сјај или оцет не мора да користиш, ама јас сепак го ставам оцетот, ми светат чашите така :D

    Сол се става со специјалната инка, на почетокот барем половина кутија. Средство за сјај (јас преферирам алкохолен оцет) се става во специјалниот сад наменет за тоа, и се подесува отворот колку сакаш да истекува (барем кај мојава има таква опција од 1 до 6, мене на 4 ми е ставено, по препорака од производителот). Половина таблета ставам вообичаено, но ако ми се многу валкани садовите или пак има доста тенџериња, тогаш ставам и цела таблетка. Почнав да ставам половина оти некогаш не ми се раствораше цела таблета, а и да се раствори, на садовите се осеќа премногу мирисот на детергент.
    Ако првпат користиш машина, убаво е празна да ја пуштиш, да изврти еднаш, колку да се прочисти од процесот на производство и евентуална прашина, и да се види дали работат прскалките убаво. На пократка програма може тоа.

    Негативната работа кај машините за садови е тоа што ги избледува и лупи апликациите на садовите ако се шарени. Јас имам убави сервиси од аркопал (на Луминарк) и се каам што ги миев во машина, оти апликациите избледуваат. Сега само нив ги мијам рачно, друго се оди во машина.

    Друго ако има нејасно, прашај :)
     
    На galapce, MiA-1, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Благодарам за детално објаснување. Баш ми помогна.
    ќе го научам напамет :D :hug:
     
  4. Cuci81

    Cuci81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    3.830
    Kolku cesto stavate sol vo masinata? Jas vo mojata koga ja kupiv i staviv, i ednas posle toa bez da svetne indikatorot za sol. Eve 1 god ja imam da ne treba pocesto da stavam?
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.422
    Допаѓања:
    200.983
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш месечно или еднаш на два месеци, зависи колку ја користам. Ама решив да чекам додека ми светне индикаторот за сол, оти последниот пат кога ставив, малку повеќе ми се истури и морав да ја собирам солта од дното на машината (не смее да се остави ни зрнце, така пишува во упатството).
     
    На Cuci81 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Штом не ти побарала машината сол не мора да и ставаш. Тоа значи дека водата е добра, па таа сама ќе си покаже кога и фали сол. Јас ја имам еден месец и само на пичетокот и ставув сол, а и не очекувам да побара скоро зашто кај нас водата е добра (ја проверивме со тоа стапчето за тестирање на водата што го имаше во упатството на машината)
     
    На joy1 и Cuci81 им се допаѓа ова.
  7. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    што се случува од солта кога ке остане на дното ,тоа не сум го знаела нити сум прочитала дека треба многу да се внимава со солта давајте совет немој нешто да се расипе тешко мене
     
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Оф леле и мене ми се истури покрај дупката за сол и тоа бааги, јас само ја растресов малку, мислев што може лошо да биде. Во упатството не прочитав такво што. Ај ќе видам што ќе се случи, баш сега ја вклучив. :worried:
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.199
    Допаѓања:
    56.761
    Пол:
    Женски
    Мислам дека може да ги оштети садовите. Ако ти се истури, се препорачува да ја пуштиш празна на најкратка програма за да се стопи солта.
     
    На MiA-1 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.422
    Допаѓања:
    200.983
    Пол:
    Женски
    Тoчнo, oвa штo гo кaжa @LivingGlam. Сoлтa ги oштетувa сaдoвите, ги гребе и ги уништувa aпликaциите aкo не е стoпенa. Зaтoa имa и вoдa вo делoт зa сoл :)
     
    На MiA-1 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Добро е, преживеја моите садови :D Ќе знам за следниот пат.

    Е ајд едно глупо прашање. Каков е тој алкохолен оцет? Најдов само ваков, пишува само оцет, тоа ли е или друг да барам? :tmi:
    [​IMG]
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    99.994
    Пол:
    Женски
    @Sky-butterfly јас ги имам користено и таблетките прашокот и сјајот на ДМ.Се сеќавам дека од прашокот бев позадоволна,сега да ме убиеш не се сеќавам точно зошто.Кога одам во ДМ заборавам да си купам од нивните таблетки или прашок.Заглавувам на козметика.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Треба да е алкохолен, ако е прозирен и не пишува друго на него.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. G.G

    G.G Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Во делот кај што се става сол имате вода?? Треба да има вода?? Нова мие машината а во упатството нема се објаснато. Од кога ја наместив ја пуштив само еднаш да изврти со вода во тој дел сол каде што се става, бидејќи така е наведено во проспектот и уште нешто што ме нервира е од кога ќе заврши програмот не се исклучува сама, треба јас да и ја испуштм водата па да се исклучи. Инаку Вирпул е и до сега пет пати ја имам пуштено совет што како или па да им ја враќам во техно маркет
     
  15. MiA-1

    MiA-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Во делот за сол, најпрво ќе ставиш сол околу 1кг и потоа ќе го дополниш со вода колку што ќе собере, до врвот. Секогаш користи ја инката, за да не ти остане сол на дното од машината зашто може да ти ги оштети садевите. И сол ставај само кога ќе ти засвети светилката за сол. :)
    А кога ќе светне црвеното светло што означува дека машината завршила со работа треба само да го исклучиш копчето за исклучувае/вклучување и слободно можеш да ја отвориш вратата (ако ти беше тоа прашаето :))
     
    На G.G му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tolkuvac

    Tolkuvac Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Здраво,

    Ние имаме машина за садови Вирпул за 13 лица https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=29_44&product_id=210658 . Користиме сол, таблети и сјај (средство за плакнење) од КАМ,но кога ќе ги извадиме садовите мирисаат на хемикалии (веројатно на детергент) или кога ќе ги допреш со јазик се кисели и пецкаат.Ако има останато вода по некој од садовите на крајот од перењето таа е матна и побелена.Погоре читав дека некој од вас става по пола наместо цела таблета при едно миење.Дали и ние да пробаме да ставаме по пола таблетка со оглед на тоа што е голема машина за садови? Дали да користиме и сјај?Инаку садовите се чисти и сјајни.Споделете искуство...
    Поздрав!
     
  17. Tolkuvac

    Tolkuvac Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Основно правило при полнење на сол во машината е тоа што кога се става сол треба да се внимава и мора веднаш да се уклучи машината да ги мие садовите и тоа на долг програм (не само да се уклучи плакнење) затоа што солта има многу силно оксидационо дејство.Ако ја оставиш солта да остане на дното од машината истата може да фати р'ѓа, а во тој случај гаранцијата не ти важи.
     
  18. Tolkuvac

    Tolkuvac Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    На садовите нема ништо да им се случи ако нема сол директно на нив,само ќе се оштети дното на машината кое е метално(нема логика да се оштетат садовите врз кои нема сол,а да не се оштети дното на машината врз кое е солта, а и садовите и дното се метални).Садот за сол е пластичен а исто и капачето заради кородинвото дејство на солта.Затоа сол се полни само пред да се пушти машината да мие и тоа на долг програм. Како што пишав и погоре, ваква машина купивме http://www.tehnomanija.rs/masine-za-pranje-sudova/whirlpool-sudomasina-adp-500ix.html и на истата оваа страна има упатство за употреба во кое горе споменатото е објаснето.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tolkuvac

    Tolkuvac Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Во секоја нова машина за садови можно е да има вода на дното на машината (обично во делот каде што се става сол).Во твојот случај се работи за потполно исправен производ.Вода има затоа што пред да се пушти машината во продажба истата се проверува во фабриката дали е исправна.На крајот на миењето не се исклучуваат обично машините кои не се дигитални,не знам твојата каква е?Нашата е дигитална и после завршување на миењето сама се идсклучува за околу 1-2 минути.
     
  20. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.448
    Пол:
    Женски
    Исто и јас имам слично прашање и кај мене прв пат кога го пуштив машината не ставив сол празна ја пуштив, исто така и два пати ја пуштив таква без сол да мијам садови зашто заборавив.
    и сега кога го отворив капачето тоа место посебно што е за сол има вода и тоа многу скроз е полнето со вода?дали е нормално тоа?јас иако имаше вода го полнив со солта за машина што е .
    и едно прашање зашто машината кога ќе отварам е влажна има вода на садовите не многу туку на врататат, и сум пробал и ако после 15 мин отварам исто и ако седат садовите цела ноќ сабајле ито така е.
    користам финиш таблети а имам машина за садови од горење.
    image_thumb_250.jpg