Машински факултет - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од PetiteCherry, 14 август 2011.

  1. PetiteCherry

    PetiteCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    35
    [​IMG]

    Немаше тема само за Машински, па како иден студент си реков да отворам нова за да си разменуваме искуства, мислења, проблеми и решенија и слично. Еве нешто повеќе за факултетот..

    Во наставно-образовниот процес, Факултетот нуди две програми за додипломски студии, и тоа: четири годишни студии (Академски) со чие завршување студентите се здобиваат со звањето Дипломиран инженер по машинство и три годишни студии (Професионални) по која студентите се здобиваат со некое од звањата: Дипломиран инженер по производна информатика, Дипломиран инженер по индустриски дизајн, Дипломиран инженер по применето термичко инженерство, Дипломиран инженер по хидраулика и информатика, Дипломиран инженер по заварување и дизајн на конструкции. Воедно, звањата се и насоките по кои се изведува наставата кај овие студии, додека кај четири годишни (Академски) студии наставата се изведува во следните насоки: производно инженерство; транспорт, механизација и логистика; термичко инженерство; автоматика и флуидно инженерство; материјали, заварување и конструктивно инженерство; индустриско инженерство и менаџмент; моторни возила; енергетика и екологија и мехатроника.

    Ова е официјалната страна: http://www.mf.edu.mk/
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Еве јас ќе бидам 4та год. сега. Кој го интересира нешто нека праша :P
     
  3. Anastasia94

    Anastasia94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    6
    јас сакам да се запишам на машински факултет само сеуште не знам кој смер,вие што ми предлагате?
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Индустриско инженерство и менаџмент - ако помалку те влече математика.
    Ако сакаш понапорни смерови ти предлагам Мехатроника :)
     
    На Wild-GirL и Sephora им се допаѓа ова.
  5. Anastasia94

    Anastasia94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    6


    фала на советот :) а уште нешто да прашам: дали е многу тежок фак.бидејки кај нешто да прочитам сите се жалат дека бил тежок(а тоа по малце ме плаши) :^)
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Ако учиш не е тешко :D тоа важи за секој факултет.
    Значи треба сериозно да си го сфатиш факултетот, не е многу строго, не е ни многу тешко како што било порано, ако се посветиш и го сакаш тоа што го учиш нема да осетиш тежина.
    Има голема соработка меѓу студентите и професорите и асистентите, секогаш за било што ни излегуваат во пресрет.
    Однапред даваат прашања за колоквиуми, кажуваат што и како ќе има, не прават проблеми ако ти фали бодче да положиш итн...
    Секогаш може да налеташ на некој терсене професор ама со учење и труд се проаѓа ;)
     
    На Wild-GirL му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mare94

    mare94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    а кој од смеровите е по преспективен(со кој полесно можеш да се вработиш)?и има ли мн физика бидејки со тоа сум послаба?
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Според мене Индустриско инженерство и менаџмент, затоа што ќе имаш познавања и од инженерството и од економоијата.
    Исто и мехатроника го сметаат за доста персмективен.
    Физика како физика предмет го нема, има предмети кои што се делови од физиката, статика, кинематика, јакост што не се некоја голема филозофија ;)
     
    На Wild-GirL му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mare94

    mare94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    mims а дали се полагаат приемни испити?инаку фала многу за информациитеб :)
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Не се полагаат приемни испити. Само кога ќе полагаш матура треба да ги одбереш предметите што се вреднуваат при упис на машински ;)
     
  11. mare94

    mare94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    а кои се тие предмети?
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Ќе видиш во конкурс кога ќе искочи, незнам да ти кажам, ама мислам дека се математика, физика, информатика, електротехника...
     
  13. Anastasia94

    Anastasia94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    6
    a koi predmeti treba da se izberat za polaganje na matura?(bez fizika) :) i vo naseto uciliste ne ucime elektrotehnika a informatikata samo vro 8 se uci taka da niv nemozam da gi izberam :(
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Koга јас се запишував требаше македонски и математика или англиски, а опд тие другите предмети имаше голем избор, така што било што.
    Сега дали има промена не знам, ама информирајте се има интернет, не е толку тешко ако ве интересира ;)
     
  15. GreenEnergy

    GreenEnergy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас се запишав оваа година на АФИ и ме интересира дали има нешто како форум / сајт / група од овој смер за размена на искуства, материјали и сл. (На пр. студентски прашања на катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошки имаат група на Facebook каде може лесно да се информираш за се), има ли вакво нешто за АФИ или за МФ?
     
  16. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Женски
    мимс за тоа дека ќе имаш познавања и од инженерството и од економијата, до негде и ќе се согласам (но повеќе познавања од економија отколку од машинство ;) ). Но со тоа дека е перспективен смерот, а воедно и факултет не би се сложила за жал. Иако си го обожавав факултетот сега тргам маки со барање на работа и не само јас туку и моите колеги. Слабо се вработуваат машински инженери. :tmi:
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.469
    Добро е. Ќе имам колеги, колешки од форумов. :dance:
    Во однос за делот дека тие со смерот кој мимс го спомена, немаат работа... Јас напротив спротивно знам.
    Сега збунка ми направивте.


    За матура немаат наведено предмети. Што сакаш можеш да одбереш. Мој другар со географија и филозофија влезе како интерни, а англиски како екстерен. Ни м од математика. :)
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Јас искрено не знам дипломираните како се снашле со работа, ама Ана гледам 24 години имаш, скоро си диплмирала, сепак е можеби рано за веднаш да се појави работа од соништата :wasntme: Мжеби и грешам.

    Како и да е, предност на ИИМ е тоа што можеш да се вработиш било каде, а не строго во област на машинство :)
     
  19. Elence93

    Elence93 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    3.792
    Пол:
    Женски
    И јас истите ќе ги полагам, али страв ми е да не има некои со физика, математика и сл и да не влезам во државна квота :( Али гледам нешто слабо се запишуваат на машински, што е добро за мене :) После ова што го пиша ми се влева поголема сигурност :lol:
    Има ли некоја тука што е запишана на индустриски дизајн? Ако може во ЛП да ми каже како е, што е... :)
     
  20. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    84
    А колку се плаќа за машински, приватна и државна квота? :?: