Може ли некој подетално да ми каже за смеровите Индустриско инжењерство и менаџмент(4годишни студии) и Производна информатика(3годишни студии) , искуства, дали е тешко, има ли многу математика? п.с. може некој ако ги има резултатите од уписите од минатата година да ми ги прати во лп, да разгледам со колку бода се влегува. Едит: Признат ли е факултетов надвор од Македонија?
Нормално дека е признат факултетот. Индистисрко инженерсто и менаџмент математика има само во 1ва год, и статистика и веројатност во втора. Нормално е дека на машински има математика, но позначајни се другите предмети кои опфаќаат и физика, а такви ги има 5-6. Ниеден факултет не е лесен, треба да процениш за што те бива па да си бираш факултет. На машински има учење и те како. За на менаџмент ќе ти тербаат повеќе од 90 бода да влезеш во државна квота.
Ако има некоја на индустриски дизајн или има поише информации за смерот ако може да ми каже што e, како е
Јас дипломирав на машински факултет пред 2год, смер Индустријско инженерство и менаџмент. На сите од срце им препорачувам да се запишат на овој факултет. Професорите се одлични, отворени за прашања, совети, и ширење знаење. Признат е во странство, ја живеам и раб во Словенија, си направив нострификација, е само на ностриф. ми пише дека сум одела 3 год со 180 кредити по Болоњски систем, но во образложение пишува дека сум завршила по стар програм 4 год со 240 кредити. Најдобар факултет од сите во МК.......
Можеби нема на форумов, ама има доста заинтересирани бар во моја околина за смерот Индустриско инженерство и менаџмент, може требале да ги зголемат малку квотите а на овој мислам дека 60 примаат ако добро сум сфатила.
40 со 20 е, овде не сака да се ископира ама влези овде http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=98&glavno=1 и најдоле имаш 1 КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2012/13 година и отвори го и има за сите смерови
Па треба да се радувате ако е слаба заинтересираноста. Повеќе шанси за вас и поголема можност за вработување
Напротив, мислам дека оваа година има доста заинтересирани за Машински, посебно за смерот Индустриско инженерство и менаџмент. Една моја другарка ќе се запишува токму на тој смер, а знам доста луѓе коишто ќе идат на Машински не само на тој смер, туку и на другите.
Јас сега сум прва година средно во економското Васил Антевски Дрен, но имам слушнато дека на Машински факултет постои насока Екологија па ме интересира дали навистина постои таква насока и дали е лесно, бидејќи иако има уште многу време за да стигнам до факултет, сакам да се запишам кога ќе дојде времето на Машински факултет-насока Екологија.
Ваши искуста од смерот Производно инжинерство? Дали е перспектиен? со оглед на тоа што само 30 примаат во државна квота.
Гледам одамна нема никој прокоментирано на оваа тема..па еве јас да започнам дискусија пак. Матурантка сум и планирам да се запишувам на Машински во Скопје само се уште не сум се одлучила за кој смер: Производно инженерство, Транспорт механизација и логистика, Мехатроника или Автпматика и управување со системи. ајде малце помош од вас запишаните
na proizvodno ti e najdobro a najloso na avtomatika ( tesko e i ke se brkas so profesorite i asistentite)