Баш гледав пред некој ден за производно инженерство имаше и доста стипендии, летни курсеви и размена на стундети преку разни организации. Не знам дали секогаш е така, ама за оваа година само тој смер го бараат. Мехатроника е еден од најинтересните смерови, ама воедно и од најтешките. Ако не си спремна да учиш, не бирај мехатроника бидејќи многу бараат.
А полагањата како се одвиваат? Тешко е многу има многу комплицирани задачи или? И професорите при оценување какви се?
задачите се најчесто тешки дури и претешки, ама пак се учат со вежбање нормалнхо. Проблемот е што професорите се потешки од задачите Запиши се на било кој друг смер освен автоматика и хидраулика
Дали некој е запишан или пак знае каков е моторни возила смерот на машински и дали со оглед на тоа што ти е малку испуштена основата од математика и во средно си учел 2 години физика можеш да се надоврзеш на материјалот на факултетот? Ви благодарам однапред
Гледам дека нема многу заинтересираност на форумов во врска со овој факултет но сепак се надевам дека ќе добијам одговор на моите прашања. Матурантка сум и за жал сеуште неможам да се одлучам на што да студирам. После неколку форуми, се одлучив на машински и смерот Индустриско инженерство и менаџмент, па ме интересира вашето мислење за него, со оглед на тоа што математика и физика немам многу познавање, а успехот од средно ми е одличен во сите 4ри години. Какви ми се шансите за државна квота? Професори како, задачи, материјали??? Благодарам однапред
Здраво може ли некој да ми препорача приватен професор кој знае убаво да објаснува за предметот Математика 2 ???
Луѓе се двоумам меѓу Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ) од ФЕИТ и Мехатроника од Машински факултет...Што би одбрале вие? Некои ваши искуства од истите?
Здраво! Планирам да се запишам на машински факултет, па да прашам дали некој знае кој е подобар и поперспективен смер од мехатроника, моторни возила или индустриско инженерство, или пак ке ми препорача некој друг смер. Ви благодарам однапред!
Не е баш лесен смер, има доста математики, статика и физика, но сметам дека е доста перспективен смер.
Јас ќе се запишувам исто на машински но се двоумам меѓу два смера едниот е Индустриско инженерство и менаџмент,а другиот Индустриски дизајн. Зборев со повеќе луѓе дека поубаво е ИИН бидејќи е 4 години за разлика од ИД кој е 3. Ве молам за помош
Одбери ИИМ бидејќи со дијазн нема многу што да се дијазнира кај нас и потешко е за работа. Има врска што е со 3 години секаде ќе ти бараат да имаш најмалку 240 кредити, значи сакаш нејќеш ќе мораш и постидпломски да упишеш ако го одбереш овој со 3. Дизајн е малку потежок, има многу цртање, а тоа пак што ќе го научиш нема многу кај да го примениш. напишав погоре, кај нас овие инженери дизајнираат шишиња и пакетчиња за смоки наместо да дизајнираат делови за машини, автомобили итн...
Да бидеме реални дека постдипломските секако ке требаат, дали денес или за 10 год ама ке требаат. Така што и на 3 годишни и на 4 сеедно е сега каде. Најдете вработување па продолжете со студиите или одма после дипломирање.
Па тоа зборам, ама ѕирни ги огласите за работа никаде нема да видиш дека бараат со минимум 180 кредити, туку ти бараат со минимум 240. А со 240 односно 4 год студии можеш да се вработиш па да си упишеш пост дипломски, ама со 180кредити 3 год студии ќе терба прво да си ги завршиши тие 2 год пост дипломски за да се стекенеш со минимум 240 кредити па тек тогаш да бараш работа.
Zdravo, maturantka sum i bi zamolila nekoj da mi kazhe neshto povekje za smerot Motorni vozila na mashinski. Onie najosnovnite stvari, kakvi se profesorite, dali e stvarno tolku teshko kako sho se zbori i dali ima golema zainteresiranost za toj smer. Blagodaram odnapred
Јас пак хаха. Ќе може ли да ми каже некој со колку најмалку поени примале претходните години во државна квота? Фала ви многу