не туку @okcenzi убаво објасни, а другава се возбуди како демек којзнае што прашав. На крај краева може како вонреден во Струга, значи сепак може
Јас длабоко и се извинувам на госпоѓицата што воопшто се дрзнав да и одговорам. Никако да им угодиш.. Слободно запиши се во Струга како вонредна, па пофали се кога ќе дипломираш.
Штета... во вакви моменти сфаќам дека дипломата што ја имам не вредела толку, очигледно секој втор може да ја добие.
Колешки ве молам без распраивии. Девојката е млада и сега одлучува дали и каде ке се запишува. Ако ни стане колешка супер, тука сме ке помогнеме колку можеме и сама е сфати дека само со бубање ништо не направила. Јас и посакувам успех во студирањето и понатака во запослувањето. И да и препорачам доколку сака да студира технички факултет, да си ја сфати сериозно тежината и да е гледа кратки и лесни патчиња, зошто без знаење за џабе ке си ги троши годините.
Девојки здраво. Јас сум студентка од септември и сеуште се мислам меѓу ФИНКИ Примена на е-технологии и ИИМ или енергетика и екологија на машински. Не сум некој гениј математика, просечна сум. Ако има некој што е на ИИМ да ми објасни каква е тежината на смерот, и дали е перспективен и баран? Ако сте слушнале колку се движат платите на еден машински инженер во МК и дали е признаена дипломата во странство? Благодарам однапред
Дипломата во странција ти е призната. Платата зависи од 200 до 1200 евра па и повеке. Ако работиш државно ти треба партиска книшка, врски, умилкување и сите останати гадни работи. Ако работиш приватно секако ке почнеш со минимално, а од тебе зависи колку ке ја покачиш и колку ке напредуваш т.е колку знаење имаш. ИИМ и не е некој просперитетен смер, додека ФИНКИ е баран на пазар на труд. Математика имаш секаде, така да неможеш да ја избегнеш. Е сега на ИИМ имаш 2 математики, на други имаш и по 4. За ФИНКИ и не знам баш, провери си во предметите или прашај на друга тема,
Вака девојки,се уште немам уплатено семестар и ве молам некој што знае да ми каже дали сега можам да уплатам? Или ептен касно е?
Можеш Оди кај Драгица и кажи дека сте биле дома ептен шворц и за тоа си доцнела. Дали листа на запишани предмети имаше? Ако не, мораш до крај на месецов, ако имаш, за уплаќање не е страшо. Ако пак Драгица ( што не верувам) ти рече дека е доцна, тогаш слези доле во деканат и пиши молба кај онаа старата со кратка коса. Втора канцеларија од лево. 50 ден за ТМ и толку. Ке ти одобрат одма. Бар јас коа студирав беше ок, а не верувам дека нешто е сменето. Сеа и нов продекан имате, многу повеке го фалат него.
Некој на Транспорт, механизација и логистика? Како најпривлечно ми изгледа од смеровите на машински. Мислев дека е повеќе поврзано со "Транспорт и шпедиција" од средно ама слабо. Искуства, има ли многу математика, што се изучува поточно?
chrome-extension://ecnphlgnajanjnkcmbpancdjoidceilk/content/web/viewer.html?file=http%3A%2F%2Fwww.mf.edu.mk%2Fsites%2Fdefault%2Ffiles%2FTML_1sem_Matematika1.pdf chrome-extension://ecnphlgnajanjnkcmbpancdjoidceilk/content/web/viewer.html?file=http%3A%2F%2Fwww.mf.edu.mk%2Fsites%2Fdefault%2Ffiles%2FTML_2sem_Matematika2.pdf Прилично лесен и интересен смер. Работа се најдува. Ако ти оди математика и физика запиши се, ако не не си го губи времето.
На факс даваат инфотматор со сите смерови објаснети и предметите кои се учат во секој од смеровите. А и страната на машински е отворена за сите, па може да се види целата програма.
Кој смерна машински е попросперитетен? Се мислам меѓу индустриски дизај и менаџмент, енергетика и екологија и термичко инжињерство..
Јас ќе одам на индустриски дизајн, а како втор избор во електронската пријава го ставив индустриско инженерство и менаџмент. За тоа кој е попросперитетен не знам, нека каже некоја поискусна феминка што студира на факултетов.
Се двоумам помеѓу автоматика и транспорт механизација и логистика. Дали во вториот смер го има опфатено тоа што и во првиот? Бидејќи повеќе ме влечи поправката на моторни возила ама сепак сакам да имам повеќе отворени опции за работа. И што ќе ми кажете повеќе за ТМЛ искуство?
Zdravo,ovaa godina zavrsiv sredno obrazovanie,sakam da se zapisam na masinski fakultet no vonredno dali znaete kako ide toa kolku se plakja i dali e potesko taka poso mi imaat kazano deka e tezok faks no mene ne bi mi bilo bidejki nemam problem so ucenjeto