Може ли некој да ми каже мислење за смерот индустриски дизајн на машински? Поточно ме интересира што поточно се изучува и после факултетот кои се шансите за да најдеш работа по таа струка тука кај нас?
другарка се мислеше помеѓу мехатроника и дизајн, одбра дизајн бидејќи и изгледаше полесен, но и не излезе баш полесно бидејќи не можат ни многу да се споредуваат смеровите доста се различни и овој смер излезе многу напорен и обемен . имаат ептен проекти ама такви обемни семинарски прават со компјутерски модели па постери анимации дури и макети и се тоа за секој предмет различно, пр. целиот овој процес ќе треба за 2-3 предмети у семестар да го правиш што одзема многу време и бара ептен креативност што според мене не му лежи на секо и е напорној, процени дали си доволно креативна личност.Учеа ептен софтвери меѓу другото, баш дизајн на производи и нема во нашата држава, па некои се одлучувале да работат графички дизајн, некои како инженери (пример се фабрикитеван хол џонсон мети и сличнитее на нив. како дизајн инженери или па и машински инженери
Девојки, со каков просек од средно примаат на машински? Дали другарка со добар/многу добар просек би можела да е примена?
Зависи на кој смер. Некаде има поголема некаде помала заинтересираност. Кога ќе се запишува нека наведе повеќе смерови, за поголеми шанси.
Здраво, планирам да се запишам на машински, но се мислам помеѓу моторни возила и индустриски дизајн. Некој да сподели искуства, какви се професорите, мислење за смерот, а може и предлог некој друг смер. Ме интересира 3д моделирање и работа во CAD, математика сум одличен но физика послабо. Ви благодарам за одговорите.
Некој што знае овде, програмирање ПЛК, конкретно во Ladder diagram, siemens s7-1200, ако може да ме исконтактира овде во ДМ, сакам да се исконсултирам за еден краток проект.
Се надевам не доцнам многу со одговорот Дипломирав на смерот моторни возила, па доколку сакаш нешто конкретно околу некој предмет, професор слободно можеш да ми пишеш. Накратко првата и втората година се речиси за сите исти т.е се поминуваат задолжителни предмети како математики, јакост на метеријали, статика, машински материјали, конструирање итн. Притоа професорите се различни што е исто така битно бидејќи за ист предмет кај некого ќе се изнамачиш додека кај некого полесно ќе поминеш.Третата и четвртата веќе се слушаат предмети зависно од насоката која ќе ја одбереш. Што се однесува до AutoCad ќе се сретнеш уште во прва и втора едноставно сите го изучуваат тоа. Во прва година преку инженерска графика, во првиот колоквиум е 2D приказ додека во вториот 3D приказ на одреден дел. Втора година преку конструирање тука најчесто се конструира модел кој ќе го избере професорката, а за моторни возила тоа најчесто е велосипед. Бидејќи те интересира моделирање кај возила во четирите години ќе се сретнеш со AutoCad, SolidWorks (najmnogu), AdamsCar, Matlab, SUMO и секако за ова се изработуваат проекти, но повеќе е како еден дел од предметот. Конструирањето е интересно, но не е само тоа. Додека кај дизајн од тоа што сум запознаена од колеги се среќаваат со речиси се од горенаведеното но таму тоа е токму дизајнирање. Доколку ги погледнеш предметите ќе сфатиш за што зборувам (на насоката се учи дизајнирање) предметите без разлика дали е учење теорија или моделирање се е насочено кон дизајн. Како што видов овде има членови кои подетално ќе ти помогнат за оваа насока. За нешто подетално те молам пиши ми да не бидам овде премногу долга.
Сакам да се запишам на моторни возила, па ме интересира генерално какви се професорите, дали е толку тешко како што кажуваат, на што да обрнам најмногу внимание, дали ќе можам да се вработам после дипломирањето со овој смер и дали ако континуирано учам ќе го завршам факултетот за максимум 5 години?
Со учење може да се заврши и за 4 години, доколку не заглавиш во прва или втора и со тоа презапишеш доста предмети поради кои подоцна нема да можеш да запишеш друг ( некои предмети се услов за да се запишат други). Дали можеш да се вработиш - да, но дали баш за тоа што си го завршил не сум баш сигурна. Кај нас најблизу до возила е да се вработиш во некој од овластените сервиси, но од колеги кои дипломирале ретко кој работи нешто баш поврзано со возила. Дали е тешко- за тоа би кажала зависи од тебе, но дека е потешко од одредени насоки секако дека е бидејќи сме во група каде се малку построги професори( зборувам за прва и втора година). Доколку успееш првите две години да ги поминеш без да презапишеш нешто тогаш реално би требало понатаму да ти биде полесно и да го завршиш и за 4 години. Во трета и четврта година професорите на мв се супер секако секој има различен начин предавање, оценување итн.. но речиси секој се труди она што ќе се предава да биде јасно, а не само да се претрча по материјалот. Покрај теоријата има и задачи, цртежи се применуваат неколку програми. Во однос на достапност за консултации се окк кога ќе стигнеш до таму ќе знаеш кој најмногу е достапен за студентите ( иако сите се окк). Како и кај сите факултети и овде има неправди со кои ќе се сретнеш, но не треба да дозволиш да влијаат на твоето студирање - гледај за себе. Доколку се работи за конкретни професори или предмети слободно можеш да ми пишеш да не раскажувам толку детално овде.
Nekoj na smer transport mehanizacija i logistika. Iskustva od nekoj sho diplomiral, studiral, studira.
На машински и во зградата кај што е tinex market на овие две места имаш книги,скрипти ... а спроти драмски има уште една за принтање, копирање ама нз дали имаат некаква литература.
Колку е плата на почетник машински инженер? И дали можам да работам со уверение за положени испити? Испитнава уште 2-3 имам за положување, дали морам да ги завршам за да се вработам или можам уште сега да побарам работа со тоа уверение?
Каде можам да видам која група или паралелка сум бидејќи на распоредот за часови не можам да се снајдам?