1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машка психологија!

Дискусија во 'Сингл' започната од stojanovskata, 30 ноември 2013.

  1. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Па вака....се прасувам како размислуваат маските кога фаќаат девојка односно кога некоја ќе им падне у очи.Све прават за нејзе?Односно ќе им се присвиѓа некоја и што прават?како размислуваат? :lol: знам дека е малце глупо тинјџерско прашање али сакам да ја осознаам машкава психологија по ова прашање.Додека од женска страна се знае што ќе направи едно женско,ќе проба да му даде до знаеење дека и се свиѓа али и ретко која би го направила првиот чекор.Па ако би се нашло некое машко кое би одговорило супер :D
    П.С. ако има ваква тема-кантаа!
     
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Абе кажи си има дечко таму што те мерка и сакаш да знаеш што мисли за тебе

    Машка психологија.... не сакаш да знаеш што е машката психологија , или пак што мисли мажот кога ќе му падне во очи некоја ...

    Иди во понеделник и кажи му да искочите на едно кафенце на плоштад и готово.
     
    На Bokchee, Gioia, stojanovskata и 2 други им се допаѓа ова.
  3. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    значи зашо да нејкам да знам.....сакаам место за секој да прашувам шо мисли како мисли-глупости...болје ти кажи ми психологија а не вака :D ех да беше толку лесно за кафенце абе супер ќе беше :rofl:
     
  4. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Зависи, при посматрање на себеси и својот тек на мисли дојдов до заклучок дека во ваква ситуација реагирам на два различни начини и тоа како последица на дотичната девојка.

    Уште при првиот наш контакт, првата размена на зборови, јас потсвесно оформувам слика за девојката и неволно одлучувам дали девојката ме привлекува строго сексуално или пак покрај нечистите мисли, има и желба да ја држам за рака и да ме рани чоколадо.

    Доколку е првиот случај, тогаш реагирам брзо и пробувам уште вечерта да направам нешто за да ескалира ситуацијата. Ако не истата вечер, тогаш во блиска иднина. Нормално тука не споделувам никакви приватни подробности и врската ја одржувам на едно површно ниво. Генерално, рачунам дека немам што да загубам, циљам со артилерија за крупен дивеч и не губам сон поради целата ситуација.

    Проблемите ги среќавам кога се работи за вториот случај, кога девојката ја гледам со поинакви очи и на сексуални односи со неа помислувам дури после одреден период од средбата. Во овие околности се чувствувам доста ранлив па затоа превземам предострожни мерки. Првата е држење на дистанца првите неколку дена, додека згасне почетната жар. Ова го правам чисто за да не се изглупирам и паднам под влијание на очајните филмови од холивудска продукција. После одреден период (недела дена рецимо), кај мене веќе ја нема таа приврзаност кон девојката и дејствувам помудро и трезвено. Топката е спуштена и веќе немам толкави грижи околу тоа дали ќе излезе се како што треба и слично па се се одвива спонтано.

    Ова е онака краток осврт на мојот мисловен процес при даденава ситуација, ако те интересира нешто плус тука сме.


    Редактирано: Само што увидов дека си мала - само 14 години. Најубаво ќе биде да го испринташ ова, да го ставиш во плико на кое ќе напишеш:"Отвори на 19". Не си ја мачи душичката уште од сега, уживај.
     
    На ku4ence, FotoLina3, glosipgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  5. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Без навреда, мислам дека моментално, тебе лично те интересира детска психологија.. На твои години јас не ни знаев да го кажам зборов психологија, ех што ти прави интернет и модерни времиња..
    Уживај во тинејџерството, не се замарај се теорија, одржувај ладна глава и не замислувај колку убава свадба ќе имаш со симпатијата и како ќе ви се викаат децата..
    За некои 6-7 години од погледот ќе му знаеш што сака и како размислува, и ќе се каеш што воопшто си се интересирала :)
    Уживај дур можеш :*
     
  6. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Абе машките ти се исто толку чудни како нас.. Ке трча по тебе, планини ке урива и ѕвезди ке ти симиња дури да те фати. Е откоа ке те фати не треба да дозволиш да те гледа како сигурна територија.

    Никако, ама баш никако не му оди по газот за се' и сешто. Нормално сеа да не излезе и да му се контриш за се'. Некоја златна средина пронајди, биди си своја и што е најважно имај живот и настрана од него. Не се ограничувај во никој случај, во смисла си фатив дечко кој многу ме сака и друштво настрана не ми треба. Нека осети дека му требаш, но нека знае и дека можеш без него. Многу повеќе ќе те цени.

    А и зависи како ке се поставиш на почеток, ако одма рипнуваш в тавче се знае за што ке те "ловат", поставувај се баш пријателски на почеток. Со тоа му даваш до знаење "убаво ми е со тебе, ама ке треба да се потрудиш околу мене". Биди си весела и дружељубива, но во никој случај лесен плен. ;)

    Чисто некој совет од мене. :)
     
    На buba4e89, kiki101 и stojanovskata им се допаѓа ова.
  7. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Сигурно сите не размислуваат исто. Секој е различен, :)
     
    На stojanovskata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Ехее фала фала морма да казам дека супернице многу ми ја просветли ситуацијава.А во врска со годините оваа генерација тоа што се правело на 20 сеа се прави на 14 односно прва средно де.Никако сериозна врска туку нешто измегју ништо(муваатор) и прав дечко :D .До јасБиа незнам мозеби ние сме нешто понапредни..али дефинитвно знаеме многу повекје од другите генерации на наши години а со тоа тоа доаѓа и секое како и зошто нели? во скеој случав фалаа :*
    п.с. што разбрав? ладна глава,нетрчај по никој,не му дозволувај се,противрели му се али со мера,имај свое јас,пушти водича и ќе дојде сам и то :D :$
     
  9. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    колку повеќе мислите дека сте понапредни толку сте всушност по глупави.
    не сте воопшто ни по напредни ни по паметни и не се залетувајте со тоа што порано се правело на 20 сеа на 14 години. Не се теши со тоа.
    Виде што му се случи на девојчето што забегувало по дечко и невеста бегалка салкала да биде. хаха малце црн хумур де.
    инаку гледам и во другите теми си активна со сосема контрастни прашања, претпоставувам лечиш комплекси.
    Не би коментирала повеќе :D
     
  10. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121

    а? :D во кој смисол лечам комплекси?
    голем број од мислењата ми се напишани општо а не за конкретен проблем....
    и да не ме сватите погрешно д аиспадне дека подржавам девојчиња што се скинати на 14 па во тоа била понапредна...никако..мислев понапредна во смисла ја на пример форумов многу ми помогнал и све што сакам можам да најдам тука па и за тоа....и да не направам глупост..на тоа мислев ако се разбираме
     
  11. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Јас мислм дека нема некоја огромна разлика во заљубеност кај машко и женско.
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.680
    Пол:
    Женски
    Вечином од машката психологија зборам сега за машки до 20-21 година се своди на тоа како да легнат девојче?значи првин оние маалски фори за лапање као нешто он те сака се би направил за тебе ово оно.Симињање ѕвезди дур не те легне ее после.Или ќе те шутне одма или ќе си му џокер кога другите ,,љубени” нема да можат.Машката психологија лесно се учи, секое машко е навидум исто на предходното оди разбери ја женската психологија:devil:
     
    На honey.11 и Milobebence им се допаѓа ова.